Author: dino

Фудбалерите на Шкендија и на Пелистер ќе го одиграат финалниот меч од Купот на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица во вечерен термин. Тетовци откако ја обезбедија титулата во шампионатот сега ќе се обидат да дојдат до двојната круна. „Црвено-црните“ во финалето ќе ја имаат улогата на фаворити додека Битолчани пак, ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен во претходната сезона. Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе започне во 20.00 часот.

Read More

Андре де Грас од Канада кој освои три медали во спринтерските трки на ЛОИ во Рио во 2016 година, ќе се соочи со светскиот рекордер и воедно светски шамппион на 60 метри, Кристијан Колман (САД) на Дијамантската лига во Лондон во месец јули. Де Грас се појави на големата сцена во 2015 година кога освои бронзени медали на 100 метри и во штафетата 4 по 100 метри на Светското првенство во Пекинг. Канаѓанецот една гиодина подоцна имаше одлично деби на Олимписките игри кога стигна до бронза на 100 метри, сребро на 200 метри и повторно бронза во штафетата со што…

Read More

Антонио Касано, една од легендите на италијанскиот фудбал, изјави, дека ќе ги стиска палците и ќе навива од се срце за Рома на денешниот меч со Ливерпул во полу-финалето на Лигата на шампионите. Тој настапуваше за „римската волчица“ од 2001 до 2006 година. Римјаните денеска од 20.45 часот ќе се појават на „Енфилд Роуд“ и ќе се обидат да извлечат поволен резултат за реваншот кој е закажан за една недела на „Олимпико“ во Рим. „Јас ќе навивам за Рома. Се надевам дека ќе ја освои Лигата на шампионите. Ќе биде тешко против Ливерпул. Бев на мечот со Барселона и бев…

Read More

Раководството на шпанскиот елитен состав, Атлетик Билбао, има намера да го врати напаѓачот, Фернандо Љоренте, објави – „Мирор“. 33-годишниот фудбалер кој е закован на клупата за резерви во Тотенхем, започна како стартер во само 3 од вкупно 22-два кој ги одигра неговиот тим во тековнава сезона. Љоренте е клупска легенда за тимот од Билбао бидејќи ја започна кариерата на „Сан Мамеш” и за 8 години во првиот состав одигра 327 натпревари во кои постигна 111 гола. Поранешниот шпански репрезентативец ги напушти Баскијците во 2013 година откако одби да потпише нов договор.

Read More

Поранешниот селектор на  фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го обвини таткото на голманот, Тибо Куртоа за протекување на тајни поврзани со тимот. Тој откри пред белгиските медиуми дека одредени новинари му рекле дека Тиери Куртоа, таткото на репрезентативецот Тибо Куртоа, ги продал информациите на печатот во врска со составот на Белгија на Европското првенство пред две години. Вилмотс, кој беше отпуштен по турнирот, изјави, дека го соопштил составот за натпреварот во 18.00 часот и 15 минути а подоцна го видел објавен и на социјалните мрежи. „Тоа значи дека некој играч го открил составот а тоа е сериозно прекршување на…

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Дани Алвеш, признава дека уште утре би се вратил на „Камп Ноу“ иако пред две сезони  си замина од таму незадоволен од третманот што го доби додека беше повреден. Неговото заминување во Торино изненади многумина имајќи в предвид дека Бразилецот е еден од најтрофејните во шпанскиот состав. Тој во дресот на Каталонците помина осум години и се израдува на 23 трофеји. „Барселона е мојот дом и невозможно е да кажам дека не би се вратил. На крајот не сакав да кажам збогум, бидејќи тој клуб ќе биде мојот вечен дом“ – изјави дефанзивниот фудбалер.

Read More

Пет фудбалери на Хајдук биле нападнати од нивните симпатизери од навивачката група „Торцида“ додека се шетале во центарот на градот. Хрватските медиуми информираат дека инцидентот се случил во близина на седиштето на навивачката група. Се претпоставува дека фановите на сплитскиот тим биле незадоволни од играта и прикажаните партии и затоа влегле прво во вербална а потоа и во физичка пресметка со фудбалерите. Медиумите наведуваат дека во инцидентот најмногу настрадал интернационалецот од Унгарија, Марко Футач, кој бил удрен во главата и имал видливи повреди околу окото.

Read More

Создаден за сите со поинакво секојдневие, CАТ S31 е модел кој ќе ги совлада екстремните временски предизвици и нема да ве изневери, каде и да сте! Издржлив Издржлив на тест на бетонски пад, од импресивна висина од 1,8м, овој модел совршено се вклопува во секојдневието на оние со динамично темпо. Издржливоста на батеријата со капацитет од 4000mAh и простор за зачувување на податоци до 128GB гарантира непречено одвивање на работата, особено за теренски работи кои се временски непредвидливи и надвор од контролирана средина. Сертифициран со највисоките стандарди за издржливост, MIL SPEC 810G и IP68, овој модел е отпорен на вода…

Read More

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не си прави илузии и призна дека австралискиот возач, Даниел Рикардо, ќе остане и во наредните сезони само под услов да добие конкурентен болид за да може да се бори за титулата. За сега, Мерцедес и Ферари, се главните претенденти за победничкиот пехар додека Рикардо ќе има тешка битка да ја издржи трка за првото место. Од таа причина, 28-годишниот Рикардо ја одложува одлуката дали ќе потпише нов договор со што  и понатаму ги држи шефовите во Ред Бул во неизвесност. „Според мене, Даниел е среќен во Ред Бул. Ние сме неговото семејство години…

Read More

Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата, Марија Шарапова, пред настапот на турнирот во Штудгарт изјави, дека не е во посакуваната форма и дека и треба поголем период да се врати на победничките патеки. „Сега немам толку самодоверба во мојата сила како што беше некогаш. Самодовербата е многу значајна не само во тенисот туку во сите сегменти од животот“ изјави Русинката која во моменто го има 41. место на ВТА. Познато е дека Шарапова мораше да издржи казна од 15 месеци откако беше позитивна на допинг тест. Атрактивната тенисерка има 36 трофеи од различни турнири.

Read More