Author: dino

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, кој во текот на викендот бранеше на средбата со Леванте одиграна во рамките на Примера Дивизион, дојде до вкупно 154  средби во дресот на шпанскиот состав со што се израмни со Тибо Куртоа кој претходно три сезони бранеше за „јорганџиите“. Облак има примено само 92 гола во 154 натпревари (0,5 на дуел) а на 89 средби успеа да ја сочува мрежата недопрена. Репрезентативецот на Словенија сега води битка со голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, за награда – „Замора“, која му се доделува на голманот што ќе прими најмалку голови во Примера во една…

Read More

Пари Сен-Жермен откако ја обезбеди седмата титула во фудбалскиот шампионат во Франција, одлучи да пушти во продажба специјални дресови само за фановите. Тимот од „Паркот на принцовите“ во неделата на домашен терен го совлада во дербито Монако 7:1 со што си ја обезбеди титулата иако до крајот треба да се одиграат уште неколку кола. Челниците на клубот го ангажирале популарниот уличен уметник Конго чие вистинско име е Кирил Фан, кој направил нов дизајн на дресовите. Тој на задниот дел од дресот над бројката со цветни букви го напишал името на Париз а во долниот дел стои – шампион. Дресовите кои…

Read More

Алан Ширер кој остави посебен печат во англискиот и светскиот фудбал нема дилема кој треба да ја добие наградата за најдобар играч во Премиер лигата во тековнава сезона. Здружението на професионалните фудбалери од Англија (PFA) ги избра шесте кандидати за наградата. Тоа се: Лерој Сане, Кевин де Бруин, Давид Силва, Мохамед Салах, Хари Кејн и Давид Де Геа. Еден од тие фудбалери ќе го добие признанието со тоа што изборот на Ширер е токму првиот голегетер на Ливерпул, Мохамед Салах, кој во сезонава постигна 40 голови во сите конкуренции од кои 30 се во Премиер лигата. „Никој не можеше да…

Read More

Ѕвездата на Мерцедес, Луис Хамилтон, продолжува да ја напаѓа вербално младата надеж на Ред Бул, Макс Верстапен. Четирикратниот светски шампион прво го навреди Макс по нивниот судар во Бахреин а денеска го потенцираше и инцидентот што Верстапен го предизвика со Себастијан Фетел од Ферари за време на трката за Големата награда на Кина. „Навистина се плашам дека со секое доближување до Верстапен постои можност да се судриме. Во Кина видов како тој и Фетел беа со свртени болиди кон мене и едвај успеав да ги избегнам без да се удрам во нив. Макс доби десет секунди казна но, Себастијан е…

Read More

Пилотот на Макларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, нагласи дека изненадувачката победа на Даниел Рикардо на неделната Гран При трката во Кина, ќе ја искористи за сопствена мотивација. Двајцата пилоти ги користат моторите на Рено а успехот на Австралиецот од Ред Бул значи дека и Макларен има потенцијал да го достигне нивото на топ-екипи. Ќе потсетиме дека победата во Кина е прва за францускиот производител во  2018 година. Шпанецот по три трки во тековнава сезона има 22 бода и го зазема шестото место на табелата кај возачите.

Read More

Светската фудбалска федерација – ФИФА започнала истрага против Русија за наводни расистички навреди упатени кон репрезентативците на Франција од страна на руските фанови на пријателскиот меч одигран во март во Санкт Петерсбург. Медиумите во Русија наведуваат дека контролната средба која послужи како проверка за двете селекции пред стартот на летниот Мундијал токму во Русија, ќе биде под лупа на ФИФА. Светската фудбалска централа  започнала да собира докази во врска со наведните инциденти. Французите на мечот во Санкт Петерсбург победија како гости со 3 спрема 1.

Read More

Претседателот на ракометната СЕХА лига, Михајло Михајловски, по денешниот состанок во Скопје, најави промени од наредната сезона. „Сакаме секоја година да биде се поорганизирана и поквалитетна. Видовме дека на  екипите им е тешко да играат во Лигата на шампионите, СЕХА и во домашното првенство. Затоа правиме обиди да го промениме системот со што би се намалил бројот на натпревари а би се зголемил квалитетот и бројот на екипите. Наместо 20, екипите да одиграат по 14 натпревари “, изјави Михајловски. СЕХА лигата може да стартува со две групи од по шест екипи. Потоа најдобрите четири од двете групи ќе се сретнат во…

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во текот на летото има намера да го купи фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, објави денеска – „Дејли Меил“. Според наведеното, менаџерот ќе се обиде да дојде до потписот на  Алкантара кој пред неколку години ја напушти Барселона токму заради Пеп кој сакаше играчот да стане значаен дел од неговиот проект на „Алијанц арена“. Гвардиола сега бара нов играч во средниот ред како евентуална замена за Силва и Јаjа Туре кои имаат повеќе од 30 години. Шпанскиот интернационалец има постигнато 12 голови во Бундеслигата. Тиаго Алкантара има договор со Баварците до 2021 година…

Read More

Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Герет Бејл и Рафаел Варан нема да настапат за Реал Мадрид на денешното гостување кај Малага (20.45) во натпревар од редовното коло во фудбалската Примера Дивизион. Споменатите фудбалери беа дел од тимот кој неодамна го елиминираше Јувентус и си обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, свесен дека неговиот тим нема шанси да ја освои титулата во Шпанија, се определи на четворицата да им даде одмор за да бидат максимално подготвени за наредните предизвици во елитната конкуренција во Европа. Актуелниот бранител на тронот во ЛШ во 1 /2 финалето ќе…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека неговиот тим ќе одигра контролна средба со Ливерпул на 4-ти август во Даблин. Бизнисменот во интервју за – „Gazzetta dello Sport“ ја коментираше претстојната летна подготовка на тимот. Неаполитанците нема да учествуваат во организирани турнири за разлика од повеќето европски гиганти. „Ние нема да учествуваме на различни турнири. Досега имаме договорено пријателски натпревар со Ливерпул кој ќе биде одигран во Даблин на 4-ти август ” – коментира Де Лаурентис. Екипите на Интер, Милан, Јувентус и Рома, ќе учествуваат во елитниот турнир – „Чемпионс Куп” од крајот на јуни до средината…

Read More