Author: dino

Голманот на германската репрезентација, Мануел Ноjер, кој во изминатиот септември ја скрши ногата, денеска конечно се појави на тренинг на Баерн Минхен. Тоа се случи пред утрешниот дуел со Хановер во Бундеслигата. „Ние сме исклучително задоволни од неговата здравствена состојба. Сеуште е премногу рано да се зборува за неговото враќање на теренот” – изјави тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес. Бундеслигата ќе заврши за околу три недели а луѓето од Баерн веруваат дека Ноер ќе може да заигра по 5 мај. Во меѓувреме селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, изјави дека е оптимист во врска со учеството на голманот на…

Read More

Специјална Олимпијада Македонија со фудбласки тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“ ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир „7-a-side“кој ќе се одржи во Ст. Петерсбург , Русија во периодот од 22. до 27. април. Фудбалската федерација на Македонија е еден од поддржувачите на атлетите од Специјална Олимијада Македонија.На турнирот ќе учествуваат 16 тимови од 12 земји, меѓу кои: Русија, Швајцарија, Казахстан, Црна Гора, Хрватска, Литванија, Летонија, Узбекистан, Словачка, Фарски острови, Белорусија  и Македонија. „Од срце би сакал да ви се заблагодарам затоа што лесно ги препознавме нашите визии, вие сте квалитетни луѓе, знам колку…

Read More

Шампионот на „UFC“ во категоријата – пердув, Макс Халовеј најверојатно на 7 јули ќе ја брани титулата против официјалниот предизвикувач, Брајан Ортега. Тоа ќе се случи за време на таканаречената недела на „UFC“ која традиционално се одржува во првата недела од јули во Лас Вегас. Организаторот на настанот планира борбата меѓу Халовеј и Ортега да биде веднаш по големиот спектакл меѓу двајца врвни шампиони. Станува збор за ѕвездата во тешка категорија, Стипе Миочиќ кој ќе се соочи со носителот на појасот во полу-тешка категорија , Даниел Кормие. Ќе потсетиме дека во еден период Халовеј имаше проблеми со килажата и дека…

Read More

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Флорен Малуда, ќе мора да ја одлежи казната поради настапот за селекцијата на Француска Гвајана на турнирот „Златен куп“ во летото во 2017 година. Арбитражниот суд  во Лозана ја одби жалбата на 37-годишниот Малуда кој настапи на мечот меѓу Гвајана и Хондурас одигран на 11 јули во 2017 година во Хјустон, Тексас иако немал право да игра бидејќи претходно ги бранеше боите на Франција. Малуда на 80 натпревари за „триколорите“ постигна 9 голови. Црномурестиот играч е роден на 13 јуни 1980 година во Кајен, Француска Гвајана.

Read More

Трката на 800 метри кај жените на Дијамантската лига во Јуџин на 26 мај ќе биде максимално атрактивна бидејќи ќе ги собере речиси сите познати атлетичарки кои имаат забележителни резултати  во таа дисциплина. Најголемата ѕвезда ќе биде Кастер Семења –двократната олимписка и трикратнатас светска шампионка. 27-годишната атлетичарката од Јужна Африка има серија од 22 последователни победи која започна во 2015 година. Семења е двократен добитник на дијамантскиот трофеј во трката на 800 метри. Таа претходно во текот на месецов ги освои златните медали на 800 и 1500 метри на Игрите на Комонвелтот во Голд Кост. Во Јуџин ќе стартува и…

Read More

Тренерот, на фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, Дитер Хекинг, ќе ја води екипата и во наредната сезона во елитната Бундеслига. „Тој ќе го исполни договорот до летото во 2019 година. Нема причина да направи нешто друго” – изјави менаџерот на клубот, Макс Еберл. Медиумите во Германија во последниве недели напишаа дека специјалистот може да ја напушти Борусија по крајот на сезоната.г. Тимот на Менхенгладбах е на осмото место во германското првенство и има шанса да се квалификува за Лига Европа.

Read More

Синиша Михајловиќ е главен фаворит да го замени Роберто Манчини на клупата на Зенит откако Италијанецот најверојатно ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Италија. Михајловиќ е слободен откако беше отпуштен од Торино во јануари. Претходно, Србинот беше тренер на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан. Во периодот 2012-2013 година,  беше на чело на српскиот национален тим а неговата тренерска кариера започна како помошник токму на Манчини во Интер. И двајцата беа соиграчи во Сампдорија и Лацио во 1990-тите. Познато е дека Манчини отпатува за Рим пред две недели за да преговара со челниците на Италијанската федерација. Новиот тренер…

Read More

Ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, во ексклузивно интервју за официјалниот сајт на „UEFA“ ја опиша Лигата на Шампионите како сон за секое младо момче кое игра фудбал. „Волчицата“ во полуфиналната фаза  ќе излезе на мегдан со Ливерпул за место во финалето во Киев. „Лигата на Шампионите е сон на секој млад фудбалер. Тоа беше цел за која работев напорно и која ја постигнав. Ќе се обидам да победам во Лигата на Шампионите, но, таму атмосферата е поразлична. Знаеш дека ако направиш грешка, можеш да платиш“ вели Наиголан. „Можеби во нас се промени нешто бидејќи чувствувавме различна атмосфера. Не играш против…

Read More

Нашите најдобри тенисерки ја забележаа првата победа во Третата Евро-Африканска зона од Фед Купот. Тие денеска беа подобри од селекцијата на Исланд со 2-0. Во првиот меч Марија Еленовао лесно во само два сета со 6-2 и 6-1 ја победи Софија Јонасдотир. Во вториот синг дуел нашата Катарина Маринковиќ беше подобра од Ана Гронхолм исто така во два сета со 6-4 и 6-2. Македонија која по двете кола има една победа со Исланд и еден пораз од Ерменија, во текот на утрешниот ден ќе излезе на мегдна со главниот фаворит во групата селекцијата на Литванија. Литванките кои досега ги победија…

Read More

Макс Верстапен кој беше инволвиран во неколку проблематични ситуации на стартните трки во шампионатот во Формула 1, вели дека нема потреба да оди на психијатар туку ќе се обиде да направи подобри проценки. На неговото „лудо“ возење реагираа повеќе прекалени возачи во Формула 1 кои јавно истакнаа дека младиот возач на Ред Бул претставува закана за сите што се наоѓаат на патеката. По тие изјави, Верстапен беше категоричен дека нема да слуша никого освен неговиот татко и советникот во тимот, Хелмут Марко. „Треба да ги заборавам сите досегашни инциденти. Ја научив лекцијата и сега гледам напред. Нема да ја намалувам…

Read More