Author: riste

Наполи ја одреди цената за грузискиот напаѓач Хвича Кварацхелија, кој е интересен за Реал Мадрид. Италијанскиот клуб ќе се раздели со 22-годишниот играч доколку добие понуди над 100 милиони евра, пренесува „АС“. Хвича Кварацхелија му се приклучи на Наполи во летото 2022 година, откако се пресели од Динамо Батуми за 10 милиони евра. Оваа сезона напаѓачот има 12 гола и 14 асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања. Договорот меѓу Кварацхелија и Наполи истекува во летото 2027 година. Наполи на 23 натпревари во италијанскиот шампионат освои 62 бода и го зазема првото место на табелата пред второпласираниот Интер кој заостанува…

Read More

Тобијас Велц, кој беше главен судија на натпреварот од 21. коло на германскиот шампионат, Борусија Менхенгладбах – Баерн (3:2), објасни зошто го отстранил од теренот дефанзивецот на гостите Дајо Упамекано. „Тоа беше долг спринт. Фудбалерот на Борусија Менхебгладбах се обиде да продолжи понатаму, но дојде до контакт со рамото од играчот на Баерн, поради што напаѓачот изгуби рамнотежа. Упамекано беше последниот играч, па тоа е црвен картон. Се разбира, разговарав за ова со видео асистентот. Долго време ја проверуваше снимката. ВАР не можеше да ми покаже нешто што не го видов на теренот. Затоа, решивме дека нема потреба да ја…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси преговара за нов договор само со францускиот клуб. Ова го пренесува новинарот Фабрицио Романо. „Не сум сигурен дека ситуацијата се променила. Меси сега е во преговори само со ПСЖ, имаа средба со неговиот татко Хорхе и исто така потврди дека во моментов нема понуди од Барселона. Тоа беше само воведен состанок со ПСЖ – ќе следи повеќе во наредните недели за да се одлучи за деталите од новиот договор, вклучувајќи ја платата, должината на договорот и друго. Сега се раните фази од преговорите“, беа зборовите на Фабрицио Романо. Лионел Меси е во ПСЖ од 2021…

Read More

Двократниот олимписки шампион Рајан Краузер го собори сопствениот светски рекорд во фрлање ѓуле откако успеа да го фрли ѓулето на далечина од 23,38 метри за време на турнирот во сала во Покатело, Ајдахо, објави Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IIAF). 30-годишниот Американец го надмина и рекордот на отворено што сам си го постави со 23,37 метри на Олимписките квалификации во 2021 година во Јуџин. Рекордот во затворен простор беше 22,82 метри, што Краузер го постигна претходно оваа година. Краузер, кој е актуелен светски шампион, по седми пат во кариерата ја надмина границата од 23 метри.

Read More

Екипата на МЗТ Скопје го освои трофејот во Купот на Македонија и ја оправда фаворитската улога во финалето против Феникс. Натпреварот заврши со 89:73 во корист на МЗТ Скопје и со тоа оваа екипа стана рекордер во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се играше по јубилеен 30. пат. Досега МЗТ Скопје имаше по десет пехари заедно со Работнички, но сега на листата се единствени на врвот со овој 11-ти. До единаесеттиот пехар, тимот предводен од Драган Николиќ дојде според планот, со предност од почетокот до крајот на средбата. Дебитантот Феникс во неколку наврати се враќаше на едноцифрена…

Read More

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го преземе Пари Сен Жермен, ова го пренесува изданието „Footmercato“. Според изворот, фудбалскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос веќе разговарал со Мурињо за можноста португалскиот стручњак да се пресели на работа во парискиот тим. Забележано е дека на желбата на Мурињо да премине во ПСЖ може да влијае добриот однос со функционерот, како и тоа што поранешен помошник на Португалецот работи во стручниот штаб на парижаните. Контактите меѓу ПСЖ и Рома за Мурињо се уште не се остварени, но трансферот на Португалецот во парискиот клуб е можен поради добрите односи меѓу сопствениците на тимовите.…

Read More

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) донираше милион долари преку својата добротворна фондација за набавка на хуманитарна помош за луѓето погодени од земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска организацијата. Вкупниот број на починати во двете земји надминува 43 илјади луѓе, а на уште милиони им е итна потреба од помош. Голем дел од нив останаа без домови. Од ФИФА објаснија дека парите ги поделиле по консултација со фудбалските федерации на Турција (ТФФ) и Сирија (СФА), како и со меѓународните невладини организации. „Донациите ќе бидат искористени за купување и дистрибуција на основните хуманитарни производи и предмети, како и за обезбедување привремено засолниште.…

Read More

Напаѓачот на Баерн, Кингсли Коман објасни зошто не го прославил гол постигнат против ПСЖ (1:0) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите. „Да се ​​постигне гол на „Паркот на принцовите“ е детски сон. Тоа беше посебен момент. Ова е клубот во кој пораснав, градот во кој сум роден. Не сакав да го прославам голот пред навивачите“, изјави Коман на новинарот Фабрицио Романо на своите социјални мрежи. Да потсетиме дека 26-годишниот Французин потекнува од школата на ПСЖ. Тој одигра четири натпревари за клубот од 2013 до 2014 година. Коман за Баерн игра од 2015 година. Исто така е интересно…

Read More

Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола проговори за борбата за титулата во англиската Премиер лига со Арсенал. Лондончани се на врвот на табелата во Премиер лигата со 51 бод од 21 натпревар. Манчестер Сити е на второто место со 48 бодови по 22 одиграни натпревари. „Ќе ја браниме оваа титула до последен ден. Ако Арсенал биде пред нас затоа што е подобар, јас ќе бидам првиот што ќе им честитам, како што секогаш сум правел тоо во кариерата. Сакаме да се бориме до последно за она што сè уште ни припаѓа. Нека се обидат да ни ја одземат титулата од…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета пред дербито со Манчестер Сити зборуваше за неговата работа и соработката со тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола. Во одложениот натпревар од 12. коло на Премиер лигата денеска во Лондон се среќаваат Арсенал и Манчестер Сити. „Она што го направија во изминатите шест години, апсолутно го заслужуваат. Како играа, како се бореа, како ги надминаа тешкотиите. Кога работев таму, беше неверојатно искуство, на личен и на професионален план, да се биде со Гвардиола во тоа време, со целиот стручен штаб и со играчите. Како и секое друго искуство, тоа ме направи подобра личност, сигурно и како…

Read More