Author: riste

Голманот на Брентфорд, Давид Раја е уште една трансфер цел на Челзи. 27-годишниот Шпанец е под договор со неговиот сегашен клуб до летото 2024 година, откако веќе одби две понуди за повторно потпишување. Тоа би го ставило Челзи во доста поволна позиција следното лето, кога Раја ќе има уште само 12 месеци од договорот. Актуелен стартен голман на Челзи е Кепа Аризабалага, кој го врати своето стартно место од Едуард Менди. Иднината на Сенегалецот на „Стемфорд Бриџ“ изгледа прилично неизвесна, откако тој ја одби понуда да потпише повторно на шест години во декември, откако не беше задоволен од условите што…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон е на списокот на Карло Анчелоти како дел од летните трансфер цели за да го обнови нападот на Реал Мадрид. Италијанецот добро го познава бразилскиот репрезентативец бидејќи двајцата работеа заедно во Евертон. Тотенхем минатото лето го ангажираа од „Гудисон Парк“ за 60 милиони фунти. Тој досега одигра 14 натпревари за својата нова екипа. Се смета дека лондончани би биле склони да се разделат со Ричарлисон доколку добијат добра понуда за него. Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е другиот играч на потесниот круг на Анчелоти. За Србинот за кој се шпекулира дека ќе си замине на крајот…

Read More

Независната комисија назначена од УЕФА да ги истражи инцидентите во Париз пред финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во мај минатат година, ја донесе својата пресуда. Според извештајот на експертите, главната вина за нередите не е кај навивачите на Ливерпул, кои се обидоа да ги обвинат локалните власти и европската централа, туку УЕФА, која не успеа да се справи со организацијата на настанот. Во извештајот се споменува дека нема докази дека нередите биле предизвикани од голем број навивачи на Ливерпул кои се обидувале да влезат на „Стад де Франс“ без билети. „Комисијата заклучи дека УЕФА, како…

Read More

Милан и Тотенхем вечерва на „Сан Сиро“ во Милано од 21 часот го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Росонерите се седумкратен европски клупски шампион, но во последните години се далеку од нивните славни денови. Титулата освоена во Серија „А“ минатата сезона ја врати насмевката на навивачите кои сонуваат за нешто повеќе на меѓународна сцена. Избраниците на Стефано Пиоли од стартот на календарската година имаа серија слаби натпевари, но викендов ја прекинаа лошата серија со минимален успех против Торино (1:0). Пред тоа, тимот беше елиминиран од Купот на Италија против истиот противник и беше поразен со 0:3…

Read More

По пауза од неколку месеци, Лигата на шампионите се враќа со првите осминафинални натпревари. Несомнено, еден од најинтересните дуели е меѓу Пари Сен Жермен и Баерн (Минхен). Двата тима се гиганти во своите првенства и секоја година имаат амбиции да триумфираат во најпрестижното клупско натпреварување. Французите допрва треба да го освојат трофејот, а најблиску дојдоа во 2020 година, кога го загубија финалето токму од Баерн. Во групната фаза, Баварците беа бескомпромисни против Барселона, Интер и Викторија (Плзен), добивајќи ги сите 6 натпревари. Германскиот гигант се пласираше во осминафиналето по 9-ти пат во последните 10 години, а ждрепката сакаше да играат…

Read More

Манчестер Јунајтед, кој преговара за нов договор со голманот Давид де Геа, останува заинтересиран да го повика во тимот голманот на Порто, Диого Коста, објави „А Бола“. 23-годишниот Коста во ноември го продолжи договорот со сегашниот тим до летото 2027 година. Португалскиот голман сега има ослободителна клаузула од 75 милиони евра Коста беше главен голман во португалската репрезентација на Светското првенство во Катар. Диого Коста оваа сезона за Порто прими 19 гола на 26 натпревари и 13 пати ја одржуваше мрежата чиста. 32-годишниот Де Геа е во Манчестер Јунајтед од 2011 година. Неговиот актуелен договор со тимот истекува на крајот…

Read More

Лионел Меси е подготвен да потпише нов договор со Пари Сен Жермен, но вистинските преговори меѓу двете страни ќе започнат по денешниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, тврди францускиот „Л‘Екип“. Се очекува таткото на аргентинската ѕвезда – Хорхе да пристигне во Париз и да разговара со раководството на клубот за времетраењето на договорот и финансиските параметри. Вчера се појавија информации дека Меси се уште размислува дали да го продолжи престојот на „Паркот на принцовите“ и дека сака да го чека исходот од двата натпревари со Баерн пред да донесе конечна одлука. На почетокот на февруари спортскиот…

Read More

Атлетико (Мадрид) ќе му оддаде почит на Атлетик (Билбао) на претстојниот натпревар помеѓу двата тима од Ла Лига. По повод 125-годишнината од постоењето на баскискиот клуб, од Атлетико Мадрид ќе им овозможат на гостите да бидат со домашните дресови на мечот на „Ванда Метрополитано“, пишува „Марка“. Почитта меѓу двата клуба е голема со оглед на нивната историја. Атлетико (Мадрид) е основан во 1903 година од тројца баскиски студенти кои живеат во Мадрид. Тие го гледаа новиот клуб како младински огранок на нивниот миленик од детството Атлетик Билбао, кој штотуку го виделе како го освојува финалето на Купот на Кралот во…

Read More

Манчестер Сити доби добри вести за состојбата на Ерлинг Халанд. Напаѓачот вчера беше заменет на полувремето во победата од 3:1 над Астон Вила поради проблем со бутот. Промената предизвика загриженост поради тоа дали Норвежанецот ќе биде во можност да биде подотвен за натпреварот кој се игра во среда против Арсенал. Денеска Халанд учествуваше на тренингот на „граѓаните“ и се чини дека неговата состојба е доволно добра и по секоја веројатност ќе биде во составот на тимот за пресметката со „топчиите“. Со победа над Арсенал, тимот на Пеп Гвардиола ќе биде на врвот на табелата и покрај тоа што има одиграно…

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, зборуваше пред утрешното соочување на неговиот тим во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Тој изјави дека не се чувствува под притисок по двата последователни порази на неговиот тим од Марсеј и Монако.Тренерот исто така беше дециден дека не е изненаден од враќањето на Килијан Мбапе, кој изненадувачки тренираше со тимот и се најде во групата на играчи за натпреварот, но сигурно нема да ризикува со неговото враќање на теренот. „Воопшто не размислувам за мојата иднина. Секогаш има притисок кога го тренираш ПСЖ, уште повеќе пред натпревар во Лигата на шампионите, но јас…

Read More