Author: riste

Предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти планира да го убеди клубот да ги стекне правата на 29-годишниот голман Кепа Аризабалага, објавуваат шпанксите медиуми. Сега голманот настапува за клубот од Мадрид како позајмен од Челзи. Оваа сезона Аризабалага веќе одигра 13 натпревари за Реал, на кои прими 10 гола. Клубот го зеде Кепа од Челзи поради повреда на главниот голман Тибо Куртоа. Актуелниот договор на Аризабалага со Челзи е до јуни 2025 година. Голманот има 13 натпревари за шпанската репрезентација, од кои два оваа година. Пред да се пресели во Челзи, тој играше за Атлетик Билбао, а пред тоа играше само за клубови од пониските шпански дивизии. На…

Read More

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја прокоментира победата на неговиот тим со 1:0 против Атлетико Мадрид, во средбата од 15. коло на Ла Лига. Тренерот на Каталонците го пофали целокупниот учинок на тимот, како и го коментираше доброто издание на најдобриот стрелец Жоао Феликс на натпреварот. „Игравме многу добро денеска и Атлетико притисна во второто полувреме. Можеби го одигравме нашиот најдобар натпревар во сезоната. Видов како работи Феликс, ја зема топката, добро ја избира позицијата, комуницира со Кансело. Гледам дека е среќен, активен, задоволен кога игра. Пред натпреварот му реков да остане смирен бидејќи дополнителната мотивација го турка уште повеќе…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, проговори за победата на Интер предводен од него против актуелниот шампион Наполи со 3:0, во средбата од 14. коло од италијанската Серија А. Според италијанскиот тренер, тимот оди во вистинска насока, но се уште не е во својата оптимална форма. „Тоа беше демонстрација на сила и тимски дух. Кога ќе дојдете во Неапол, очекувате да наидете на проблеми. Имавме специфичен план нашите бекови да играат против нивните, бидејќи колку повеќе го држите Наполи надвор од вашиот шеснаесетник, толку подобро. Имавме проблеми само кога останавме премногу длабоко во својата половина. Сигурен сум дека сега ќе пишуваат…

Read More

Вечерва во Хамбург од 18 часот ќе бидат извлечени групите за престојното ЕП кое ќе се одржи во Германија во 2024 година. Шешири за извлекување: Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, АнглијаВтор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, АвстријаТрет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, ЧешкаЧетврт шешир: Италија, Србија, Швајцарија, Победник плеј офф А, плеј офф Б и плеј офф Ц Последните учесници на ЕП ќе бидат познати по одигрувањето на плеј офф средбите од Лигата на нации Полуфинални натпревари:Патека А: Полска – Естонија и Велс – Финска Патека Б: Израел – Исланд, Босна и Херцеговина – Украина. Патека Ц: Грузија…

Read More

Првите луѓе на Ливерпул одлучиле да се откажат од обидите да потпишат договор со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Икс. Според Плетенбург, во моментов единствен европски клуб кој сериозно е заинтересиран за францускиот фудбалер е Реал Мадрид. Да потсетиме, актуелниот работен договор на Мбапе со парискиот клуб е со важност до летото следната година. Претходно во медиумите се појави информација дека Реал Мадрид ќе инсистираат 24-годишниот фудбалер да потпише договор со нив во првите месеци од 2024 година. Оваа сезона Мбапе учествуваше на 17 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и…

Read More

Раководството на Барселона е подготвено да го прекине долгорочниот деловен однос со спортскиот бренд Најк поради незадоволството од висината на приходите што каталонскиот клуб ги добива од спонзорскиот договор со американската компанија. Ова го пренесува шпанскиот „Спорт.ес“. Според изворот, соработката со Најк и овозможува на Барселона да го надополнува буџетот за 155 милиони евра секоја сезона. Сепак, раководството на Барселона смета дека оваа сума е под она што тие треба да го добиваат. Се нагласува дека каталонскиот клуб е подготвен да не ги прекинува односите со американската компанија доколку ги преиспита условите од нивниот спонзорски договор. Во моментов, брендот „New Balance“ покажува интерес да стане нов…

Read More

Италијанскиот стручњак Фабио Гросо ќе ја напушти тренесраката функција во екипата на Лион. Според информациите кои се објавени, управата на францускиот клуб донела ваква одлука поради незадоволителните резултати на тимот.  Отказот на 46-годишниот тренер ќе биде официјално објавен во следните неколку часа. В.д. тренер ќе биде назначен Пјер Сејџ, кој моментално работи во академијата на Олимпик Лион. Да потсетиме, Фабио Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година. Претходно, тој помина две години од својата играчка кариера во Лион – од 2007 до 2009 година. Откако ја заврши кариерата во 2012 година, Гросо беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, како и на…

Read More

Играчот од средниот ред на Галатасарај, Хаким Зиеш, стана третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар, пренесува „Opta Sports“.  Мароканецот двапати го погоди голот на камерунскиот голман на Манчестер Јунајтед, Андре Онана во натпреварот од 5. коло од групната фаза на турнирот, кој заврши со резултат 3:3. Зиеш ги постигна головите во 29. и 62. Минута, а во 71.минута му асистираше и на Керем Актуркоглу за уште еден гол на Галатасарај. Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо постигна два гола од слободен удар во натпреварот од Лигата на шампионите. Како дел од Реал Мадрид, тој…

Read More

Победата на Арсенал со 6:0 над Ленс беше најголемата досега за англиски тим над француски тим во европските натпреварувања. Синоќа, Арсенал на домашен терен играше со Ленс и постигнаа шест погодоци против Французите. Каи Хаверц, Габриел Жесус, Букајо Сака, Габриел Мартинели, Мартин Одегард и Жоржињо погодија на оваа средба. Благодарение на оваа победа, избраниците на Микел Артета дојдоа до 12 бода во групата Б и се пласираа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Покрај Арсенал, во плејофот од Лигата на шампионите се пласираа и Манчестер Сити, Баерн Минхен, Интер, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, РБ Лајпциг, Атлетико Мадрид, Барселона,Борусија Дортмунд, Лацио и…

Read More

Медиумите во Шпанија денес објавија информација дека талентираниот Гави е успешно опериран и наскоро се очекува да започне долгиот процес на рехабилитација. Младата ѕвезда на Барселона доживеа тешка повреда на последниот квалификациски натпревар против Грузија, а сега е веќе извесно дека паузата за него ќе биде многу долга.  Гави го напушти теренот по само 26 минути игра и беше јасно дека е сериозно повреден, а потоа беше потврдено дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти и повреда на менискусот. Ова значи дека младиот талент сигурно го пропушта остатокот од сезоната, а болката да биде поголема, нема да може да настапи…

Read More