Author: riste

Барселона и понатаму е заинтересирана за трансфер на играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо. Каталонците ќе се обидат да го ангажираат 26-годишниот фудбалер на лето, но би можеле да се соочат со проблеми поради правилата за финансискиот фер-плеј. Амрабат сака да игра за клуб од Ла Лига, но финансиската состојба на Барселона најверојатно ќе биде голема пречка за тоа. Каталонците се обидоа да го земат Амрабат на позајмица до крајот на сезоната, но Фиорентина одби да го пушти играчот од средниот ред да замине бидејќи размислуваат да го продадат наместо да го…

Read More

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, кој моментално е на чело на Реал Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид, би можел да стане тренер на првиот тим по заминувањето на Карло Анчелоти, објави „АС“. Според изворот, работата на Раул како главен тренер на Реал Кастиља предизвикала интерес кај екипи од Премиер лигата, Германија, како и Реал Мадрид. Раул е сериозна алтернатива на Анчелоти, чиј договор со Реал Мадрид истекува во 2024 година. Реал Мадрид го смета Раул како главен кандидат за замена на Анчелоти. Забележано е и дека фактот што Раул го тренира резервниот тим на Реал Мадрид ја смирува управата на клубот во…

Read More

Шефот на Ла Лига – Хавиер Тебас ги коментираше шпекулациите околу можниот трансфер на напаѓачот на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе, во шпанското првенство. „Од Реал Мадрид зависи што ќе понуди. Ова е единствениот тим кој може да ги исполни неговите барања. Би сакал Мбапе да биде во Реал Мадрид бидејќи овој клуб игра во нашата лига“, рече Тебас, во изјава за шпанскиот весник „АС“. Килијан Мбапе е во Пари Сен Жермен од 2018 година и неговиот договор е до 2025. Фудбалерот веќе беше блиску до преселба во Реал Мадрид, но тогаш напаѓачот се одлучи да го продолжи договорот…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена и на вториот натпртевар со Португалија како дел од квалиикациите за ЕП 2024 година. Подмладениот состав на Македонија не успеа да направи изненадување на гостувањето во ПОртугалија и загуби со 32:27. По овој пораз на следните два дуели ќе мора да бараме барем една победа, за место на ЕП 2024 година. Таа не би требала да биде проблем, затоа што против себе се имаат селекциите на Луксембург и Турција кои веќе паднаа еднаш во овој циклус. Натпреварот за разлика од оној во Скопје почна доста поефикасно и без грешки. Се играше изедначено на неколку…

Read More

Барселона сега и официјално е обвинета за случајот со поранешниот судија Хозе Марија Енрикез Негреира, кој беше објавен во јавноста. Шпанското обвинителство го окарактеризира потенцијалното кривично дело како долгорочна корупција во областа на спортот. Сепак, клубот е обвинет за несоодветно управување и фалсификување на комерцијални документи. Обвинети се поранешните претседатели на клубот Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешните извршни директори Алберт Солер и Оскар Грау. Причина за обвинението во случајот Негреира се исплатите вредни близу 7 милиони евра, кои Барселона му ги направила на поранешниот потпретседател на локалната судска комисија, Хозе Марија Енрикез Негреира, во замена за…

Read More

Пари Сен Жермен ќе биде кандидат за купување на „Стад де Франс“ што го најави државата, тврди весникот „Л‘Екип“. Продажбата на спортскиот објект треба да се случи летото 2025 година. Бидејќи преговорите со градското собрание на Париз за можното купување на „Паркот на принцовите“, историскиот стадион на ПСЖ, се во ќорсокак, клубот се позиционира како можен купувач на „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80.000 и неговата цена, според државата, изнесува 647 милиони евра. Државата објави две понуди за „Стад де Фрас“ на 7 март, една за нова концесија, а барателите треба да поднесат документи до 27 април до…

Read More

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров ќе има нов тренер. Муарем Бајрами не е повеќе на клупата на оваа екипа затоа што по 18 месеци си поднесе оставка. „Од денес не сум тренер на Македонија ЃП. Сето ова доаѓа после обостран договор со клупското раководство. Изминативе 18 месеци го поминав еден од најубавите периоди во мојот живот, каде заедно успеавме да го освоиме македонскиот фудбалски Куп, враќајќи го трофејот во Ѓорче Петров по 16 години. Исто така и оваа сезона сме во игра за Куп-трофејот бидејќи сме во полуфиналето. Во тековната сезона работите не одеа како што сакав и посакував, затоа…

Read More

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вежбале пенали на вчерашниот тренинг по пристигнувањето во Минхен, пишува „Л‘Екип“. Французите вечерва се соочуваат со Баерн во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Париз, Баварците го добија со 1:0. Меѓу изведувачите од белата точка беа Килијан Мбапе и Серхио Рамос. Во меѓувреме, голманите на ПСЖ добија инструкции како играчите на Баерн ги изведуваат пеналите. Очигледно, тимот се подготвува за оваа опција. Слично сценарио вчера прокоментира и тренерот Кристоф Галтие кој ја објасни својата стратегија во таквото сценарио. Според него, прво треба да шутираат најдобрите изведувачи.

Read More

Голгетерот на Барселона Роберт Левандовски целосно се опорави и в недела ќе го започне натпреварот против Атлетик Билбао, пренесе „Спорт“. На 26 февруари, на натпреварот против Алмерија, тој почувствувал истегнување во левиот бут, поради што ги пропуштил следните натпревари против Реал Мадрид и Валенсија. Надежите на Каталонците беа дека ќе биде подготвен за уште едно „Ел Класико“ – на 19 март, но сега им е драго што Левандовски ќе може да игра уште порано. Досега во сезоната Левандовски учествуваше на 31 натпревар на Каталонците, на кои учествуваше во постигнувањето на 31 гол – 25 постигнати од него и 6 асистенции.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Каземиро би можел да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Бетис. Причина за ова е што Бразилецот заработи повреда на дербито со Ливерпул. Тој беше заменет во 77. минута од катастрофалниот меч за „црвените ѓаволи“, а на негово место се појави Марсел Забицер. Каземиро, кој е клучен играч во тимот на Ерик тен Хаг, досега настапуваше на сите натпревари на Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Беше клучен за елиминирање на Барселона во претходното коло. Ако Бразилецот го пропушти дуелот на „Олд Трафорд“ во четврток, партнер во средината на теренот…

Read More