Author: riste

Катарските инвеститори подготвуваат понуда за купување на Манчестер Јунајтед во наредните денови, објави денес „Блумберг“. Се очекува конзорциумот да направи првична истрага за сопственоста на „црвените ѓаволи“ на крајот на оваа недела. Во подготовката на понудата помагаат претставници на Катар Спорт Инвестментс. ИНЕОС на Џим Ретклиф официјално влезе во наддавање за сопственост на Манчестер Јунајтед минатиот месец, откако американските сопственици на клубот, Глејзерс, во ноември објавија дека почнале да ги разгледуваат опциите за потенцијална продажба на 20-кратниот шампион на Англија. Претходно овој месец, весникот „Дејли Меил“ објави дека катарските инвеститори планираат да дадат понуда за купување на Манчестер Јунајтед. „Црвените…

Read More

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Маркињос, го опиша поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против Баерн како најболниот пораз во неговата кариера. „Лигата на шампионите е натпреварување кое сакаме да го освоиме бидејќи нашиот клуб никогаш досега не постигнал вакво нешто. Исто така, многу од играчите не ја освоија Лигата на шампионите. Но, нема дополнителен притисок врз нас. Мислам дека за 10 години ги доживеавме истите радости и таги како нашите навивачи. Како, на пример, поразот од Баерн во финалето во 2020 година 0:1. Или оние убави и важни победи кои ни донесоа толку многу емоции……

Read More

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски. Македонското спортско новинарство денес загуби колега кој во изминативе години беше дел од повеќе спортски редакции, колега кој несебично знаеше да помогне со своето познавање на спортот. Зоран Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија каде работеше до денес. Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021…

Read More

Реал Мадрид размислува да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, чиј договор со англискиот клуб истекува на крајот од сезоната. Тоа го пренесува „La Gazetta dello Sport“. Според изворот, главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп би сакал да продолжи да работи со 31-годишниот Бразилец, но двете страни се уште не се договориле за условите за новиот договор. Реал Мадрид го разгледува Фирмино како замена за Бензема, чиј договор со тимот истекува летото 2024 година. Роберто Фирмино е во Ливерпул од 2015 година. Бразилскиот напаѓач постигна девет гола и даде четири асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона.

Read More

Швајцарецот, Марко Одермат е освојувач на златниот медал во спуст на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Куршевел, Франција. Водечкиот во Светскиот куп конечно ја оправда улогата на фаворит и до првото злато на Светските првенства стигна со време од 1 минута 47 секунди и пет стотинки. Ова за скијачот од Швајцарија е втор златен медал на големите натпреварувања откако минатата година триумфираше во велеслаломот на Олимписките игри во Пекинг. Среброто му припадна на Норвежанецот, Александер Омот Килде кој заостана 48 стоти дела од секундата додека трет со 89 стотинки послабо време од победникот беше Камерон Александер…

Read More

Турскиот клуб Газиантеп се повлече од понатамошното натпреварување во Супер лигата и Купот на Турција. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Претходно и Хатајспор најави неможност за продолжување на учеството на натпреварувањето. „По таква катастрофа, немаме сила да зборуваме за фудбал. Најпрво им посакуваме Божја милост на нашите граѓани кои загинаа во земјотресот, брзо закрепнување на повредените и успешен исход за сите граѓани кои се уште се под урнатините. Во овие тешки услови нашиот клуб во моментов не може да продолжи со спортски активности. Согласно одлуката на Управниот одбор, Фудбалскиот клуб Газиантеп одлучи да се повлече од учество…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг зборуваше за силата на играчите на тимот. „Среќен сум со Мегваер. Мислам дека навистина добро напредува и навистина е добар во натпреварите што ги игра. Но, имаме голема конкуренција. Хари е сериозен конкурент на Рафаел Варан, кој исто така е брилијантен играч. Но, ако сакаме да го оживееме Манчестер Јунајтед, потребни ни се врвни играчи, по двајца на секоја позиција, бидејќи сакаме да играме во толку многу натпреварувања. Имаме одредени позиции каде што нема доволно класа, а тоа не треба да биде случај ако сакаме да се бориме за најголемите трофеи“, изјави Тен…

Read More

Нејтан Џонс доби отказ како менаџер на Саутемптон. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Нејтан Џонс го презеде Саутемптон дури во ноември 2022 година, заменувајќи го отпуштениот Ралф Хасенхутл на тренерската позиција и доби договор до 2026 година. Сепак, под водство на 49-годишниот велшки стручњак, тимот загуби осум од последните девет натпревари во Премиер лигата, со што се најде на дното на табелата. Заедно со Џонс тимот го напуштија и неговите помошници. Рубен Селес е именуван за вршител на должноста тренер на Саутемптон за да ги подготви играчите за претстојниот натпревар против Челзи. Саутемптон се наоѓа на последното…

Read More

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва, ќе го одигра својот последен натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија. Вечерва во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Белгија. За таа цел, Македонската кошаркарска федерација се одлучи да им овозможи на сите љубители на кошарката да го проследат овој натпревар и да ја поддржат нашата репрезентација со тоа што влезот ќе биде слободен. Натпреварот во СРЦ „Кале“ започнува од 18.часот.

Read More

Денеска се одигра натпреварот за третото место на Светското клупско првенство на ФИФА, во кое египетскиот Ал Ахли играше со Фламенго. Средбата се одигра на стадионот „Стад де Тангер“ во Тангер (Мароко). Бразилскиот клуб поведе во 11. минута од средбата благодарение на голот на играчот од средниот ред Габриел од 11 метри. Во 37. минута Египќаните израмнија – погоди крилото Ахмед Абдел Кадер. Во 58. минута Ал Ахли заработи пенал, но Али Малул не успеа да го реализира. Сепак, тимот поведе во 60. минута благодарение на голот на Ахмед Абдел Кадер, кој постигна два гола на оваа средба. Во 69.…

Read More