Author: saso

Ливерпул во неизвесност ги очекува лекарските прегледи кои треба да бидат направени денеска за да се дознае степенот на повредата на најдобриот фудбалер на „црвените“ оваа сезона, Мо Салах. Тој се повреди на стартот на второто полувреме на синоќешниот меч со Манчестер Сити во четврфиналето од Лигата на шампионите. „Мо ми рече дека чувствува мала непријатност и тоа ми беше доволно да го заменам, без дури да го прашам лекарот. Потоа го прашав како е и тој ми рече дека е доста подобро. Сега сепак треба да ја почекаме вистинската дијагноза , а не онаа која тој ја дава сам“,…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, машки го прими синоќешниот нпораз на преполнит „Енфилд“. Тој призна дека неговиот тим беше навистина лош во офанзивата и дефинитивно на овој натпревар се покажа колку во тимот недостасува Кун Агуеро. „Ние не создадовме чиста ситуација, а домашните направија совршена одбрана. Потребата од еден гол, само еден гол, не успеавме да ја постигнеме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на натпреварот со Манчестер Јунајтед, бидејќи со победа во дербито можеме да си кја потврдиме титулата во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пак призна дека е шокиран од победата со 3:0 над Манчестер Сити на синоќешниот 1/4-финален натпревар од Лигата на Шампионите, кој се одигра на “Енфилд”. Германецот не го криеше своето задоволство, но и фактот дека ни најмалку не очекувал ваква победа. „Не очекувавме ваков резултат, но сепак требаше да играме повеќе фудбал во вториот дел. Противникот немаше речиси нити една шанса, но и ние не игравме на вистински начин во вториот дел. Задоволен сум целосно од претставувањето“, изјави Клоп.

Read More

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, беше доста разочаран по тешкиот пораз со 4:1 на гостувањето кај Барселона синоќа. Тој ги критикуваше и неговите играчи, но и судијата, истакнувајќи дека каталонците се доволно силен тим и немаат потреба од судиска помош. „Барселона е многу силен тим и нема потреба од помош, но во овој случај тие добија такво нешто од судијата, но и од самите нас. Се претставивме комплетно добро, но направивме многу наивни грешки и си плативме скапо. Не можам да се пожалам од односот и карактерот на момците, бидејќи тие се обидоа да дадат сè од себе“, вели…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пак, призна дека не му пречи противниците на неговиот тим понекогаш да им помагаат во победите. Во овој случај Рома си постигна два автогола во синоќешната победа на Каталонците од 4:1. „Во една сезона има секакви натпревари. Има натпревари во кои понекогаш добиваш повеќе од она што го заслужуваш и натпревари во кои добиваш помалку од она што заслужуваш. Јас немам против тоа што гостите постигнаа два автогола. Мислам дека беше многу важно да постигнеме четврти гол, откако тие намалија. На крајот се радувам што тоа успеавме да го направиме“, вели Валверде.

Read More

Шестото издание на Женската трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за првпат како улична трка обедини над 1700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекорден одзив за учество на оваа трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон. Годинешни победнички на трката се Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска, кои добија вредни награди. Учесничките на Женската трка минаа 2 километри на булеварот Илинден во Скопје манифестирајќи силна желба да се биде дел…

Read More

Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез и генералниот директор на клубот Хозе Анхел Санчез, разговарале со агентот на напаѓачот на Баерн (М) Роберт Левандовски и го информирале дека сакаат Полјакот да поднесе барање за трансфер. На овој начин, тие се надеваат дека ќе го забрзаат трансферот на Левандовски на „Бернабеу“. „Кралевите“ сакаат да се засилат со голгетерот во текот на летото, но во моментов “баварците” се категорични дека немаат намера да го продадат. Според шпанските весници, Левандовски веќе разговарал со Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге и во директен разговор им изјавил дека сака да премине во Реал (М). Напаѓачот има…

Read More

До крајот на оваа календарска година, најголемите боксерски ѕвезди во тешка категорија Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, ќе се најдат еден против друг во рингот. Ова го вети промоторот на Британецот, Еди Херн. Џошуа синоќа победи на поени против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер и веќе ги поседува светските титули во WBA, WBO, IBO и IBF. Единствено му недостасува шампионскиот појас од WBC, со што би станал првиот апсолутен шампион по Ленокс Луис, кој ја освои таа титула во 2002 година Титулата во WBC ја има Вајлдер, кој од 40 натпревари, има 40 победи, а дури 39 се со нокаут. „Ваков меч…

Read More

До крајот на април ќе биде јасно кој ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен. Ова го изјави извршниот директор на „баварците“, Карл-Хајнц Румениге. Тој додаде дека Јуп Хејнкес сигурно нема да продолжи да ја води екипата следната сезона. Шефот на Баерн, откри дека разговорите со Томас Тухел биле пропаднале и  тој дефинитивно веќе не е кандидат за тренерското место во редовите на германскиот шампион. „Ние сакаме тренер од германското говорно подрачје, а Јуп Хајнкес нема да го води тимот понатаму. Неговата желба е да работи само до крајот на сезоната. Нашиот спортски директор, Хасан Салихамиџиќ, зборуваше со неколку тренери,…

Read More

Некои од најголемите играчи во историјата на НБА лигата, синоќа беа прифатени во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, Масачусетс. Официјалната церемонија ќе се одржи на 7-ми септември. Нови членови на „Куќата на славните“ се Џејсон Кид и Стив Неш кои остануваат во историјата како некои од најголемите асистенти, но и Реј Ален, кој е бр.1 по постигнати тројки. Во листата на нови „жители“ во Спрингфилд е и 10-кратниот учесник на „Олс-Стар“ натпреварите, Грент Хил.

Read More