Екипите на Интер и Порто вечерва се соочуваат на „Џузепе Меаца“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, меч кој стартува во 21 часот. Домаќинот Интер ќе се надева дека ќе стигне до своето прво четвртфинале од 2010/11 година, кога загуби од Шалке 04. Од тој натпревар Интер двапати беше исфрлен во осминафиналето – во 2011/12 од Олимпик Марсеј и минатата сезона од Ливерпул. Сега тимот беше во „групата на смртта“ заедно со Баерн (Минхен), Барселона и Викторија (Плзен). Заврши зад германскиот шампион, но беше пред Каталонците и Чесите и заврши на второто место во групата. Интер на трите…
Author: riste
Вечерва РБ Лајпциг го пречекува Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Денешниот натпревар кој започнува во 21 часот се игра во Лајпциг, а реваншот е на 14 март во Англија. Манчестер Сити започна уште една сезона во нокаут фазата од Лигата на шампионите со надеж дека конечно ќе стигне до трофејот. „Граѓаните“ во последните години секојпат беа меѓу фаворитите, но триумфот на овој турнир остана неостварлив. Тие беа најблиску до освојување пред две години, но загубија од Челзи во финалето. РБ Лајпциг не изгледа како тим што може да го запре тимот на Гвардиола и покрај…
Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах го собори рекордот на легендата на „црвените“ Стивен Џерард по голови за клубот во европските натпреварувања. Во натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Египјанецот го постигна својот 42. гол како дел од англискиот тим на европските турнири. Салах го надмина рекордот на Стивен Џерард од 41 европски гол за Ливерпул. Да потсетиме, во стартните 14 минути од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул успеа двапати да го совлада Тибо Куртоа, но Реал Мадрид на ова одговори со по два гола на Винисиус Жуниор и Карим Бензема. Едер Милитао постигна уште еден гол за својата…
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше воодушевен од успехот од 5:2 над Ливерпул во првата пресметка на двата тима во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанците губеа со два гола разлика на „Енфилд“, а за вториот гол најмногу виновен беше Куртоа. Сепак, тој рече дека неговиот тим уште еднаш докажал дека никогаш не се предаваат. „Видете, со вториот гол на Ливерпул немав среќа и ги измешав работите. Ја контролирав топката и сакав веднаш да подавам, но видов дека Салах застана и се предомислив. Се обидов да ја префрлам топката на десната нога, но таа се одби од моето колено“,…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше еден од хероите во демолирањето со 5:2 на Ливерпул на „Енфилд“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Французинот постигна два гола, а по мечот изјави дека сите во тимот сакаат повторно да го подигнат трофејот на турнирот. „Тоа беше важна вечер за нас и сакам да му ја посветам оваа победа на починатиот почесен претседател Амансио. Тоа е за него. Игравме карактерно, постигнавме многу голови и покажавме дека сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Така го добивме овој прекрасен натпревар кој беше убав за нас на теренот и…
Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон беше многу разочаран по поразот со 2:5 од Реал Мадрид во првото 1/8-финале од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Тој смета дека неговата екипа направила премногу грешки, од кои секоја беше казнета од противникот. „Тешко е да се направи проценка веднаш по натпреварот. Големи периоди во првото полувреме игравме добро и не беше фер што резултатот беше израмнет на полувремето. Направивме премногу грешки и Реал казнуваше секоја од нив. Во многу моменти решавачка беше нивната класа. На почетокот имавме предност и создадовме добри шанси. На 2:0 имавме шанса и тоа на самата гол линијата. Ако…
Н’Голо Канте го одржа првиот тренинг со тимот на Челзи за прв пат по неколку месеци. Францускиот репрезентативец допрва ќе игра под водство на Греам Потер, а последниот официјален натпревар на кој играше беше минатиот август. 31-годишниот играч за врска тренира во клупската база од крајот на минатата недела, но до денеска се подготвуваше на индивидуална основа. Тој се уште не тренира со полна брзина како соиграчите. Се уште не е јасно кога Канте ќе се врати на терените, но стручниот штаб нема да ризикува со неговото брзо вклучување. Малку е веројатно дека ќе го стави во составот за неделната…
Арсенал најави продолжување на договорот со египетскиот играч за врска Мохамед Елнени. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Новиот договор на 30-годишниот интернационалец од Египет ќе биде до крајот на сезоната 2023/2024. „Горд сум што го претставувам овој неверојатен клуб од 2016 година. Духот и единството што сега владее во нашиот тим се толку позитивни што сум многу среќен што го продолжувам договорот“, изјави Елнени, за прес-службата на клубот. Вреди да се напомене дека Мохамед Елнени најдолго е во редовите на „Топџиите“ меѓу актуелните играчи на тимот. Тој му се приклучи на Арсенал во зимскиот преоден рок во…
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен не ја отфрли можноста дека би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, но додаде дека моментално е целосно фокусиран на настапите за својот сегашен тим, со кој се надева дека ќе освои барем една титула оваа сезона. Нигериецот има 18 гола од почетокот на сезоната, а Наполи речиси сигурно дека ќе биде шампион во Италија. Оваа екипа има 15 бода предност пред второпласираниот Интер со преостанати 15 кола. Во големите пет европски лиги, само Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, со своите 26, има повеќе голови од Осимен. Вечерва, Наполи гостува кај германскиот…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане започна групни тренинзи со тимот три месеци откако се здоби со повреда на фибулата. „Враќањето на тренинг во екипата е нешто фантастично“, изјави Мане на официјалниот Твитер на клубот. Доколку распоредот за опоравување на Мане оди според планот, тој ќе може да учествува на реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ на 8 март. Да потсетиме дека првиот натпревар, одржан во Париз, заврши со минимална победа на клубот од Минхен со 1:0. Садио Мане се повреди во средината на ноември на мечот од Бундеслигата со Вердер Бремен, по што беше опериран и го пропушти…
