Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, ќе биде надвор од терените во следните седум недели поради повреда на коленото, потврдија од клубот. Капитенот на Тотенхем се повреди на крајот на мечот со Манчестер Сити кој лондончани го добија со 1:0. Веднаш штом го напушти стадионот на Тотенхем по натпреварот, на Французинот му беше ставена шина на ногата. Местото на Лорис на голот на Тотенхем ќе го заземе Фрејзер Форстер, кој ќе брани и на претстојните натпревари со Милан од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Сите сме разочарани по повредата на Хуго. Но Фрејзер Фпрстер е доволно искусен голман. Ни претстојат пет…
Author: riste
Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги помина медицинските прегледи по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен од својот нов клуб. 30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и вечерва за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје. 30-годишниот лев бек денес говореше пред новинарите на своето официјално претставување во Битола. „Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето…
По серијата разочарувачки резултати, Јирген Клоп доби добри вести. Диого Жота ги продолжи тренинзите со тимот, а Јирген Клоп се надева дека неговото враќање ќе му помогне на тимот да излезе од кризата и дека ќе почне да победува. Португалскиот репрезентативец нема играно од октомври кога заработи повреда против Манчестер Сити. Повредата го спречи да учествува на Светското првенство во Катар. Сепак, Жота сега е во комбинација и најверојатно ќе му биде на располагање на Клоп за дербито со Евертон во понеделник. На денешната тренинг сесија учествуваа и Вирџил ван Дијк и Роберто Фирмино, кои пред неколку дена продолжија со…
Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер за 2022 година. Јужнокорејецот зад себе ги остави напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот на Ал Хилал, Салем Ал-Даусари. Сон не ја има својата најдобра сезона, но минатата година стана најдобар стрелец во Премиер лигата заедно со Мохамед Салах. Напаѓачот се повреди, но успеа да се опорави за да учествува на Светското првенство во Катар, каде Јужна Кореја ја помина групната фаза и испадна во осминафиналето по поразот од Бразил.
Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте се врати во тимот по операцијата на жолчното кесе. Ова го пренесува официјалната страница на Тотенхем на социјалните мрежи. Во отсуство на Италијанецот, лондончани имаа само една средба, кога се сретнаа со Манчестер Сити во рамките на 22. коло од англиската Премиер лига. Со тимот на овој натпревар раководеше помошникот на Конте, Кристијан Стелини, а екипата победи со 1:0 благодарение на голот на Хари Кејн. Вреди да се напомене дека за 29-годишниот напаѓач овој гол беше 267-ми во дресот на Спарси, со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот. Следното коло, Тотенхем ќе игра…
Вардар се подготвува за третиот натпревар од регионалната СЕХА лига, а во Скопје гостува словачкиот Татран Прешов. Еден од поискусните играчи во екипата на Вардар, Гоце Георгиевски истакна дека се надева на поволен резултат против словачкиот шампион, но и верува во триумф на неговата екипа од пет гола разлика. ,,Би било фантастично да победиме со пет гола разлика, речиси ќе обезбедиме прво место во група. Пред првиот дуел, како што кажа и тренерот Недановски, немавме тренинзи, ние дојдовме директно од авион од Светско првенство на натпревар со Татран. Сега гледаме анализа од првиот дуел, како сме играле, каде сме грешеле…
Ракометарите на Вардар во петок ќе го одиграат третиот натпревар од регионалната СЕХА лига, а во Скопје гостува словачкиот шампион Татран Прешов. Тренерот на Варда, Владо Недановски очекува многу подобар натпревар од оној во Словачка и победа на неговата екипа. „Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно уиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам…
Челзи најде нов напаѓач кој би можел да го замени Пјер-Емерик Обамејанг. Станува збор за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. Интересот на Челзи за играчот го најави новинарот Сајмон Филипс. „Иван Тони е играч кој навистина му се допаѓа на Челзи. Но, очигледно Челзи треба да почека бидејќи играчот има проблем со коцкање и може да биде суспендиран. Но, генерално, Тони е голем кандидат за улогата на нов напаѓач во Челзи од следното лето“, напиша Филипс. Да потсетиме дека во ноември 2022 година, Фудбалската асоцијација на Англија го обвини напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони за 232 прекршувања на прописите за…
Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг веќе бара начин да го напушти клубот. За него во јануари имаше интерес од Шпанија и Италија, но трансфер не се случи, бидејќи сезонава веќе играше за две екипи – Барселона и Челзи и нема право да игра за трета. Сега, сепак, му се отвора можност да замине во САД и да се приклучи на ФК Лос Анџелес, а таков трансфер е можен, доколку самиот играч се согласи, пишува „London Evening Standard“. Можна е преселба во американски тим за Обамејанг поради фактот што новата сезона таму започнува во февруари. Покрај тоа, трансфер периодот во земјава…
По долга и тешка борба со карциномот, утрово во Загреб почина едно од најголемите фудбалски имиња во Хрватска и регионот, легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ. Легендарниот фудбалски тренер почина на ден пред да наполни 88-години по долга борба со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат за жал не успеа. Со тренерската работа започна во далечната 1982 година кога на Динамо Загреб, по 24 години чекање, му го донесе трофејот во шампионатот на Југославија. Следната сезона го освои и пехарот „Маршал Тито“ во Купот на Југославија, а подоцна во хрватското првенство со клубот…
