Author: dino

Јорданчо Давитков ќе остане на селекторската позиција откако челниците на мак-кошарката решија подготовките за новите квалификации да траат само две недели а не 40-тина денови како што беше претходно објавено. Давитков имаше проблем со неговиот клуб Ал Кадсија за да одговори на барањето за 40-дневни подготовки па дури и најави негово заминување од репрезентацијата. Сега како што стојат работите, тој сепак ќе ги води нашите играчи на дуелите со Косово (13)  и Романија (16 спетември). „Во консултација со новиот правилник на ФИБА и должноста на клубовите да ги ослободат за репрезентативни обврски 72 часа пред почетокот на претквалификациите, раководството на…

Read More

Британецот, Луис Хамилтон, со вчерашната победа на патеката во Унгарија во Формула 1, направи  предност од 24 бодови во однос на Себастија Фетел на челната позиција во рангирањето кај возачите. Тој веднаш по трката реализирана на патеката – „Хунгароринг“, изјави, дека сите во екипата на Мерцедес мора да бидат задоволни. „Знаевме дека болидите на Ферари ќе бидат многу брзи на патеката  во Унгарија. На крајот сепак освоивме бодиви кои не ги очекувавме. Тоа е бонус за нас“ – вели Хамилтон кој се осврна на последните неколку трки. „Мислам дека имавме неколку добри возења и затоа успеавме да победиме. Мора да…

Read More

Младиот фудбалер на аргентинската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, во новата сезона во Англија ќе ги брани боите на Вулверхемптон, објавија медиумите на островот. Според нив, трансферната сума е околу 30 милиони евра иако двата клуба не објавија прецизни детали. 28-годишниот репрезентативец на „гаучосите“ во месец март го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 2021 година што значи дека сега е испратен на позајмица. Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во новиот премиерлигаш кој пак, најави дека има големи амбиции. Популарните „волци“ во меѓувреме ги ангажираа и Мутињо и Руис Патрисио. Се претспоставува дека тимот од „Олд Трафорд“ парите…

Read More

Алжирскиот  фудбалер, Ријад Марез, кој во текот на летово го напушти Лестер и се пресели во редовите на шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити, имаше пех да се повреди на пријателскиот натпревар со Баерн Минхен. Според најавите, голгетерот на „граѓаните“ ќе го пропушти мечот со Челзи предвиден во рамките на Комјунити Шилд. Тој веднаш беше испратен во Англија а лекарските прегледи ќе покажат колку ќе мора да одмора и дали ќе го пропушти стартот на новата сезона. Неговиот тим првиот меч во Премиер конкуренцијата ќе го одигра на 12 август на теренот на Арсенал. Марез неодамна ги напушти „лисиците“ и…

Read More

Интернационалецот од Костарика на голот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, вели дека не се грижи за неговата иднина на „Сантијаго Бернабе“ иако во континуитет се појавуваат гласини дека „кралевите“ ќе купат нов фудбалер на неговата позиција. Според извори блиски до шпанскиот тим, челниците на Реал планираат да го ангажираат, Тибо Куртоа од Челзи, кој според многумина е еден од најдобрите чувари на мрежата.Тоа сепак не влијае на мотивацијата на Навас кој од денеска му се приклучи на тимот на подоготвките во САД. „Имам уште две години од договорот. Ќе се борам за место во тимот ” – изјави 31-годишниот голман…

Read More

Нашиот тенисер,  Калин Ивановски, го освои третото место на  Европскиот шампионат за играчи до 14 години кој се реализира во Мост во Чешка. Тој загуби во 1/2 финалето од 4 носител,  Милик Полчијак со 2-0 по сетови на двапати со 6-1. Ивановски на патот до бронзата успеа да ги победи:  Ерик Аритинуан, Микаил Гороков, Бранко Ѓуриќ и Лука ван Еш.

Read More

Тренерот, Ернесто Валверде, признава дека Барселона мора да обезбеди барем едно атрактивно засилување за средниот ред. Менаџерот на гигантот од Каталонија остава простор дека ќе се обиде да ја засили линијата за врска во средината на теренот. Според најавите, фудбалерот на ПСЖ, Адријан Рабио е еден од играчите кој може да дојде на „Камп Ноу“. Во истиот контекст се споменува и името на Миралем Пјаниќ од Рома. „Има реални шанси да купиме фудбалер до крајот на преодниот рок. Откако Иниеста и паулињо си заминаа, мораме да најдеме соодветни замени“ – потенцираше Валверде.

Read More

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, најверојатно нема да обезбеди атрактивно засилување во текот на летово. Заминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве наметна дилема дали првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе најде негова замена. Иако се споменуваше во пореден план,играчот на Челзи, Еден  Азар, најверојатно репрезентативецот на Белгија нема да  заигра на „Сантијаго Бернабе“. Според денешното издание на весникот, „АС“, новиот тренер на Реал Мадрид, Лопетеги, сака максимално да ги искористи квалитетите на Иско и на Асенсио и затоа нема да бара нов играч.

Read More

Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, му донесе одлична заработка на легендарниот италијански возач во „Moto GP“, Валентино Роси. Компанијата „VR46“  која е во сопственост на Роси, има задача да ги изработува сите навивачки реквизити на Јувентус кои подоцна можат да се купат од клубот од Торино. Јувентус за само 24 часа од доаѓањето на Португалецот продаде повеќе од половина милион дресови со бројот седум. Цената на еден дрес изнесува 105 евра што значи дека торинскиот клуб за само 24 часа заработи неверојатни 54 милиони евра.

Read More

Така наречениот принц на Рим, Франческо Тоти, кој се прости со активно играње на фудбал, вели дека неговата „десетка“ во Рома може да ја добие само легендата на Барселона, Лео Меси. Откако фудбалерот на „волчицата“ замина во пензија, клубот од Италија се определи да го повлече неговиот дрес со бројот десет. „Не сакав да се повлече „десетката“, затоа што многу деца сонуваат да го облечат токму тој дрес на Рома. Ќе видиме кога ќе се појави некој нов Тоти. Кога Меси би дошол во Рим, тогаш би му ја дал „десетката“ и тоа лично на аеродром“ – изјави Тоти. Поранешниот…

Read More