Бенфика и Бриж ќе се соочат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Португалскиот тим победи со 2:0 на гостувањето во Белгија и се фаворити за пласман во следната рунда, додека тимот на Скот Паркер ќе мора да направи вистински подвиг за да ги елиминира Лисабонските орли. Бенфика има блескава сезона досега и е многу блиску до титулата во Португалија, а импресионираше и со својот настап во Лигата на шампионите. Избраниците на Роџер Шмит ќе се обидат да стигнат до четвртфиналето на турнирот во две последователни сезони за прв пат во својата историја. Од 2020 година, само Баерн (Минхен)…
Author: riste
Челзи ја пречекува Борусија (Дортмунд) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, откако го загуби првиот натпревар со 0:1. Тимот на Греам Потер ќе направи се за да се пласира понатаму во ова натпреварување, што е нивната единствена шанса да постигнат нешто значајно оваа сезона. Лондончани играат крајно внимателно од почетокот на годината, но викендов ја прекинаа негативната серија со победата против Лидс Јунајтед, што им дава одредена самодоверба на играчите во пресрет на денешната пресметка. Борусија успеа да слави на својот терен, а Карим Адејеми ја донесе тесната победа против Челзи на „Сигнал Идуна Парк“, но и германскиот…
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру може да го пропушти реваншот против Тотенхем во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра утре, 8 март. Французинот има висока температура, објавија медиумите во Италија. Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ , кој неодамна за првпат излезе на теренот по долго опоравување од повредата, нема да учествува во натпреварот, бидејќи Росонерите не го пријавија за плеј-оф натпреварите во ЛШ. Во првиот натпревар, кој се одигра во Италија, избраниците на Стефано Пиоли беа подобри со минимален резултат. Стрелец на единствениот гол против Тотенхем беше Брахим Дијаз во седмата минута од средбата. Сезонава Оливие Жиру одигра 33 натпревари за Милан во…
Напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку би можел да го пропушти натпреварот против Манчестер Сити. 25-годишниот напаѓач доживеа мало истегнување на бутот против Борусија Дортмунд на 23. натпревар од Бундеслигата и беше заменет во 84. минута. Од РБ Лајпциг објавија дека Французинот ќе помине одредено време во мирување. Според информациите кои стигнаа денес, учеството на најдобриот стрелец на тимот на натпреварот против Манчестер Сити е доведено во прашање. Реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, екипите ќе го одиграат на 14 март. Првиот дуел заврши нерешено – 1:1. На 11 март Лајпциг ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах во Бундес лигата. Кристофер Нкунку следното лето…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе го напушти тимот доколку тимот не освои трофеи оваа сезона. Според „The Athletic“, летото тренерот на мадридскиот клуб изјавил дека тимот треба да се засили. Раководството на Реал Мадрид не се согласи со Анчелоти. 63-годишникот ги знаеше причините на Реал Мадрид да се повлече од големите трошоци минатото лето, но почувствува дека овој потег ја загрозува неговата позиција: Анчелоти знае дека нема да остане во Реал Мадрид ако клубот не освои трофеи оваа сезона. Реал Мадрид загуби од Барселона во мечот за Суперкупот на Шпанија и загуби во првото полуфинале од Купот на Шпанија. Првиот натпревар од…
Според „Газета Дело Спорт“, спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, сака да го ангажира голманот на Јувентус, Војчех Шчесни. Во исто време се најавува дека самиот голман нема намера да го напушти Јувентус. Тој е важен играч и за тренерот на клубот од Торино, Масимилијано Алегри. Забележано е дека Паратичи е заинтересиран за Шченсни, но самиот голман во моментов категорично одбил да разговара за преговори со лондонскиот клуб. Да потсетиме дека Шчесни игра за Јувентус од 2017 година. Договорот на играчот со клубот е до 2024 година. Трансферот на играчот се проценува на 13 милиони евра.Полскиот голман оваа сезона учествуваше на 24 натпревари на кои…
Неколку дена по заминувањето на Ларс Валтер, Еурофарм Пелистер вечерва излезе со соопштение за името на новиот тренер. Александар Јовиќ ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а улогата на стручен тим-менаџер му е доверена на поранешниот селектор Звонко Шундовски. „Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги натерал играчите од неговата екипа да седат во тишина и да го слушаат радувањето на играчите на Ливерпул по победата над Манчестер Јунајтед со резултат 7:0, објави „Мирор“. Фудбалерите беа принудени да ја слушаат радоста во домашната соблекувална на „Енфилд“, во која Ливерпул ја славеше победата, како и вревата на трибините. Тен Хег им кажал на играчите дека ова треба да послужи како мотивација следниот пат да се борат до крај. Тренерот, исто така, им рекол на играчите дека имале „среќа што се вратиле дома со тимскиот автобус, а не заедно со…
Жорже Мендеш, кој е агент на играчот на Милан, Рафаел Леао, имал првични разговори со претставници на Реал Мадрид, а се разговарало за евентуален трансфер на фудбалерот, откри новинарот Лука Бјанкини на социјалните мрежи. Сепак, мала е веројатноста Реал Мадрид да го привлече Португалецот ова лето, бидејќи бараните 100 милиони евра се превисока цена за раководството на Реал Мадрид. Засега од Милан не даваат никакви индикации дека ќе се раздели со Леао за помала сума. Репрезентативецот на Португалија има 8 гола и 6 асистенции оваа сезона во италијанското првенство. 23-годишниот Рафаел Леао е поранешен фудбалер на Лил и Спортинг (Лисабон).…
Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота верува дека неговиот тим на крајот од сезоната може да влезе во најдобрите четири тима во англиската Премиер лига. „Мислам дека Ливерпул може да заврши меѓу првите четири. Тотенхем е четврти, но имаме уште неколку натпревари до крајот. Можеме да го направиме тоа ако одиме напред. Натпреварите со Манчестер Јунајтед се секогаш посебен момент, но ние мораме да освоиме три бода“, изјави Жота пред денешниот натпревар. Ливерпул на 24 натпревари во Премиер лигата има освоено 39 бода и се наоѓа на шестото место на табелата. Тотенхем е на четвртата позиција со 45 бодови од 26 натпревари. Денеска, Ливерпул на домашен терен…
