Author: riste

Денеска ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналните и можните полуфиналните двојќи во Лигата на шампионите. Ова ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија со почеток во 12:00. Извлекувањето ќе биде целосно слободно, без ограничувања за тоа кој против кого може да биде извлечен. Првите натпревари од 1/4-финалната фаза ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите се на 18 и 19 април. Дел до денешната ждребка ќе бидат Баерн (Минхен), Бенфика, Интер, Манчестер Сити, Милано, Челзи, Наполи и бранителот на титулата Реал Мадрид.

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го коментираше испагањето на тимот од Лигата на Европа. Во реваншот од 1/8 финалето, Арсенал загуби од Спортинг во изведување пенали и го заврши учеството во ова натпреварување. „Беше многу тежок натпревар. Очигледно, тоа беше огромен удар. 75 минути не бевме на нашето ниво. Ја подарувавме секоја топка и немавме можност да ја преземеме контролата врз играта. Имаше шанси за победа во продолженијата. Не притискавме доволно добро, постојано ја подарувавме топката, а тоа доведе до отворен натпревар кој не сакавме да го играме. Треба само да се погледнеме себеси и да разбереме зошто не бевме доволно добри за да продолжиме понатаму. Честитки за Спортинг…

Read More

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го објави составот за квалификациите за УЕФА ЕП 2024 во Германија. Франција ќе игра со Холандија на 24 март, а со Ирска на 27 март. Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мик Мејнен (Милан), Брис Самба (Ленс). Одбрана : Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Весли Фофана (Челзи), Тео Ернандез (Милан), Ибрахим Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Бенжамин Павард (Баерн), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн). Среден ред: Јусуф Фофана (Монако), Адриен Рабио (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Кефрен Турам (Ница), Џордан Веретаут (Марсеј). Напад : Кингсли Коман (Баерн), Муса Диаби (Баер 04), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман…

Read More

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт го објави составот за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 со селекциите на Италија и Украина. Голмани: Џордан Пикфорд, Ник Поуп, Арон Рамсдејл. Одбрана: Бенџамин Чилвел, Ерик Даер, Марк Гехи, Рис Џејмс, Хари Мегваер, Лук Шоу, Џон Стоунс, Киран Трипиер, Кајл Вокер. Средент ред: Џад Белингем, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Џејмс Медисон, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклан Рајс. Напад: Фил Фоуден, Џек Гралиш, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Букајо Сака, Иван Тони. Репрезентацијата на Англија е во група со Македонија и во март ќе одигра два натпревари во квалификациите за ЕП 2024 година.…

Read More

Австрија ќе има Формула 1 трка барем до крајот на 2027 година, откако денеска беше објавено дека договорот на трката е продолжен за уште 4 години. Трката се врати во календарот во 2014 година на „Ред Бул Ринг“ и во последниве години трката имаше огромен успех, со рекордна публика од 303.000 луѓе минатата година. Големата награда на Австрија се покажа како една од најпопуларните трки за навивачите на Макс Верстапен, кои имаат своја трибина на патеката во Грац. Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали му оддаде почит на починатиот Дитрих Матешиц и неговите напори да ја врати Австрија во…

Read More

ПСЖ е заинтересиран да го задржи Серхио Рамос . Договорот на шпанскиот дефанзивец со парижаните истекува следното лето, а фудбалерот во рацете има понуда од американската МЛС лига. Во исто време, ПСЖ планира да упати нова понуда за соработка до Рамос, информира шпанскиот „Sport.es“. Познато е дека 36-годишниот Шпанец со својата игра во последно време го убеди раководството и стручниот штаб за да размислуваат за продолжување на соработката. Покрај тоа, Рамос почна да добива помалку повреди, што му овозможува да игра постојано. Сега парижаните не се расположени да го пуштат Серхио рамос. Договорот на 36-годишниот Рамос со ПСЖ истекува следното лето. За парижаните игра од 2021 година. Вкупно,…

Read More

Еден Азар сака да остане во Реал Мадрид и следната сезона и не е на дневен ред трансфер за него ова лето. Ова го изјави белгискиот напаѓач во интервју за телевизијата РТБФ. „Би сакал да останам овде. Отсекогаш сум сонувал за овој клуб. Чекам само едно – да бидам на теренот за да докажам дека сè уште можам да играм фудбал, иако луѓето се сомневаат, што е нормално”, изјави поранешен играч на Лил и Челзи. 32-годишниот Азар пристигна во Реал Мадрид во јуни 2019 година за 115 милиони евра, но никогаш не успеа да се наметне во тимот, делумно поради…

Read More

Францускиот фудбалер на Баерн Минхен Бенжамин Павард најверојатно ќе го продолжи договорот со клубот, ова го пренесува „Скај Спортс“. Претходно беше објавено дека 24-годишниот Павард, чиј договор со клубот од Минхен истекува во летото 2024 година, сака да се обиде во друг тим. Гласините го поврзуваа светскиот шампион од 2018 година со Манчестер Јунајтед и Барселона. Имаше информации дека претставници на Бенжамин му кажале на шпанскиот клуб дека нивниот клиент има намера да игра во нивниот тим. Сепак, според „Скај Спортс“, сега претставници на Павард се насочуваат кон опцијата за продолжување на договорот. Се најавува дека двете страни не преговарале, но Баерн е задоволен што…

Read More

Порто и Интер вечерва играат во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите на стадионот „Драгао“ од 21 часот. Интер има минимална предност од еден гол по победата со голот на Ромелу Лукаку на првиот натпревар во Милано. Домаќинот Порто беше многу успешен против италијанските тимови на европските турнири под водство на Серхио Консеисао и сигурно ќе сака да ја продолжи таа традиција. Тие веќе ги исфрлија Рома и Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2018/19 и 2020/21, а минатата сезона забележаа победа и нерешено против Милан во групната фаза пред да го елиминираат Лацио во Лигата на Европа.…

Read More

Манчестер Сити е домаќин на РБ Лајпциг на стадионот „Етихад“ во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. РБ Лајпциг го издржа притисокот од Манчестер Сити пред три недели и двата тима одиграа нерешени 1:1 на Ред Бул Арената, оставајќи неизвесност за реваншот. Риад Марез погоди за Манчестер Сити (27 минута), а Јошко Гвардиол го израмни резултатот (70 минута). „Граѓаните“ целосно доминираа во првото полувреме и на пауза заминаа со близу 75% посед на топка и седум удари кон противничкиот гол, а потоа домашните излегоа целосно мотивирани и може само да жалат што не постигнаа целосен пресврт. Изминатиот викенд,…

Read More