Author: riste

Манчестер Сити и Рахим Стирлинг не успеаја да се договорат за потпишување на нов долгорочен договор. Според „Скај Спорт“, причината за ова се финансиските барања на 23-годишниот играч. Претставниците на англискиот репрезентативец разговарале со преставниците на клубот двапати по крајот на сезоната, но не постигнале договор. Желбата на клубот беше новиот договор, кој требаше да го задржи Стирлинг на „Етихад” до 2022 година, да биде потпишан пред почетокот на Светското првенство. Но, ова очигледно не може да се случи, бидејќи денес играчот ќе патува за Русија. Во моментов не се предвидени нови разговори меѓу двете страни. Се очекува Стирлинг, кој…

Read More

Италијанскиот вицешампион Наполи направи официјална понуда за играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес. Предлогот вреден 25 милиони евра не ги задоволува првите луѓе на клубот од Санкт Петерсбург кои го ценат аргентинскиот интернационалец најмалку 35 милиони евра. Наполи го сака Паредес како замена на Марек Хамшик, кој е пред трансферот во Кина. Интересно е дека словачкиот играч од средниот ред, исто така беше баран од Зенит, но тој не е подготвен да игра во Русија. Паредес имаше добри настапи во екипата на Рома, каде одигра 37 натпревари и постигна 4 гола, по што се пресели во екипата на…

Read More

Рускиот репрезентативец Александар Головин може да оствари сензационален трансфер во Јувентус во деновите пред почетокот на СП во Русија. „Бјанконерите” се подготвени со понуда во вредност од 18 милиони евра, а ЦСКА (Москва) сака за нивниот најдобар фудбалер 25 милиони евра. Од ЦСКА Москва изјавиле дека ќе го продадат Головин ако добијат понуда од некој европски гигант. Од двата клуба се очекува да ги приближат своите позиции низ преговорите кои се во тек. Головин имаше многу добра сезона, стана лидер на ЦСКА во средината на теренот. Тој постигна 5 гола во Премиер лигата на Русија, но беше особено импресивен од…

Read More

Пехарот наменет за победникот на Светското првенство во Русија е веќе во земјата домаќин. Трофејот пристигна, а со тоа и поединечни награди за најдобриот голман и напаѓач, како и за најдобриот играч на СП. Оригиналниот трофеј помина преку 172.000 километри низ 91 град во 51 земја на шест континенти. Повеќе од 800.000 фанови имаа можност да го видат пехарот, а повеќе од 570.000 од нив можеа да се фотографираат со трофејот. Светското првенство започнува на 14 јуни, а на него треба да учествуваат 736 играчи од 32 земји. На кого ќе му припадне пехарот и овие ппоединечни награди ќе дознаеме…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија утринава замина за Клуж каде ќе го игра реваншот од баражот против Романија. Со предност од осум гола остварена пред два дена во Скопје, избраниците на селекторот Раул Гонзалез со чартер лет полетаа кон Романија која треба да биде последната станица пред обезбедување на учество на Светското првенство во Германија и Данска. И покрај тоа што Македонија во Романија има солидна предност од осум гола, опуштање не смее да има, затоа што противникот лесно може да не казни. Токму тоа го предупреди и селекторот на нашата репрезентација и побара максимална сериозност од своите ракометари на реваншот…

Read More

Полскиот дефанзивец Камил Глик доби дозвола од медицинскиот тим на Монако да учествуваат на Светското првенство во Русија. 30-годишниот дефанзивец на Монако доби повреда на рамото и беше неизвесен за настап на Светското првенство во Русија. Глик ќе помине дополнителни прегледи под надзор на полските лекари, а потоа конечно ќе стане јасно дали ќе игра на првенството во Русија. Репрезентацијата на Полска денес го игра последниот контролен натпревар пред настапот на СП во Русија, противник им е селекцијата на Литванија.

Read More

Фудбалерите на Вардар денес и официјално ги започнаа подготовките за новата сезона, најнапред за настапи во квалификациите за пласман во Лига Европа, а потоа и за ПМФЛ. Шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“ Бобан Бабунски, денеска ја одржа првата прозивката на екипата, а потоа и првиот тренинг на тренинг кампот во Хиподром. Бабунски најпрво се заблагодари за укажаната доверба да го води тимот, се заблагодари на досегашниот придонес на играчите кои до сега беа дел од Вардар, и очекува враќање на шампионскиот пехар повторно во витрините на Вардар. „Би сакал најпрво да се заблагодарам на дадената доберба да ја водам екипата,…

Read More

Андре Вилаш-Боаш е новото име на листата на Флорентино Перез за нов тренер на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. 40-годишниот тренер во моментов е без работа по напуштањето на Шангај СИПГ. Вилаш-Боаш ја започна својата кариера со Жозе Мурињо, а во 2009 година на само 31 година одлучи да оди на независен тренинг курс. Тој направи успешна сезона во Порто, но потоа неговите престои во Челзи и Тотенхем беа разочарувачки. Во 2014/15 го презеде Зенит и стигна до титулата во шампионатот на Русија. Првиот кандидат за наследник на Зинедин Зидан и понатаму е Маурисио Почетино, иако преговорите помеѓу Реал Мадрид…

Read More

Манчестер Јунајтед нема да го привлече одбранбениот играч на Јувентус Алекс Сандро, објави весникот „Мирор”, повикувајќи се на извор од клубот. „Црвените ѓаволи” засега нема да земаат друг играч на позицијата лев краен дефанзивец, но при соодветна можност на разумна цена имаат тенденција да остварат трансфер. Засега менаџерот Жозе Мурињо смета дека може да се справи со Ешли Јанг и Лук Шоу, кои може да ја покријат таа позицијата. Во моментов доста приоритетно за Мурињо е засилување на централниот дел од одбраната. Португалецот дури дал листа од осум имиња, од кои би можело да биде привлечен барем еден на „Олд…

Read More

Напаѓачот на Лестер и репрезентацијата на Англија, Џејми Варди, го обвини поранешниот селектор Рој Хоџсон за неуспехот на Евро 2016. Англија на тоа ЕП загуби сензационално од Исланд во 1/8 финалето на шампионатот. „Тој пораз од Исланд на ЕП беше само дното”, се сеќава Варди, ви интервју за британските медиуми. „Мислам дека не бевме подготвени за тој натпревар. Кога Исланд поведе, тоа беше вистински шок за нас и едноставно немавме поим што да правиме на теренот. Ние дури и не разгледувавме сценарио во кое Исланд ќе има водство, а тренерскиот персонал тогаш направи многу пропусти во подготовката на тој натпревар“…

Read More