Author: saso

Играчот од средниот ред на германски Келн, Леонардо Битенкорт, е на мета на англиски Тотенхем и француски Монако. Тоа значи дека за фудбалерот ќе се води жестока битка ова лето, а во неа може да се вклучат уште неколку поголеми европски тимови. Според весниците, договорот кој Битенкорт го има со германскиот клуб е со опција за откуп за само 8 милиони евра. Оваа сезона, 24-годишниот играч од средниот ред има одиграно 17 натпревари во Бундеслигата.

Read More

Поранешниот фудбалер на Холандија, Ливерпул, Фенербахче и Феенорд, Дирк Кајт ја започна својата тренерска кариера. 37-годишниот Холанѓанец го предводеше младинскиот тим на Феенорд и наскоро ќе ја добие потребната лиценца за тренерска работа од УЕФА. Официјално, кајт ќе стане прв тренер на младинскиот тим на тимот од Ротердам на почетокот на следната сезона.

Read More

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ја победи конкуренцијата за наградата за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела. Тој освои 57% од гласовите и дојде до престижната награда. Салах постигна гол и асистираше за уште еден во победата од 3:0 на Ливерпул против Манчестер Сити во првиот 1/4-финален натпревар од турнирот. Иако Египќанецот да се повреди и мораше да биде заменет малку по паузата, тој остави исклучително добар впечаток со настапот. Поранешниот фудбалер на Рома и Фиорентина го надмина дури и Кристијано Роналдо кој постигна два гола на мечот со Јуве, од кој еден прекрасен со ножички.

Read More

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација славеше и во 2. коло на турнирот од Третата Европска зона во Пловдив, Бугарија. Денеска нашите тенисери остварија победи во сингл и со тоа го решија прашањето на победникот и на денешниот дуел со селекцијата на Албанија. Во првиот сингл натпревар Горазд Србљак со преубедливи 6-0/6-0 славеше над Арбер Сулстарова, додека Димитар Грабул му препушти само три гејма на Марио Зили (6-3/6-0). Последниот дуел во игра на двојки ќе го одиграат Мицов и Јанкуловски против Мјештри и Шипхеја.

Read More

Викендов на патеката Матка крај Скопје ќе се одржи јубилеен 50-ти кајак слалом ИКАС. Со учество на рекорден број на учесници, в сабота и в недела, Скопје ќе биде домаќин на престижната манифестација на која се очекуваат гости од над 14 европски земји. Со оглед на тоа што пријавувањето е се уште во тек, се уште не се знае конечниот број на учесници на трката. В сабота во утринските часови се планирани квалификациите, додека в недела ќе биде и главниот натпревари. На прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт, директорот Каевски зборуваше за реномето на настанот. „Организацијата и поддршката на…

Read More

Денеска ни претстои уште интересна фудбалска вечер сои првите четврфиналени средби во Лигата на Европа. Еден од најинтересните дуели во оваа фаза е соседското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Спортинг. Двата тима од Пиринеите се борат за место во полуфиналето, а позицијата на фаворит ја задржуваат домашните, кои се еден од главните фаворити за освојување на натпреварувањето. Вториот голем фаворит Арсенал на својот „Емирати“ го пречекува рускиот гигант ЦСКА (М). Лондончани се надеваат дека е успеат да направат комотна предност пред реваншот во Москва следната недела. Необична ќе биде пресметката меѓу Лацио и Салцбург, со оглед на тоа што Австријците…

Read More

Челзи веќе има голем фаворит за ново менаџерско решение следната сезона. Според авторитетните медиуми во Англија, скоро сигурно, Абрамович го договорил доаѓањето на Леонардо Жардим од Монако. Според последните информации, шефовите на „сините“ одамна го гледаат Жардим како менаџер на „Стемфорд Бриџ“, а конечно договорот ќе падне по завршувањето на сезоната. Антонио Конте, кој скоро сигурно ќе си замине од клубот во текот на летото, имаше страшни разлики во ставовите со раководството. Слабите резултати на „сините“ само го потврдуваат неговото заминување. 43-годишниот Жардим четвртата сезона е на стадионот “Луј II”, а минатата сезона успеа да го донесе тимот до неочекувана…

Read More

Словенија го доби последното слободно место во АБА лигата за следната сезона. Вчера во финалето на Ф4 турнирот во 2. АБА лига, екипата на Крка го победи тимот на Приморска и успеа да обезбеди место во првото по ранг регионално натпреварување. Крка се враќа во елитата по пауза од само една година и редовно учество од пет години во елитата на АБА лигата.

Read More

Менаџерот на Манчестер Ј. ризикува да влезе во конфликт со навивачите на клубот откако се појавија информации дека летово сака да го купи крилото на Реал (М), Герет Бејл. Според англиските весници, Велшанецот не е посакуван од фановите на клубот, кои и јавно му порачаа да не се труди да го носи Бејл на „Олд Трафорд“. Дел од фановите од фан клубот на Јунајтед преку социјалните мрежи почнаа и кампања против ангажманот на некогашниот фудбалер на Тотенхем во нивниот клуб. Сепак, една друга група поддржувачи, сепак, смета дека Бејл може да биде добра опција за следната сезона. Мурињо, пак, изјави…

Read More

Според германскиот весник „Билд“ новиот тригодишен договор кој светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе го добие од Мерцедес ќе му донесе приход од рекордни 60 милиони долари годишно. Станува збор за новиот договор со важност од 2019 до 2021 година. „Ние сме апсолутно на иста бранова должина, но еден таков договор е над 100 страници со соодветен број работи за решавање, и сето тоа треба да се направи прво, пред да се потпише“, изјавил извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф. До крајот на 2021 година, новиот договор на Хамилтон ќе му донесе приближно 184 милиони долари, неверојатен износ,…

Read More