Фудбалерите на Вардар не успеаа да поминат во второто елимианциско коло во Лига Европа откако и во реваншот загубија од Пјуник со 2:0. „Црвено-црните“ на Арената во Скопје одиграа разочарувачки и без идеја како да ја анулираа негативата од првиот натпревар додека остите трпеливо ги дочекаа нивните минути и преку Балде во 85-та и Конате во 89-та минута успеаа два пати да погодат во мрежата на нашиот тим. Вардарци по само два меч ќе и кажат збогум на Европа.Тоа претходно им се случи и на Шкупи и на Работнички.
Author: dino
Илчо Ѓорѓиоски ќе го напушти кормилото на Фудбалската федерација на Македонија.Тој според последните информации, најавената оставка ќе треба да ја поднесе до членовите на УО на утрешната седница. Ѓорѓиоски кој шест години беше прв човек на мак-фудбалот добил покана од Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, да се активира во неговиот кабинет. Додека ФФМ да добие нов претседател, раководната палка ќе ја имаат потпретседателите во федерацијата и Генералниот секретар, Филип Поповски.
Фудбалската федерација на Македонија ќе добие нови вонредни средства од УЕФА во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, изјави на денешната прес – конференција генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. „Денеска официјално можеме да потврдиме дека ФФМ со помош на УЕФА е способна институција да ги поддржи идните проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории, кои се во нашиот фокус и согласно стратешкиот план на федерацијата. Со гордост можам да најавам е дека благодарение на реализираните проекти, УЕФА ни доделува нови, вонредни средства од „Хет Трик“ програмата во…
Наградниот фонд на последниот годинашен тениски Грен Слем турнир – „САД Опен“, достигна рекордно високо ниво. Сега сумата ќе биде околу 53 милиони или речиси 5 проценти повеќе во однос на 2017 година. Победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3,8 милиони долари, што е за 100.000 долари повеќе од изминатата година. За поразените во финалето се предвидени 1,85 милиони. Победниците во двојки (мажи и жени) ќе добијат по 700.000 долари. Јубилејното 50-то издание на Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 27 август до 9 септември.
Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, планираат да го купат играчот на Атлетико Мадрид, Диего Годин. Дефанзивцот има клаузула во договорот со Шпанците во висина од 20 милиони евра која не би требало да претставува проблем за калчо-лигашот. Директорот на Јувентус, Паратичи замина во Мадрид да го убеди Годин да се вклучи во новиот проект на „старата дама“. Доколку се оствари желбата на Јуве, 32-годишниот играч ќе биде значаен дел од одбраната на тимот кој има големи амбиции во новата сезона пред се во меѓународната конкуренција.
Пол Погба има намера да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од односот со тренерот, Жозе Мурињо. Французинот се активираше во Премиер лигата пред две години за 105 милиони евра, но, сега може да се врати во Италија за само 60 милиони евра бидејќи има таква клаузула во договорот. „Тутомеркато“ денеска пишува дека репрезентативецот на „Галските петли“ кој се израдува на шампионскиот пехар во Русија, бил заинтересиран за новиот проект на Јувентус.
Реал Мадрид на 5. август ќе одигра контролен меч против Јувентус на Интернационалниот Куп на шампионите кој традиционално се реализира на стадионите во САД. Тоа значи дека Кристијано Роналдо кој во текот на летово го напушти шпанскиот состав и замина во Торино, сега ќе има можност да игра токму против „кралевите“. Реал Мадрид првиот меч на турнејата ќе го има против Манчестер јунајтед кон крајот на јули а потоа ќе дојде и спектаклот против Јувентус. Една недела подоцна Реал во улога на европски првак ќе игра против градскиот ривал Атлетико Мадрид (освојувач на Лига Европа) во рамките на Супер-купот на…
Фудбалскиот состав, Реал Мадрид, ќе се обиде да го купи голманот на Челзи, Тибо Куртоа, кој на СП во Русија ја доби наградата од „Адидас“ – „Златна ракавица“, која му се доделува на најдобриот голман на еден Мундијал. Куртоа во силна конкуренција ја доби трката со Уго Лорис и Џордан Пикфорд откако прими само 5. голови. Според извори блиски до шпанскиот гигант, „кралевите“ се на добар пат да ја остварат целта бидејќи и самиот голман нема намера да ја продолжи соработката со „сините“ од Лондон. Засега не се споменува трансферната сума, но, јасно е дека Реал Мадрид нема да штеди…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, даде негово видување за мега-трансферот на Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус. Португалецот по девет години поминати на – „Сантијаго Бернабе“ се определи да ја напушти Шпанија и кариерата да ја продолжи во најсилната лига на Италија. „Примера нема да ги има двата најдобри фудбалери во светот. Едниот е во Шпанија а другиот во Италија. Сега Серија „А“ станува најзначајното првенство во Европа поради Кристијано. Шпанскиот шампионат ќе го гледаме заради Меси а англискиот поради конкуренцијата. Му честитам на Јувентус за трансферот кој ќе му донесе голем напредок од секој аспект“ -…
Фудбалерите на Шкендија доживеаа пораз од 4 спрема 0 на теренот на ТНС, но, продолжија во наредната рунда во Лигата на шампионите благодарение на победата во првиот меч со 5 спрема 0. Нашиот состав започна конфузно и дозволи противникот уште во 15. минута да дојде до предност со голот на Еб. Домаќинот од 30-та до 35-та минута преку Редмонд и Кабанго направи и убедливи 3-0. ТНС продолжи да напаѓа и во вториот дел а Шкендија не успеа да испарира. ТНС во судисокот надополнување со голот на Берн имаше и 4-0, но, тоа беше се што успеа да направи.
