Author: riste

Селекторот на Португалија Фернандо Сантош не го криеше задоволството од победата со 1:0 над Мароко, која ја искачи Португалија барем привремено на првото место на табелата во групата „Б“ на Светското првенство. Победничкиот гол беше постигнат во четвртата минута од натпреварот и негов стрелец беше Кристијано Роналдо. „Кристијано е како португалското вино и со годините станува се подобар. Тој знае како да ја задржи својата форма – постојано се развива и помага на останатите играчи. Тој знае какви можности има и што може да прави. Она што го прави сега, е тоа што го правеше пред 3 или 4 години,…

Read More

На вториот натпреавар на Уругвај од групата „А“ на СП 2018 година една од ѕвездите на тимот Луис Суарез имаше еден убав љубилеј, бидејќи ова е беше негов 100-ти натпревар во дресот на репрезентацијата. Токму Суарез го одбележа овој натпревар со својот нов гол постигнат во дресот на својата репрезентација и се погрижи Уругвај да поведе со 1:0 во 23.минута од натпреварот. Напаѓачот на Барселона стана првиот уругвајски фудбалер кој постигнал голови на три различни светски шампионати. На Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Суарез постигна три гола, на Светското првенство во Бразил беше реализатор на два гола,…

Read More

Даниел Карвахал, десниот дефанзивец на Шпанија, ќе биде во стартната постава за утрешниот натпревар со Иран, предвидуваат шпанските медиуми. Oдбрандбениот фудбалер веќе закрепнал од повредата што ја доживеа финалето во Лигата на шампионите. Селекторот на Шпанија Фернандо Јеро сепак е оној кој треба да ја донесе конечната одлука. Во првото коло од Светското првенство против Португалија, на оваа позиција започна Начо Фернандес.

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го доби својот противник за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовскиот тим имаше среќа во ждребката и на хартија го доби се чини најлесниот противник шампионот на Велс екипата на Њу Сејнтс. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 10 или 11 јули, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Велс. Шкендија ги започна подготовките пред една седмица со што веќе се подготвуваат за овие квалификации за Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи на располагање ги има двете засилувања Ремзифаик Селмани и Костантин Чешмеџиев, но од друга страна нема да може…

Read More

Италијанскиот гигант Јувентус испратил официјална понуда до ЦСКА Москва за купување на фудбалерот Александар Головин. Понудата е во вредност од 17 милиони евра и обезбедува дополнителни бонуси во зависност од настапот на рускиот репрезентативец. Сепак, ЦСКА најверојатно ќе одговори со „НЕ”. Тимот од Москва сака да добие најмалку 25 милиони евра за нивната ѕвезда. Следниот чекор на Јувентус ќе биде понуда од 18 милиони евра и да вети на ЦСКА процент од евентуален следен трансфер на Головин. Англиските Арсенал, Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед исто така внимателно ја следат ситуацијата околу 22-годишниот Русин. Предноста на Јувентус е дека клубот веќе…

Read More

Легендарната музичка ѕвезда Пол Макартни се заблагодари на националниот фудбалски тим на Англија кој го совлада Тунис со 2:1 во натпревар од групната фаза од Светското првенство. Дуелот во Волгоград се играше вчера на 18 јуни и се совпадна со 76-от роденден на музичката легенда. „Благодарам, Англија, за роденденскиот подарок, многу ми се допадна”, напиша Макартни на Инстаграм.

Read More

Еден од феномените на СП во Русија е и присуството на навивачите на Исланд во Русија. Исланѓаните според информациите од Русија се присутни на СП со околу 30.000 навивачи. Секако дека по одличниот меч со Аргентина и нерешените 1:1, сега се зголемува и присуството на нивните навивачи во Русија. Натпреварот во Москва го следеле повеќе од 30.000 навивачи кои допатувале од Исланд, а според попис во оваа островска земја живеат околу 350.000 жители, тоа значи дека практично 10% од жителите на овој остров заминале во Русија да ги бодрат своите миленици. Се поставува прашање уште колку навивачи на Исланд ќе…

Read More

Ѕвездата на репрезентацијата на Полска Роберт Левандовски изјави дека не сака да биде препознаван од непознати лица кога е излезен надвор, затоа се претставува под друго име. „Кога сум во ресторан со пријателите, сум им рекол да не ми се обраќаат со Роберт или Леви. Тогаш за нив сум Емил. Така и да дојде некој и да каже дека јас сум Роберт Левандовски, јас му возвраќаат дека не сум и дека само многу личам на него”, рече напаѓачот на Баерн (Минхен) и на репрезентацијата на Полска во интервју за британскиот весник „Гардијан”. Во секој случај интересен начин на Леандовски како…

Read More

Бразилската фудбалска конфедерација испрати барање до ФИФА да даде објаснување дали системот за видео повторувања влегол во употреба во две одделни ситуации за време на нерешените 1:1 против Швајцарија. Во првиот случај Миранда беше оттурнат од напаѓачот на Швајцарија при изедначувачкиот гол на Швајцарија, а во вториот Бразилците бараа пенал по прекршокот над Габриел Жезус. „Во двете ситуации има грешки кај судиите, ова треба да се корегира со системот за видео повторување”, велат Бразилците. Конфедерацијата објави дека сака да знае дали овие две ситуации биле разгледани и дали „транспарентноста е важна”. Бразилците, исто така, сакаа да го добијат „видеото или…

Read More

Рома ќе се обиде да добие што е можно повеќе пари од Интер за Раџа Наинголан, а договорот, најверојатно, ќе вклучува и двајца млади таленти на Интер кои би се преселиле во Рома. Една опција е „волчицата” да го продадат Наинголан за 40 милиони евра, а другата е да добијат 30 милиони плус правата на Николо Џаниоло и Андреа Пинамонти, тврди „Скај Спорт Италија“. Џаниоло ќе има 19 години во јули. Тој е одличен играч од средниот ред кој постигна 14 гола и имаше 11 асистенции за младинскиот тим на Интер минатата сезона. Пинамонти неодамна наполни 19 години, па дури…

Read More