Author: riste

Репрезентацијата на Ангија се спаси во финишот на мечот си Тунис и успеа да победи со 2:1. Херој на селекцијата на Англија беше Хари Кејн кој постигна два гола, но посебно значаен е вториот во 91.минута за победа на оваа средба. Кејн ја донесе Англија во водство во 11.минута , но Тунис успеа да израмни преку Саси во 35.минута од пенал. Во вториот дел од натпреварот Англија имаше повеќе од играта, но никако не успеваше да погоди за водство. Сепак за да не се случи уште едно изненадување се погрижи Хари Кејн во првата минута од судиското надополнување и погоди за…

Read More

Селекцијата на Белгија го започна СП во Русија онака како што посакуваше, со победа и тоа убедливо над репрезентацијата на Панама. Според она што се случуваше на теренот, тоа беше сосема заслужена победа на Белгија и покрај тоа што беше остварена многу потешко од очекувањата. Белгија и покрај тоа што доминираше во првиот дел, сепак својот прв гол го постигна на стартот на второто полувреме преку Мертенс во 47.минута. На вториот гол се чекаше до 69.минута кога Ромелу Лукаку зголеми на 2:0, а истиот играч постигна уште еден гол во 75.минута за конечните 3:0 на оваа средба. Следната средба Белгија…

Read More

Ракометниот вицешампион на Mакедoнија Металург и трета година по ред ќе биде дел од ракометната елита , а тоа значи дека Македонија ќе има два претставника во Лигата на шампионите во ракомет за мажи. Металург повторно добива вајлд-карта и ќе се најде во ждрепката која ќе се одржи на 29 јуни. Извршната комисија на ЕХФ во Глазгов одлучи да им додели вајлд-карти на Металург, Рајн Некар Левен, Веспрем, Нант и Монпелје. Нашиот преставник ќе се најде во групите Ц и Д кои квалитативно се послаби од групите А и Б. Покрај Вардар, нашата земја ќе има уште еден прставник , што значи дека…

Read More

Репрезентацијата на Србија го започна СП во Русија со победа и со освоени три бода од натпреварот со Костарика и тоа по тешка борба со 1:0 (0:0). Селекцијата на Србија со постигнатиот гол на оваа средба го продолжи трендот да има барем еден постигнат гол на средбите од почетокот на ова СП во Русија. Едноставно досега нема натпревар , а да не видиме барем еден гол. Србите доминираа на оваа средба, имаа неколку шанси за гол , но сепак на голот на Костарика е Кејлор Навас кој беше најдобар играч на својата репрезентација и не дозволи да биде совладан во…

Read More

Официјални лица на ФИФА објавија дека победничкиот гол за Франција во натпреварот против Австралија, кој заврши со победа на Франција од 2:1, беше автогол на играчот на селекцијата на Австралија Азиз Бехиќ. Овој гол беше постигнат во 81-вата минута и имаше збунетост кај органзиаторот чие име да биде впишано како стрелец на голот, дали Бехиќ постигна автогол во сопствената мрежа или целта ја погоди Пог Погба. Во официјалните информации по завршувањето на средбата од групата „Ц“ беше забележано дека Погба бил автор на голот, но по разгледувањето на видео снимката  ситуацијата од страна на ФИФА е сменета и голот, односно…

Read More

Крилото на Мароко Нордин Амрабат ќе го пропушти следниот натпревар на својот тим против Португалија поради потрес на мозокот. Амрабат беше заменет принудно од својот помлад брат Софијан Амрабат во првата средба со Иран (0:1), откако удри со главата со онаа на Вахид Амири. Амрабат помина една ноќ во болница, а потоа се врати во мароканската база во Воронеж. Играчот ќе одмара една недела и нема да игра против Португалците, соопшти Мароканската фудбалска федерација.

Read More

Реал (Мадрид) упати прва понуда за голманот на Рома Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Меил”. Според последните информации максимумот, кој „кралевите” можат да го платат за бразилскиот национален голман е 60 милиони евра плус опција за уште 10 милиони во форма на различни бонуси. Весникот забележува дека договорот меѓу двата клуба тешко да се случи, бидејќи во моментов од Рома поставиле цена на својот голман од 85 милиони евра, а таа ќе биде уште по реална при одлично претставување на Бразил за време на Мундијалот. Од Мадрид ќе го почекаат крајот…

Read More

Вчерашниот ден помина со неколку изведени пенали на СП во Русија – пет досудени пенали за еден ден, сепак со тоа не успеа да биде надминат рекордот според овој показател што датира од 1998 година. На СП во Франција пред 20 години, фудбалскиот свет забележа шест досудени пенали во рок од неколку часа. Интересно, сите тие беа реализирани. Досудени пенали на 16 јуни 2018 година: За Австралија против Франција За Франција против Австралија За Аргентина против Исланд За Хрватска против Нигерија За Перу против Данска Досудени пенали на 24 јуни 1998 година: За Франција против Данска За Данска наспроти Франција…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити и на Англија Фабијан Делф го напушти привремено кампот на тимот на Мундијалот во Русија. 28-годишниот фудбалер ќе се врати во својата земја за да присуствува на раѓањето на своето трето дете. Делф рече дека нема проблем со селекторот Герет Саутгејт, кој „јодлично ја разбира ситуацијата“. Фудбалерот најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Англија на СП 2018 против Тунис, кој е на програмата утре од 20.00 часот во Волгоград. Во исто време, напаѓачот Маркус Рашфорд се врати во тимот по мала повредата на коленото. 20-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед пропушти неколку тренинзи на островот поради…

Read More

Селекторот на Данска Оге Харајде нема да може да смета на играчот од средниот ред, Вилјам Квист, до крајот на Светското првенство во Русија. Играчот од средниот ред беше повреден на мечот против Перу кој го доби неговата селекција со 1:0 во натпревар од групата Ц и беше принудно заменет во првиот дел од средбата. „Квист нема да биде со нас повеќе”, рече Харејде, потврдувајќи ја лошата вест за повредата на овој фудбалер. Според првичните податоци, Квист има скршени ребра, но се прават понатамошни истражувања. Тој беше ставен на носила во 35-та минута од натпреварот, а Ласо Шоне влезе на…

Read More