Напаѓачот на Тотенхем, Ерик Ламела ќе се пресели во Севиља, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот профил на Твитер. Според изворот, фудбалерот веќе е во Шпанија и мора да биде подложен на лекарски преглед. Во спротивна насока ќе се упати напаѓачот Брајан Хил, кој ќе се пресели во Тотенхем и ќе потпише договор до 2026 година. Ерик Ламела (29 години) минатата сезона имаше 35 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања и постигна четири погодоци и една асистенција.
Author: riste
Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез зборуваше за својот соиграчот од репрезентѕацијата Лионел Меси. „Меси е најдобриот играч на светот, тој е Аргентинец, тој е наш. Лионел тренира максимално, тој е пример за сите. Ми даде и лични препораки. Доживувам многу важен момент во мојата кариера. Оваа година доживеав неверојатни моменти, чувства што никогаш не сум ги доживеал, емоции, гледајќи го моето семејство на овој начин. За мојата сопруга, ќерка ми, ова е уникатно искуство. Како дете сонував за тоа. Јас сум многу среќен и задоволен од мојата кариера. Сакам да продолжам во истиот дух, да учам од соиграчите и од секој…
По објавените информации од медиумите во Македонија за злоупотреба на службените позиции на функционери од МОК, во однос на вакцинирање и патување на блиски лица до првите луѓе на МОК и првиот човек на АМСМ, со реакција се јави и Олимпискиот комитет кој даде објаснување и појаснување на сето тоа: Во продолжение информацијата на МОК во целост: Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав: Владимир Богоевски – Шеф на делегација Небојша Настов – доктор Дејан Георгиевски…
Рома и Севиља контактирале со претставници на Торино и напаѓачот Андреа Белоти, пренесува Фудбал Италија. Белоти се обидува да преговара за продолжување на неговиот договор што истекува следната година. Торино сака да го продаде играчот за 20 милиони евра, иако Рома е подготвена да понуди 15-18 милиони евра за напаѓачот. Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, сака да го види Белоти во својата екипа, а доколку не успее во тоа , тогаш ќе се сврти кон играчот на Зенит –Азмун Сердар. Сепак за реализација на овие трансфери се зависи и од тоа дали ќе може да го продадат Един Џеко.…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека дефанзивецот Алекс Телеш нема да му помогне на тимот во наредните неколку недели поради повреда. „Тој се лизна и го истегна зглобот, па ќе пропушти неколку недели. Се надевам дека повредата не е премногу сериозна“, изјави Солскјер за „Мирор“. Пред почетокот на сезоната 2021/2022, „црвените ѓаволи“ ќе одиграат неколку пријателски натпревари против Брентфорд (28 јули), Престон (31 јули) и Евертон (7 август). 28-годишниот Алекс Телеш минатата сезона одигра девет натпревари во англиската Премиер лига и имаше две асистенции.
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше одличен пласман на патеката во Имола. Иџе впрочем ја имаше најдобрата овосезонска трка во ТЦР шампионатот на Италија и за првпат се избори за место на подиумот. Уште еднаш се покажа дека легендарната патека „Имола“ му е омилена на нашиот натпреварувач и повторно се искачи на подиумот. Така беше во 2016 година кога ја забележа својата прва победа, а така беше и минатата година, кога заврши на третото место. На денешната трка, Стефановски имаше одличен настап и заврши втор со задоцнување од само 0,8 секунди зад победникот Чекон од Италија, а место на…
Македонскиот пливач Филип Дерковски исто така се појави на натпреварите во пливање на ЛОИ во Токиот. Филип Деркоски ја почувствува олимписката атмосфера, но не успеа да го мине првиот филтер на 400 метри слободно. Македонецот заврши на четвртата позиција во својата квалификациска група, но забележа подобро време од она со кое беше пријавен за настап на ЛОИ. Во конкуренција на четири пливачи, Деркоски беше последен, но времето од 4:03.34 е за 76 стотинки подобро од неговото пријавено за Олимписките игри. Следен македонски спортист кој што ќе се појави на ЛОИ во Токио и Арбреша Реџепи која се натпреварува во џудо…
Прв од македонските спортисти кои се појавија на ЛОИ во Токио беше Борјан Бранковски кој не обезбеди пласман во финалето на турнирот во стрелаштво од 10 метри со воздушен пиштол, откако квалификациите ги заврши на 21. место од 36 натпреварувачи со 573 поени и просечна прецизност од 9.55. На натпреварот во кој учествуваа најквалитетните натпреварувачи одбрани од целиот свет најмладиот помеѓу нив, Борјан Бранковски, за првпат го оствари својот највисокиот резултат 573 кругови (серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97). Ова постигнување е впрочем личен и државен рекорд, а му недостасуваа само пет кругови за влез во финале и борба за медал. 24-годишниот Борјан Бранковски докажа дека има потенцијал…
Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентаивец Бојан Миовски кој настапува за екипата на МТК од Будимпешта има одлични настапи во предсезонските натпревари за својата екипа. Напаѓачот на МТК откако имаше 4 асистенци на 3 подготвителни меча на МТК, од кои и победа со Динамо Москва со 2:0 во која Миовски учествува со асистенција, на денешниот натпревар со Мезоковед постигна и гол. Нашиот интернационалец на извонреден начин го постигна првиот гол за МТК, а на исклучително атрактивен начин асистираше и кај вториот гол во победата од 3:0 на неговата екипа.
Францускиот гигант ПСЖ објави дека го продолжиле договорот со тренерот на тимот Маурисио Покетино до јуни 2023 година. Покетино дојде во ПСЖ во јануари оваа година наследувајќи го Томас Тухел, но во неговата прва сезона на клупата на ПСЖ ја загуби титулата, односно шампион стана Лил. https://twitter.com/PSG_inside/status/1418624962768814088 Со бројните засилувања на тимот за следната сезона, главен приоритет на Покетино е да ја врати титулата во Париз, но и да атакува на трофеј во Лигата на шампионите.
