Author: riste

Репрезентацијата на Германија уште еднаш го покажа својот карактер и дека играат до последниот знак за крај на судијата на секој фудбалски натпревар. Германија дојде до победа против Шведска благодарение на гол постигнат во последната (5-та) минута од судиското надополнување. Шведска дојде до водство во првото полувреме со голот на Тоивонен во 32.минута, а во вториот дел Германија како што се очекуваше тргна со сите сили за да дојде до позитивен резултат. Најнапред во 48.мминута со голот на Марко Ројс успеаа да израмнат, а во 82.минута останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Боатен. Сепак тоа не ги…

Read More

УЕФА има намера сериозно да го казни Милан за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, според „Калчомеркато“ и „Газета дело Спорт“, клубот ќе биде исфрлен од Лигата на Европа за сезоната 2018/19 и ќе плати казна од 30 милиони евра. Претседателот на „Росонерите“ преговара со американските инвеститори, но дури и позитивен исход од тие преговори нема да влијае на одлуката на УЕФА. Се очекува официјално УЕФА да издаде пресуда на 25 јуни. После тоа Милан ќе поднесе жалба, што ќе се разгледува до 10 јули. Ако Милан биде исклучен од европските натпревари, тогаш во групната фаза на Лигата на Европа ќе…

Read More

Централниот дефанзивец на Бразил Тиаго Силва е изборот на селекторот Тите за капитенската лента на тимот за дуелот со Костарика. Како што е познато, селекторот на Бразилците воведе пракса да го менува својот капитен во речиси секој натпревар, откако е на чело на тимот. Така тренерот сака да ги развие лидерски квалитети кај своите фудбалери. Досега тој користел за оваа намена 14 различни играчи во 22 средби: Дани Алвеш (4 пати) Миранда (3 пати), Тиаго Силва (2 пати досега), Марсело (3 пати) и по еднаш Каземиро, Ренато Аугусто, Габриел Жезус , Вилиан, Филипе Кутињо, Фернандињо, Маркињос, Филипе Луис и Робињо.…

Read More

Играчот на средниот ред на Рома Раџа Наинголан ќе го финализира трансферот од Рома во Интер во следните денови, објави „Газата Дело Спорт“. Наинголан ќе се пресели во тимот од Милано, а Римјаните ќе добијат 24 милиони евра, како и дефанзивецот Давиде Сантон и 18-годишниот играч од средниот ред, Николо Џаниоло, како дел од договорот. 30-годишниот белгиски интернационалец постигна 6 гола и 11 асистенции во 42 натпревари за Рома минатата сезона. По финализирањето на трансферот Наинголан, Интер ќе се обиде да привлече уште еден белгиски играч од средниот ред . Тоа е Муса Дембеле од Тотенхем.

Read More

Светското првенство во 2018 година е празник не само за Русија. Голема револуција се случи во Иран, каде што за првпат во 21-от век жените имаа можност да бидат стадион и да гледаат фудбалски натпревар на машки екипи. Тие заедно со мажите го гледаа натпреварот Иран – Шпанија на огромен екран на стадионот „Азади” во главниот град Техеран. Жените немаа право да ги посетуваат стадионите од 1979 година, кога во земјата се изврши Исламската револуција. Од тој момент, жените имаат многу ограничени права и се обврзани да живеат по каноните на Шериата. Жените требаше да бидат пуштени на трибините да…

Read More

Долго очекуваниот трансфер на Емре Чан во Јувентус треба да биде реалзиран во текот на денешниот ден. Играчот веќе пристигнал во Торино каде најнапред треба да ги помине лекарските прегледи во медицинскиот центар на Јувентус, а потоа д аго стави потписот на договорот со Јувентус. Германецот е слободен играч затоа што договорот со Ливерпул му истече. Доколку нема никаков проблем со прегледите, Чан ќе го потпише својот договор во текот на денот со што и формално ќе стане дел од „бјанконерите“. Германецот ќе се обврзе на петгодишен договор со екипата на Масимилијано Алегри во кои ќе заработува по 120.000 евра…

Read More

Сампдорија го продаде уругвајскиот репрезентативец Лукас Тореира за 30 милиони евра, соопшти претседателот на италијански клуб Масимо Фереро. Тој не го прецизираше името на купувачот, но според информации станува збор за англискиот Арсенал, кој веќе подолго време има интерес за 22-годишниот дефанзивен играч за врска. „Тореира беше продаден за 30 милиони евра. Го купивме од Пескара за само 3 милиони и никој не веруваше во него. Ризикувавме и добивме. Парите ни се потребни, а ако добиеме добра понуда и за друг наш играч, ќе ја прифатиме. За нас важно е да се оствари профит од трансферите на фудбалерите”, рече Фереро.…

Read More

Британската полиција објави дека ги испитува сликите на навивачите на Англија, кои прават нацистички поздрави во бар во рускиот град Волгоград, каде беше одиграна средбата со Тунис (2:1) во понеделникот. Видеото е широко распространето на социјалните медиуми и покажува тројца фанови кои креваат раце, поздравуваат и пеат песна за лица кои биле де од концентрациониот логор „Аушвиц”. Коментирајќи го нацистичкиот поздрав, Британската амбасада во Русија изјави дека ги советува сите фанови кои ги посетуваат натпреварите – „да бидат добри гости, додека се тука, и воедно да ги следат локалните закони” се вели во информацијата која денес ја објавија медиумите во…

Read More

Четири европски клубови се заинтересирани за офанзивниот играч на Реал Мадрид Хамес Родригез, кој има договор за позајмица со Баерн Минхен за уште една сезона. Баварците имаат опција да го купат колумбискиот репрезентативец за 42 милиони евра и по се изгледа дека ќе го сторат тоа со цел да може играчот да ја задржи добрата форма и да мисли само за настапите во овој клуб. Сепак, германскиот шампион сеуште постигнал таков договор, и токму тоа им дава шанса на неколку други клубови да влезат во трка по Хамес Родригез. Според одредени извори големи апетити кон Хамес имаат Јувентус, Наполи, Челзи…

Read More

Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека Антоан Гризман ќе игра против Перу во вториот натпревар од групата „Ц“ на Светското првенство 2018 денес во Екатеринбург. Напаѓачот го напушти вчерашниот тренинг  поради повреда на зглобот. „Гризман е добар, има отечен зглоб, но тој повторно тренира”, изјави Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот. Франција почна со победа над Австралија 2:1, но капитенот Хуго Лорис ги предупреди своите соиграчи дека мора да играат подобро против Перу. „Ако не ја подобриме нашата игра, тогаш ќе имаме проблеми”, рече Лорис, кој ќе го одигра својот 100 натпревар за Франција. „Тоа ме прави многу горд, но е…

Read More