НХЛ планира продолжение на сезоната

0

НХЛ лигата планира продолжување на сезоната на крајот на летото. Според најавите од САД се очекува лигата да продолжи со мечеви без присуство на публика.

Раководството на лигата треба да се собере за да разговара за опциите за обновување на сезоната. Постојат неколку проблеми со продолжување средбите. Прво останаа повеќе од три недели за натпревари во редовна сезона, а на играчите им беше дозволено да се вратат дома, вклучително и надвор од САД.

Враќањето за нив може да биде сериозен проблем, поради откажаниот авиосообраќај низ целиот свет. НХЛ побара од екипите да ги подготват своите арени за летните месеци, кога генерално сезоната е прекината.

Share.

Leave A Reply