Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах ја коментираше можноста да го достигне рекордот на Роби Фаулер на постигнати голови за Ливерпул во англиската Премиер лига. Со 127 голови во Премиер лигата за Салах, Фаулер има само еден гол повеќе од египетскиот напаѓач, односно 128 гола. „Дали бркам рекорди? Да, особено ми е значаен овој рекорд. Мислам дека тој е навистина посебен за мене. Мислам дека по првата сезона во Премиер лигата имав 31 гол и мислев дека сакам да бидам најдобар стрелец на Ливерпул во историјата на Премиер лигата. Постојано ја чував во мојата глава идејата дека треба да го стигнам. Тоа беше еден од изворите на мотивација. Секој ден се…
Author: riste
По два месеци откако имаа настап на Светското првенство во Полска и Шведска, македонската ракометна репрезентација повторно ќе се собере за продолжувањето на квалификациите за Европското првенство во Германија. Од исходот на натпреварите против Португалија ќе биде познат пласманот во групата, во која овие две селекции ќе завршат на првите две места, пред Турција и Луксембург. Селекторот Кире Лазаров се реши да направи одредени промени во тимот, па селекцијата на Макеоднија сега се потпира главно на ракометари од Еурофарм Пелистер и Алкалоид. По подолго време ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, а од списокот на СП недостигаат и Савревски…
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан би можел да го пропуштинатпреварот од 26.коло од Премиер лигата против Ливерпул, објави „Дејли Меил“. Варан во последните неколку дена се пожали на болки во ногата. Во текот на денот, играчот ќе биде подложен на фитнес тест, врз основа на чии резултати ќе биде донесена одлука за неговото учество на натпреварот. Наместо тоа како дефанзивец би можеле да играат Виктор Линделоф или Хари Мегваер. Варан оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања. Играчот дојде во тимот во 2021 година од Реал Мадрид. Натпреварите Ливерпул – Манчестер Јунајтед започнуваат денеска во 17:30 часот. Домаќините Ливерпул се на…
Јувентус на официјалниот сајт објави продолжување на договорот со бразилскиот дефанзивец Данило. Се истакнува дека договорот со 31-годишниот фудбалер бил склучен до 2025 година. Данило се пресели во Јувентус од Манчестер Сити во летото 2019 година. Трансферот изнесуваше 37 милиони евра. Данило оваа сезона има 33 настапи за клубот од Торино во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции. Јувентус е седми во италијанската Серија А во оваа сезона со 35 бодови по 24 кола, секако поради казната од 15 бода која ја доби клубот. Во Лигата на Европа во 1/8 финалето избраниците на Масимилијано Алегри ќе играат со германскиот Фрајбург.
Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Турција (24:25) на првиот од двата контролни натпревари кои ќе се играат во Анкара. Нашиот национален тим во рамките на ЕХФ-неделата договори две подготвителни средби со Турција. На првиот дуел, Македонија на полувреме беше во негатива од два гола (11:13), а потоа на крајот го заврши натпреварот со пораз од еден гола разлика (24:25). Вториот контролен дуел против Турција, избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе го одиграат на 4 март, исто така во Анкара. Овие два дуели се подготовка за баражот за СП 2023 против селекцијата на Украина.
Македонската натпреварувачка во крос-кантри Ана Цветановска го освои 71. место од вкупно 80.натпреварувачки кои ја завршија индивидуалната трка на 10 километри на Светското првенство во нордиско скијање кое се одржува на Планица, Словенија. Цветановска трката на 10 километри ја заврши со време од 31:27.8 минути што беше за 7:47 минути послабо од победничката Џеси Дигинс од САД. Времето на Дигинс беше 23:40.8 минути, доволно за златен медал пред Швеѓанката, Фрида Карлсон која имаше заостанување од 14 секунди. Бронзата и припадна на уште една Швеѓанка, Ема Андерсон со 19.5 секунди зад времето на златната Дигинс. Утре на програмата на Светското првенство…
Формула 1 го најави почетокот на соработката со фудбалскиот клуб Тотенхем кој настапува во англиската Премиер лига. Двете страни склучија договор за партнерство за период од 15 години. Во рамките на соработката оваа есен на стадионот на Тотенхем ќе биде отворен првиот картинг центар во светот. Дополнително, ќе се одржат и различни интерактивни мотоспортски настани. „Додека продолжуваме да го развиваме нашиот спорт ширум светот, партнерството со глобален бренд како Тотенхем Хотспур ќе ни овозможи да ги донесеме Ф1 и мотоспортот пред нова публика. Картинг центарот ќе биде местото каде што ќе сакаат да одат семејствата, пријателите и заинтересирани тркачи од целиот свет. Нашите брендови…
Аргентинската фудбалска федерација официјално објави дека Лионел Скалони ќе остане селектор на националниот тим до 2026 година. Младиот фудбалски стручњак го предводеше тимот до светската титула на Светското првенство во Катар и сосема логично ќе остане на својата функција уште 4 години. Така Скалони ќе биде предводник на „гаучосите“ и на на следниот светски шампионат. Лионел Скалони е на чело на националниот тим на Аргентина од август 2018 година, кога го замени Хорхе Сампаоли.
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, може да учествува во натпреварот од 24. коло на италијанскиот шампионат со Торино. Ова го соопшти главниот тренер на тимот Масимилијано Алегри . „Тој е подобар, ќе го однесеме на утрешниот натпревар. Доколку е потребно, ќе го пуштиме. Зборував со него исто како што разговарав со другите играчи. Тој мора да разбере дека враќањето во тимот е важен дел од сезоната, тој мора да ги има сите стимулации да ја заврши сезоната добро и да ни биде од помош“, изјави Алегри. Погба се врати во Јувентус во летото 2022 година од Манчестер Јунајтед со слободен трансфер. Од враќањето во клубот од…
Дефанзивецот на Баерн, Жоао Кансело, кој игра за германскиот гигант како позајмен играч, дозволи враќање во Манчестер Сити на крајот од сезоната. Правата на играчот му припаѓаат на тимот од „Етихад“. „Дали ќе ја славам победата на Манчестер Сити во Премиер лигата? Се надевам. Имам второ семејство таму. Бернардо Силва е еден од моите најдобри пријатели, личноста која најмногу ми недостасува. Тој ми беше психолог. Кога нешто ќе тргнеше наопаку, зборував со него. Имам добар однос и со Рубен Диас, но мојот однос со Бернардо е многу добар. Имавме одлична врска на теренот. Секако дека навивам за „Граѓаните“ и се надевам дека ќе ја освојат титулата за на крајот од сезоната…
