Author: riste

Поранешната ѕвезда на Реал (Мадрид) и актуелен фудбалер на ПСЖ Анхел Ди Марија може да се врати во шпанската престолнина и да заигра во дресот на Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми. Според истите извори адвокатот на аргентинскиот репрезентативец се сретнал со спортскиот директор на Атлетико Мадрид  Андреа Берт пред неколку недели. Тренерот на Атлетико Диего Симеоне одамна сака неговиот сонародникот да дојде во екипата која ја предводи. Овој трансфер може лесно да се реализира доколку францускиот репрезентативец Антоан Гризман го напушти клубот и замине во Барселона. Договорот на Ди Марија со ПСЖ е до летото 2019 година, а според различни…

Read More

Играчот од средниот ред на Стоук Сити Џо Ален може да се пресели во Севиља. Според информациите кој ги објави весникот „Сан”, шпанскиот клуб е заинтересиран за 28-годишниот играч од средниот ред на оваа екипа од Англија. Другите кандидати за потпис на играчот се Вест Хем, Свонси и Њукасл. Од екипата на Стоук најавиле дека ќе бараат околу 20 милиони фунти за Алан. Оваа сезона Џо Ален играше 35 натпревари, постигна  2 гола имаше и  6 асистенции.

Read More

Италијанскиот гигант Милан доби дозвола од УЕФА да учествува во новата сезона на европските клупски натпреварувања. Како што стојат работите на табелата Милан ќе ја претставува Серијата „А” во Лига Европа. Лиценцата е добра вест за клубот и навивачите, бидејќи имаше вести во ноември дека УЕФА нема да им дозволи да се натпреваруваат поради непочитување на финансискиот фер плеј. Самата комисија за лиценцирање на УЕФА првично одби да склучи договор со Милан за да ги презакаже нивните исплати на финансиски фер плеј. Менаџментот на клубот потоа почна да склучува договори и успеа да го забрза решавањето на проблемот. УЕФА денеска…

Read More

Играчот од средниот ред на Атлетик Билбао, Раул Гарсија имал проблеми со срцето, објавија шпанските медиуми. 31-годишниот фудбалер страда од срцева аритмија, која барала хируршка интервенција. Операцијата поминала добро и Гарсија се очекува да биде пуштен дома денес. Тој сигурно ќе ги пропушти останатите два натпревари од сезоната во Ла Лига. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид имаше проблеми со срцето прв пат за време на летните подготовки во 2016 година. Лекарите потоа одлучија дека може да продолжи да игра, а играчот од средниот ред потоа одигра 48 натпревари и постигна 14 гола во текот на оваа сезоната.

Read More

Дефанзивниот играч на Арсенал, Лорен Кошчиелни, ќе мора да се опоравува шест месеци од повредата што ја доби за време на полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид. 32-годишниот фудбалер заработи повреда на ахиловата тетива на почетокот на натпреварот со Атлетико Мадрид минатата недела и ќе го пропушти Светското првенство во Русија. “Кошчиелни е уништен, тој е подложен на операција и ќе биде вратен за шест месеци, во најдобар случај може да се врати на фудбалскиот терен околу декември”, изјави менаџерот на Арсенал Арсен Венгер, кој на крајот на оваа сезона си заминува од клубот.

Read More

Сопствениците на Арсенал сепак го намалиле кругот на кандидати за избор на нов менаџер на тимот кој ќе треба да го замени Арсен Венгер. Во моментов постојат две опции за тоа кој ќе застане на чело на клубот, информираше денеска „Скај Спортс”. Во последните две недели не престануваа шпекулациите за тоа кој ќе биде човекот на чело на „топџиите” од следната сезона, а раководството на клубот сака ова прашање да го реши пред почетокот на Светското првенство. Масимилиано Алегри, кој е на пат да го однесе Јувентус до четвртата последователна титула на Италија, е сметан за фаворит, иако има уште…

Read More

Тимот на Интер повторно ја има својата судбина во свои раце. „Нероазурите” имаат голема шанса да се вратат во Лигата на Шампионите по долго отсуство, последен пат тоа беше во 1/4-финалето против Олимпик Марсеј. Интер тогаш отпадна по една победа и еден пораз и вкупен резултат од 2:2 во двата натпревари. Тоа се случи во веќе далечната 2012-та година, а оттогаш тифозите на гиганти сонуваат за враќање во елитниот европско клупско натпреварување. За да го направат тоа, фудбалерите на Лучијано Спалети мора да ги добијат своите два натпревари до крајот на сезоната. Во сабота вечер, екипата на Интер ќе биде…

Read More

Алекс Фергусон излезе од кома и покажува ветувачки рани знаци на опоравување по итната хируршка интервенција на мозокот. Најуспешниот менаџер во британскиот фудбал останува во интензивна нега, но од синоќа седи и веќе разговарал со семејството и пријателите во Кралската болница во Салфорд, каде што беше примен во саботата, пишува „Дејли Меил”. Хируршката интервенција помина многу добро, а реакцијата на 76-годишниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед даде надеж и оптимизам на неговите блиски. Сепак, тие признаваат дека постои долг и бавен пат до целосно закрепнување на Сер Алекс Фергусон. Веста за состојбата на Фергусон го потресе фудбалскиот свет кој се…

Read More

Челниците на Рома немаат намера да се разделат со голманот Алисон, кој во последните месеци стана трансферна цел на доста водечките клубови во Европа, на чело со Реал Мадрид и Ливерпул. Бразилскиот репрезентативец има одлични настапите оваа сезона, но во секое свое интервју нагласува дека е среќен во Рим и би се радувал да остане во составот на „волчицата”. За да го стори тоа, клубот планира да му понуди нов договор со значително подобри финансиски услови. Според медиумите во Италија, во Рома се подготвени двојно да ја зголемат платата на Алисон, за да го продолжи договорот. Ако двете страни се…

Read More

Десниот бек на Јувентус, Стефан Лихтштајнер ќе оди во Борусија (Дортмунд) по крајот на сезоната. Швајцарскиот репрезентативец веќе објави дека го напушта Јувентус, а медиумите во Италија откриле дека следната дестинација во неговата кариера ќе биде Бундеслигата. Веб страницата на „Калчомеркато“ тврди дека братот на дефанзивецот, кој исто така е и негов личен агент, одржал успешни разговори со челниците на Борусија. „Жолто-црните” се обидуваат да го привлечат Лихтштајнер веќе две години и нивната цел конечно ќе се реализира. Договорот на 34-годишниот играч со Јувентус е до ова лето, а во наредните денови тој ќе потпише пред-договор со Борусија Дортмунд. Лихтштајнер…

Read More