Author: riste

Лондонски Челзи ја одбил и третата понуда на Барселона за бразилскиот фудбалер Вилиан, соопштува „Скај Спортс“. Каталонците го подобриле претходниот предлог со 2 милиони долари и веќе даваат 72 милиони долари за 29-годишниот Бразилец. Од Челзи чекаат, бидејќи се појави информација дека Манчестер Јунајтед е со интерес кон играчот и дека се подготвени да плати 80 милиони долари за неговите услуги. Вилиан е дел од Челзи од 2013 година и беше привлечен од рускиот Анжи. Минатата сезона играше 36 натпревари во Премиер Лигата, во кои постигна 6 гола, но имаше и седум асистенции.

Read More

По трансферите на Раџа Наинголан и Матео Политано, на кои може да им се придружи и Лутаро Мартинез, Интер може само да си дозволи играчи на позајмица. Затоа Малком беше продаден во Рома, поради што трансферот на Артуро Видал сè уште не е постигнат. Со цел да си дозволи уште едно силно име, Интер мора да се ослободи со некој од Жоао Марио, Матијас Весино и Роберто Гаљардини. Во последните часови се појавија гласини дека Спортинг (Лисабон) има желба да го врати во своите редови португалскиот репрезентативец Жоао Марио, кој беше продаден на Интер за 45 милиони евра во летото…

Read More

Младинска ракометна репрезентација на Македонија не ја забележа втората победа на ЕХФ шампионатот, кој се одржува во Скопје. По убедливата победа против Велика Британија на стартот на шампионатот, нашите ракометари денес одиграа нерешено против незгодната селекција на Италија 27:27. Според резултатот и она што се случуваше во вториот дел, може Македонија да биде среќна што мечот го заврши нерешено. Во еден ден од мечот односно на 10 минути пред крајот Италија имаше предност од 3 гола разила. Во изедначено прво полувреме нашите ракометари заминаа на одмор со педност од еден гол разлика (13:12). Во второто полувреме имаа предност од 16:14, иа…

Read More

Само што дојде во Милан, Пепе Реина би можел веднаш да го напушти својот нов тим. Шпанскиот голман беше привлечен од „росонерите” како слободен агент, но веќе се зборува за негова продажба во тимот на Челзи, каде што ќе биде заедно со својот поранешен тренер во Наполи Маурицио Сари. Интересно во случајот е дека Сари го отфрлил предлогот да го привлече во составот првиот голман на Милан Џанлуиџи Донарума. Ако трансферот на Реина во Челзи биде реализиран, тогаш 7-кратниот освојувач на Лигата на шампиони ќе пријави приходи од 8 милиони евра. Во меѓувреме, голманот патува со Милан на турнејата во…

Read More

Хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ ќе ја продолжи кариерата во Њукасл, Англија, тврдат англиските медиуми. Минатата година, дефанзивниот играч од средниот ред играше 27 натпревари и постигна два гола за Фиорентина. Неговиот договор истече во јуни, а тој стана слободен играч. Интерес за 29-годишниот играч од средниот ред имаше од Милан и од Зенит во Русија (Санкт Петербург), но по повикот од Њукасл, тој дури и не размислувал. На Светското првенство во Русија, тој беше дел од хрватскиот тим, кој стигна до финалето. Учествуваше на три натпревари и постигнал еден гол.

Read More

Новото и најскапо засилување на Јувентус Кристијано Роналдо повторно е во шпанската престолнина Мадрид, пишува „Corriere dello Sport“. Тој е таму за да ги реши имотните проблеми, со цел да ја продаде својата куќа во вредност од 5,5 милиони евра. „CR7“ пристигнал во Мадрид и според италијанското издание размислувал да се појави во спортскиот центар на Реал Мадрид, за да се збогуваат со поранешните соиграчи. Сепак на крајот 33-годишниот Португалец решил да не оди во базата на Реал Мадрид, бидејќи можел да се сретне со претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез, со кого не се во најдобри односи.

Read More

Пред да ја започнат новата фудбалска сезона, во актулениот шампион на Италија не оставаат ништо на случајноста околу имиџот на клубот. Јувентус денес и официјално го престави новиот клубски автобус со кој ќе се вози првата екипа која во своите редови од оваа сезона ја има една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Кристијано Роналдо. „Подготвени да ја започне новата сезона и во стил”. Со оваа фраза, италијанскиот шампион Јувентус го претстави својот нов клубски автобус на социјалните мрежи. Современото возило е направено од „Garage Italia“, која го создаде овој изглед на автобусот. Концептот на новиот дизајн на автобусот е…

Read More

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Германија која се возеше денес во Хокенјахм. Дождот кој беше дел од ова атрка ги донесе и најголемите возбудувањат и интересни моменти во самата завршница на трката. Себастијан Фетел кој стартуваше од пол ползицијата , имаше сигурно водство до 52. круг, кога излета од патеката и ја заврши трката. Тоа го искористи неговиот лут ривал, кој стартуваше од 14-та позиција и во првите 20 круга успеа да дојде до 4-та позиција, а токму по дождот успеа да го искористи моментот и да дојде до својата нова победа која…

Read More

Тимот на Лацио е заинтересиран за напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Андре Шурле. Екипата од Рим е подготвена да го привлече крилото до крајот на летниот трансфер период. Раководството на Лацио ќе ги инвестира парите од трансферот на Фелипе Андерсон во Вест Хем, пренесуваат медиумите во Италија. Шурле беше оставена надвор од составот на Борусија Дортмунд за летната турнеја во САД и агентот на германскиот фудбалер веќе започна преговори со други клубови. Проблем за Лацио може да биде високата плата на Шурле, која во моментов изнесува 4,5 милиони евра. Римскиот клуб може да му понуди на напаѓачот само 3 милиони евра,…

Read More

Барселона не се откажува од своите амбиции за да го привлече играчот од средниот ред на Челзи и бразилската репрезентација, Вилијан. Според „Скај Спорт“, каталонците направиле трета понуда за Вилијан и се надеваат дека овој пат „сините” ќе ја прифатат. Најновата понуда на Барселона е со вредност од 55 милиони фунти и е многу подобра од претходните две понуди. Самиот фудбалер, исто така, сака да ја промени средината по 5 години поминати на „Стемфорд Бриџ“ и сака да се пресели на „Камп Ноу“. Манчестер Јунајтед уште еден од тимовите кои исто така имаат интерес за овој играч.

Read More