Author: riste

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави поширокиот список на играчи за квалификациските натпревари против Португалија во циклусот за ЕП 2024 кои се играат во месец март. Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар ќе го оддиграат на домашен терен на 9 март со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12 март гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во градот Порто со почеток во 18:30 часот. Интересно е тоа што меѓу повиканите ракометари од последниот список на Светското првенство ги нема долгогодишните репрезентативни крила кои во моментов се дел од…

Read More

Лондонски Челзи нема постигнато ниту една победа откако во клубот пристигна португалскиот напаѓач Жоао Феликс. Атлетико Мадрид, од кој Португалецот се пресели во Челзи на позајмица, не претрпе ниту еден пораз по неговото заминување во шпанското првенство. Челзи со Феликс во составот загуби во четири натпревари и еднаш ремизираше. Исто така „сините“ од Лондон загубија од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите (0:1), Фулам (1:2), Саутемптон (0:1) и Тотенхем (0:2) во Премиер лигата. Исто така, Челзи не можеше да го победи Вест Хем (1:1). Жоао Феликс се пресели во Челзи на 11 јануари. Од тој ден, Атлетико Мадрид одигра седум натпревари во шпанската Ла Лига,…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Ова го соопшти прес-службата на ова натпреварување. Во првиот натпревар од 1/8 финалето со Ливерпул, Бразилецот постигна два гола и имаше една асистенција. Реваншот ќе се одигра три недели подоцна во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на 15 март со почеток во 21:00 часот. Да потсетиме, во стартните 14 минути од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул успеа двапати да го совлада Тибо Куртоа, но Реал Мадрид на ова одговори со два гола на Винисиус Жуниор и Карим Бензема и еден…

Read More

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело, кариерата ќе ја продолжи во бразилскиот Флуминенсе, од каде и ја почна својата кариера како млад фудбалер. Ова го објави самиот фудбалер на една од своите социјални мрежи. Последниот клуб на дефанзивецот беше Олимпијакос. Марсело за грчкиот тим настапуваше од септември 2022 година. Тој се пресели во клубот од Реал Мадрид. За Олимпијакос Бразилецот одигра 10 натпревари на кои постигна три гола. Марсело е петкратен освојувач на Лигата на шампионите (во 2014, 2016, 2017, 2018 и 2022 година) со Реал Мадрид. Со репрезентацијата на Бразил, фудбалерот го освои Купот на Конфедерации во 2013 година.…

Read More

Од страна на ФФМ денеска беше објавена одлуката околу „случајот Христовски“, а притоа Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со официјално соопштение обелодени дека натпреварот Гостивар – Локомотива Пехчево ќе биде регистиран со 1:0 за домашната екипа, а фудбалерот и клубот ќе бидат предадени на дисциплинска постапка, по која може да бидат дополнително казнети. „Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја разгледа и одлучуваше по жалбата на ФК Вардар за случајот „регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар“. Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на гостувањето кај Словачка со 82:73, во рамките на петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година. Со овој пораз, нашите кошаркари дозволија секакви сценарија за крајот на групната фаза, бидејќи сега сите опции се отворени. Средбата во Левице во целост му припадна на домаќинот кој ги казни сите грешки и обезбеди висока победа.  Од почеток до крај Словачка беше таа која доминираше и го контролираше резултатот , а на пауза се замуна со предност за Словачка од 44:38. По паузата, Македонија требаше да нападне, но третиот период беше клучен на натпреварот, во кој домашните…

Read More

Напаѓачот на Арсенал Габриел Жесус се ближи кон враќањето во игра и се очекува да може да му помогне на Арсенал во решавачките натпревари пред тимот во март. Бразилскиот напаѓач заработи повреда на коленото за време на Светското првенство во Катар. Габриел Жесус имаше одличен почеток на сезоната и забележа 5 гола и 5 асистенции на 14 натпревари во Премиер лигата. Во клубот се надеваат дека поранешниот играч на Манчестер Сити ќе продолжи со целосните тренинзи со тимот до крајот на месецот. Во негово отсуство, Еди Нкетија беше солиден, но тој е без гол во последните пет натпревари.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го коментираше неговиот однос кон Франција и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. „Има многу добри играчи, Килијан е еден од нив. Тој е многу силен! Французите имаат среќа што тој игра за нивната репрезентација. Секако дека би сакал да игра за Норвешка, но тоа не е можно. Тој е неверојатен. Тој е брз, силен и долги години е на ниво. Понекогаш треба да се потсетите дека може да игра на највисоко ниво уште десет години. Тој е феноменален“ беа зборовите на Халанд за „RMC Sport“. Да потсетиме дека 24-годишниот Мбапе игра за ПСЖ од 2018 година, 22-годишниот Халанд стана играч на Манчестер…

Read More

Предводникот на италијанскиот Наполи, Лучијано Спалети е блиску до активирање на клаузулата за автоматско продолжување на договорот со клубот од Неапол, пренесува „Фудбал Италија“. Според изворот, раководството на Наполи не сака да го загуби Спалети на лето и ќе ја активира опцијата за продолжување на договорот со италијанскиот стручњак на уште една сезона. Во текот на следната година, на овој начин Италијанецот ќе добие 2,7 милиони евра. Доколку успее, раководството на Наполитанците ќе може да ја активира опцијата за продолжување за уште една година во иднина. Оваа сезона Наполи под водство на Спалети убедливо води во италијанската Серија А, со освоени 62 бода…

Read More

22 февруари е посебен ден за нас. Во 2005 година, по десетина години минати на друга фреквенција, почна историјата на денеска единственото Спортско радио во Македонија и регионот. На 90.3 фм, полни со ентузијазам почнавме нова спортско-новинарска приказна која трае се уште. Мала, одбрана екипа, веќе 18 години шири позитивен дух во етерот, продуцира спорт и спортни информации, разговори, интервјуа, дава простор на оние кои секојдневно се борат за себе, за спортот и Македонија. Сето тоа зачинето со избран музички репертоар! 18 години се полнолетство, а за нас медиумско искуство кое се надеваме ќе трае уште многу години! За многу…

Read More