Нашиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, очекува добра партија на утрешниот меч со Белгија во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2026 година. „Имав добра сезона и добра минутажа. Сите знаеме дека Белгија е фаворит но, ние треба да се претставиме во добро светло бидејќи играме за Македонија“ – рече Чурлинов. „Треба да ги исполниме задачите на теренот, добро се подготвуваме, тоа ќе се види и на теренот“ – нагласи нашиот репрезентативец пред утрешниот меч во Скопје.
Author: dino
Првите луѓе на Интер веројатно ќе направат напори да го вратат Расмус Хојлунд во Серија „А“. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е меѓу главните трансфер цели на „нероаѕурите“. Тој во 2023 година ја напушти Аталанта и замина на „Олд Трафорд“. Според одредени наводи, луѓето од Милано се подготвени да испратат понуда од околу 40 милиони евра за неговиот потпис.
Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кијелини, е назначен за директор за фудбалска стратегија на клубот. Тој од септември во 2024 година е задолжен за меѓународните контакти и скаутингот во Јувентус. Киелини играше за клубот од Торино од 2005 до 2022 година и освои 20 трофеи од кои девет во Серија А.
Екипата на Челзи потврди дека го ангажирала фудбалерот од средниот ред на Спортинг Дарио Есуго. 20-годишниот Португалец во изминатата сезона играше како позајмен за шпанскиот Лас Палмас. Тој на 27 натпревари постигна 1 гол. Есуго во 2012 година го сруши рекордот на Луис Фиго и стана најмлад фудбалер кој започнал како стартер за екипата од Лисабон.
Манчестер Јунајтед ќе започне преговори за потпишување на Брајан Мбемо од Брентфорд, тврдат медиумите во Англија. 25-годишниот камерунски репрезентативец веројатно ќе им се придружи на „црвените ѓаволи“ иако за неговите услуги се заинтересирани и Арсенал, Њукасл и Тотенхем. Одличниот напаѓач во последната сезона во Премиер-конкуренцијата постигна 20 гола. Јунајтед за неговиот потпис ќе треба да плати од 50 до 60 милиони фунти.
Меѓународната федерација за хокеј на мраз ги одобри составите на групите за машките и женските турнири на Олимписките игри во 2026 година. Претседателот на Федерацијата, Лук Тардиф, претходно најави дека на Русија нема да ѝ биде дозволено учество на Олимпијадата. Во машкиот дел за медали ќе се борат Канада, Швајцарија, Чешка, Франција, Финска, Шведска, Словачка, САД, Германија, Летонија и Данска. Женскиот турнир ќе има две групи во кои ќе бидат: Канада, САД, Финска, Швајцарија, Јапонија, Шведска, Германија, Италија и Франција.
Остин Ејнџ е новиот претседател на кошаркарските операции на Јута Џез. Тој 14 години беше дел од раководството на Бостон а во последните шест беше помошник генерален менаџер. Ќе потсетиме дека неговиот татко Дени, имаше успешна кариера како НБА играч и освои две титули со тимот на Бостон во осумедесетите. Остин пак, никогаш не влезе во професионалните води. Тој играше само во колеџ-лигата на САД.
Ракометарите на Вардар го добија пенал-рулетот со Алкалоид и влегоа во финалето на Купот на Македонија. Во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, гледавме крајно изедначен и драмтичен меч до самиот финиш кој заврши нерешено 28:28 по што се изведуваа удари од седум метри. Тогаш „црвено-црните“ се покажаа како подобри реализатори и продолжија во големото финале. Кој ќе им биде противник, ќе дознаеме доцна вечер по средбата меѓу Еурофарм Пелистер и домаќинот на завршниот Ф4 турнир, екипата на Охрид.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија У 21 одигра без голови со Косово и во вториот пријателски меч кој денеска беше реализиран на тренинг центарот на ФФМ. Со тој резултат заврши и претходниот меч во Приштина. Селекторот, Горан Станиќ, вели дека акцент бил ставен на дефанзивата а допрва ќе се размислува на офанзивниот пристап. „Ќе сумирам за почеток, два собира. Тој во Анталија и овој сега на кој главен акцент беше ставен на дефанзивата. Тоа што го испланиравме го одработивме. Задоволен сум“ – рече Станиќ. „На наредниот собир во септември ќе бидеме посветени исклучиво на офанзивата. Имаме проблем со реализација и…
Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Оскар Пјастри ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија. Второто место во квалификациите му припадна на неговиот колега од Мекларен, Ландо Норис а третото на Макс Верстапен иако имаше идентичен резултат со Џорџ Расел. Холанѓанецот доби предност бидејќи прв го постави времето. Во топ десет утре на стартот ќе бидат и Луис Хамилтон (Ферари), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алпин), Исак Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
