„Спортски новости“ пренесе информација дека капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, добил огромна финансиска понуда да се пресели во шампионатот на Кина. „Лука Модриќ во рацете држи неверојатна понуда. Кинезите се подготвени да му даваат годишна плата од 40 милиони евра. Секако станува за нето износ“ стои во текстот. Играчот на Реал Мадрид во моментов заработува осум милиони евра годишна плата. Доколку Хрватот ја прифати понудата и се упати во Кина, тогаш ќе биде најдобро платениот фудбалер на планетава. Кинезите покрај финансиските услови за Модриќ ќе мораат да ја покријат и неговата клаузула за превремено заминување од тимот на „кралевите“. Тој…
Author: dino
Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, за локалниот медиум – „Диаиро гол“, потенцирал дека знае кој ќе ја добие „седумката“ на Кристијано Роналдо кој пред извесен период си замина од шпанскиот состав и за 105 милиони евра се пресели во италијанскиот шампион Јувентус. Според наведеното, репрезентативецот на „Фуријата“, Марко Асенсио, од наредната сезона ќе го носи дресот со бројот седум. 22-годишниот играч е голема надеж на шпанскиот фудбал а управата на „кралевите“ се определи токму тој да го добие дресот кој го носеше Роналдо.
Меџик Џонсон, претседателот на кошаркарскиот состав од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, изјави, дека не се плаши од шампионот Голден Стејт. Легендарниот бек на „езерџиите“ во гостувањето во емисијата на Џими Кемпл, проговори како за дуелите со воините кои во две последователни години ја обезбедија титулата така и за привлекување на Леброн Џејмс. „Сите сме свесни за големиот предизвик. Очекувањата се дека Голден Стејт ќе победи повторно, но, јас би сакал да играме со нив во финалето на Западот. Јас имам натпреварувачки дух и не се плашам од нив. Знам дека имаме солиден тим со играчи кои се победници “,…
Шесткратниот шампион на кошаркарската Евро-лига, Панатинаикос, ги обезбеди услугите на младиот центар, Јоргос Папајанис. 21-годишниот Грк се врати во татковината по неуспешниот престој во НБА. Таму за две сезони поминати во Сакраменто и Портланд одигра само 39 натпревари со просек со 4,1 поен и 3,2 скока. Високиот центар кој беше одбран под бројот 13 на НБА драфтот во 2016 година, не стигна до најдобрите. Папајанис пред да игра во САД беше дел од ПАО и Паниониос.Неговиот договор со Панатинаикос ќе биде за наредните пет сезони.
Италијанските медиуми објавија попладнево дека Спортскиот арбитражен суд ја прифатил жалбата на Милан поради забраната за играње во Лига Европа. Одлуката треба да се официјализира во наредните часови. Со неа, на „росонерите“ ќе им биде дозволено да играат во Лига Европа дури од наредната сезона 2019/20. Пред објавувањето на одлуката на Спортскиот арбитражен суд, претставникот на Милан, Марко Фасоне, истакна дека членовите на судот ги дознале сите детали и дека имаат многу елементи да донесат позитивна пресуда за италијанскиот состав.
Тимот на Мерцедес ја комплетираше екипата за наредната сезона. Откако вчера стана јасно дека Луис Хамилтон останува до 2020, денеска официјално беше објавено дека Валтери Ботас исто така потпишал за една година со опција за уште една. Тоа им стави крај на сите шпекулации и за можните промени во екипата. Финецот откако влезе во екипата во 2017 година забележа три победи. Во изјавата на тимот се вели дека Валтери одиграл клучна улога во освојувањето на шампионската титула во претходната сезона. „Многу сум горд што ќе бидам дел од овој неверојатен тим. Немам трпение да видам што ќе се случи. Ќе…
Дури 29 клубови од НФЛ лигата се сместени меѓу првите 50-ет во последната анкета на Магазинот „Форбс”. Листата е направена со анализа на НФЛ; НХЛ, НБА, МЛБ, фудбалските тимови, како и екипите во Формула 1 и Наскар. На првото место на највредните екипи се наоѓа тимот на Далас откако „каубојците” се проценети на сума од 4.8 милијарди долари. Зад нив се европските фудбалски гиганти Манчестер Јунајтед (4.12 милијарди), Реал Мадрид (4.08) и Барселона (4.06). Во Топ десет уште влегуваат и: Њујорк Јенкис (МБЛ), Њу Ингланд Петриотс (НФЛ), Њујорк Никс (НБА), ЛА Лејкерс (НБА), Њујорк Џајентс (НФЛ) и Голден Стеј Вориорс…
Екипата на Ливерпул го комплетираше трансферот на Бразилскиот голман, Алисон Бекер, кој стана најскапиот чувар на мрежата во историјата на фудбалот. Тој синоќа успешно ги реализираше медицинските прегледи и потпиша шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“. „Црвените“ сега ќе и исплатат на италијанската Рома вкупно 70 милиони евра ( 62 милиона во готово а остатокот преку бонуси). За големиот трансфер проговори и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. „Пазарот ги диктира цените а голманите моментално држат висока цена. Добивме фантастичен, можеби дури и најдобар голман на светот, кој изненадувачки одлично зборува англиски“ – рече Клоп.
Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, откри дека пред Мундијалот во Русија или поточно за време на турнејата во Америка, дел од луѓето во федерацијата блиски до претседателот, Шукер, се обиделе да го натераат да даде оставка. Далиќ кој со „коцкестите“ постигна историски успех играјќи во големото финале на Светското првенство, потенцира дека по пристигнувањето од Америка бил цврсто решен да си замине од селекцијата, но, сега размислува дали да остане на таа одлука. „Сега сум пред тешка одлука, мене парите не ме интересираат. Заработив доволно а јас и моето семејство сме скромни луѓе“ – потенцирал Далиќ.
Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, јавно порача дека нема намера да си замине од Франција иако за неговите услуги беше заинтересиран составот на Реал Мадрид кој во изминатата сезона ги елиминираше „светците“ во осминафиналето во ЛШ. „ Останувам тука. Имам договор со ПСЖ и тука сум за нови предизвици и поголеми цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона.“ – изјави репрезентативецот на Бразил кој во финишот на изминатата сезона заработи потешка повреда и мораше да пропушти дел од средбите. Речиси во истовреме и составот од Шпанија испрати соопштение во кое беше потенцирано дека воопшто не испратил понуда за Нејмар.
