Ѕвездата на Мерцедес, Луис Хамилтон, продолжува да ја напаѓа вербално младата надеж на Ред Бул, Макс Верстапен. Четирикратниот светски шампион прво го навреди Макс по нивниот судар во Бахреин а денеска го потенцираше и инцидентот што Верстапен го предизвика со Себастијан Фетел од Ферари за време на трката за Големата награда на Кина. „Навистина се плашам дека со секое доближување до Верстапен постои можност да се судриме. Во Кина видов како тој и Фетел беа со свртени болиди кон мене и едвај успеав да ги избегнам без да се удрам во нив. Макс доби десет секунди казна но, Себастијан е…
Author: dino
Пилотот на Макларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, нагласи дека изненадувачката победа на Даниел Рикардо на неделната Гран При трката во Кина, ќе ја искористи за сопствена мотивација. Двајцата пилоти ги користат моторите на Рено а успехот на Австралиецот од Ред Бул значи дека и Макларен има потенцијал да го достигне нивото на топ-екипи. Ќе потсетиме дека победата во Кина е прва за францускиот производител во 2018 година. Шпанецот по три трки во тековнава сезона има 22 бода и го зазема шестото место на табелата кај возачите.
Светската фудбалска федерација – ФИФА започнала истрага против Русија за наводни расистички навреди упатени кон репрезентативците на Франција од страна на руските фанови на пријателскиот меч одигран во март во Санкт Петерсбург. Медиумите во Русија наведуваат дека контролната средба која послужи како проверка за двете селекции пред стартот на летниот Мундијал токму во Русија, ќе биде под лупа на ФИФА. Светската фудбалска централа започнала да собира докази во врска со наведните инциденти. Французите на мечот во Санкт Петерсбург победија како гости со 3 спрема 1.
Претседателот на ракометната СЕХА лига, Михајло Михајловски, по денешниот состанок во Скопје, најави промени од наредната сезона. „Сакаме секоја година да биде се поорганизирана и поквалитетна. Видовме дека на екипите им е тешко да играат во Лигата на шампионите, СЕХА и во домашното првенство. Затоа правиме обиди да го промениме системот со што би се намалил бројот на натпревари а би се зголемил квалитетот и бројот на екипите. Наместо 20, екипите да одиграат по 14 натпревари “, изјави Михајловски. СЕХА лигата може да стартува со две групи од по шест екипи. Потоа најдобрите четири од двете групи ќе се сретнат во…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во текот на летото има намера да го купи фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, објави денеска – „Дејли Меил“. Според наведеното, менаџерот ќе се обиде да дојде до потписот на Алкантара кој пред неколку години ја напушти Барселона токму заради Пеп кој сакаше играчот да стане значаен дел од неговиот проект на „Алијанц арена“. Гвардиола сега бара нов играч во средниот ред како евентуална замена за Силва и Јаjа Туре кои имаат повеќе од 30 години. Шпанскиот интернационалец има постигнато 12 голови во Бундеслигата. Тиаго Алкантара има договор со Баварците до 2021 година…
Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Герет Бејл и Рафаел Варан нема да настапат за Реал Мадрид на денешното гостување кај Малага (20.45) во натпревар од редовното коло во фудбалската Примера Дивизион. Споменатите фудбалери беа дел од тимот кој неодамна го елиминираше Јувентус и си обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, свесен дека неговиот тим нема шанси да ја освои титулата во Шпанија, се определи на четворицата да им даде одмор за да бидат максимално подготвени за наредните предизвици во елитната конкуренција во Европа. Актуелниот бранител на тронот во ЛШ во 1 /2 финалето ќе…
Претседателот на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека неговиот тим ќе одигра контролна средба со Ливерпул на 4-ти август во Даблин. Бизнисменот во интервју за – „Gazzetta dello Sport“ ја коментираше претстојната летна подготовка на тимот. Неаполитанците нема да учествуваат во организирани турнири за разлика од повеќето европски гиганти. „Ние нема да учествуваме на различни турнири. Досега имаме договорено пријателски натпревар со Ливерпул кој ќе биде одигран во Даблин на 4-ти август ” – коментира Де Лаурентис. Екипите на Интер, Милан, Јувентус и Рома, ќе учествуваат во елитниот турнир – „Чемпионс Куп” од крајот на јуни до средината…
Даниел Рикардо со болидот на Ред Бул победи во денешната возбудлива трка во Формула 1 возена за ГП на Кина на патеката во Шангај. Австралиецот имаше проблеми за време на подготовките и трката ја започна од шестото место, но, одлично го искористи движењето на безбедносното возило и дојде до победата во третата сезонска трка. Возачот на Мерцедес, Валтер Ботас, водеше во поголемиот дел од трката, но, Рикардо успеа да го остави Финецот на второ место. Неговиот сонародник, Кими Раиконен од Ферари, на крајот се искачи на третото место на подиумот. Бодови уште освоија и Верстапен, Фетел, Хамилтон, Хулкенберг, Алонсо, Саинц…
Во очи на ждрепката за полуфиналето од ЛШ, од Баерн (М) и официјално го објавија наследникот на Јуп Хејнкес на кормилото на тимот следната сезона. Неговото име е Нико Ковач и тој доаѓа во Минхен од Ајнтрахт (Ф) на 1 јули оваа година. Договорот на Ковач со баварскиот гигант ќе биде за период од три години. Во моментов Хрватот е на чело на Ајнтрахт и има реална шанса да го однесе тимот до настап во европските купови. Минатата сезона Ковач успеа со Ајнтрахт да дојде и до финалето од Купот на Германија.
Светскиот шампион Луис Хамилтон оствари најдобро време во двете тренинг сесии пред трката за Големата награда на Кина во Шангај. Британецот беше побрз од Финецот Кими Раиконен на Ферари кој заврши со второ најдобро време. Трет беше уште еден Финец, Валтер Ботас, а четврти Себастијан Фетел. Макс Верстапен забележа подобрување на времето и на крајот се задоволи со петто најдобро време во Шангај денеска.