Author: dino

Прославата на победата на Франција на Мундијалот во Русија донесе трагични моменти во земјата на „триколорите“. Според медиумите, 50-годишен Французин  го загубил животот поради општата мешаница додека во Сен Феликс во сообраќајна несреќа, загинал 30-годишен навивач. Во Париз и во Лион, полицијата имала полни раце работа за да ги заузда разбеснетите хулигани додека во Нанси тешко се повредени две малолетни дечиња. Од француската полиција известуваат дека сеуште нема утврдено колку лица се повредени во инцидентите додека траеше прославата на шампионската титула на Франција.

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откако вчера го освои „Вимблдон“ скокна 11 места на АТП листата и успеа да се врати во Топ 10. Финалистот од Лондон, Кевин Андерсон од Јужна Африка, се искачи за три позиции и сега го има петтото место што е негов најдобар пласман во кариерата. Шпанецот, Рафаел Надал со 9.310 поени останува на челното место пред Роџер Федерер (Швајцариј) со 7.080 и Александар Зверев (Русија) со 5.665. Меѓу најдобрите десет уште фигурираат и : Хуан Мартин дел Потро 5.395, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Џон Иснер со 3.720, Доминик…

Read More

Килијан Мбапе кој ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот во Русија, потецира дека нема намера да си замине од редовите на ПСЖ. 19-годишниот напаѓач кој беше трансферна цел на Реал Мадрид, јасно стави до знаење дека сака да остане на „Паркот на принцовите“. „Кариерата ќе ја продолжам во ПСЖ бидејќи Париз е вистинското место за мене“ – потенцира брзоногиот напаѓач. Мбапе откако направи трансфер од Монако во ПСЖ, успеа да постигне 21 гол во сите конкуренции.

Read More

Репрезентативецот на Португалија, Вилијам Карвањо, го напушти составот на Спортинг и се пресели во редовите на Бетис. 26 годишниот фудбалер кој речиси целата кариера ја помина во екипата од Лисабон, сега потпиша договор за дури 5 години со тимот од Примера Дивизион. Црномурестиот фудбалер за Спортинг има реализирано околу 200 мечеви а за селекцијата на Португалија има одиграно 47 натпревари. Тој беше дел и од Мундијалот во Русија кога неговата селекција отпадна во фазата на елиминации.

Read More

Репрезентативецот на Франција, Антоан Гризман, кој беше прогласен за играч на финалето на фудбалскиот Мундијал во Русија, објасни дека не знаел зошто судијата досуди најстрога казна во корист на неговата репрезентација. „Кога го видов судијата дека оди да ја гледа снимката не знаев зошто го прави тоа. Го прашав а тој ми одговори дека имало играње со рака. Останав смирен при пеналот и погодив“ – рече Гризман. Неговата селекција со победата против Хрватска од 4 спрема 2 по втор пат успеа да стане светски шампион.

Read More

Лука Модриќ кој го доби признанието за најдобар играч на Светското првенство во Русија, изјави, дека  наградата дошла благодарение на неговите соиграчи. Хрватите денеска загубија во големото финале од Франција со 4:2. „Дадовме се од себе и бевме подобра екипа во поголемиот дел од мечот. Примивме неколку несреќни голови. На крајот тие слават, но, ние можеме да бидеме горди. Би сакал да се заблагодарам на екипата која ми помогна да го добијам признанието“ вели играчот на Хрватска. „Кога ќе ја видите поддршката на навивачите тоа ве прави уште посреќен. Не е лесно да се доживее пораз, но, што е тука…

Read More

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, по поразот од Франција во финалето на Мундијалот во Русија, изјави дека сегашнава генерација не смее да биде тажна бидејќи одигра одлично и го надмина успехот на генерацијата од 1998 година. „Mора да бидеме горди на тоа како игравме и колку бевме достоинствени.Модриќ ја заслужи наградата за најдобар играч, голем успех е среброто. Нема причини за тага туку само за – среќа“ – изјави Далиќ. „ Жал ми е што не сме светски прваци бидејќи играчите заслужија такво нешто. Мора да бидеме среќни. Освоивме три трофеи. Тој на Лука, среброто и – навивачите!. Денови беше…

Read More

Мечевите на Мундијалот во Русија ги следеле повеќе од 3 милиони фанови на фудбалот. Натпреварите се одржаа во 11 градови низ целата земја. На сите 64 натпревари имало точно 3 милиони и 31 илјада и 768 присутни. Според тој индикатор, Светското првенство во Русија влегува во петте  најпосетени Светски првенства во историјата. Повеќе гледачи имало само во 1994 година во САД (3 587 538), 2006 во Германија (3 359 439), 2010 во Јужна Африка (3 178 856) и 2014 во Бразил (3 429 876). Просечното присуство на натпреварите во Русија беше 47.371 гледач. Во финалето на стадионот “Лужники” во кој…

Read More

Тибор Куртоа од селекцијата на Белгија е прогласен за најдобар голман на 21 фудбалски Мундијал кој денеска заврши во Русија со триумф на селекцијата на Франција. Наградата -„Златна ракавица“ која ја доделува „Адидас“, заврши во рацете на чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи’ кој беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација на крајот го освои бронзаниот медал. Куртоа прими 6 голови на седум средби или во просек 0,86 по меч а неговата репрезентација забележа историски успех бидејќи прв пат се искачи на третото место на Мундијалите.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ и на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар млад фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство на терените во Русија. Франција денеска во големото финале на стадионот „Лужники“ во Москва ја совлада Хрватска со 4 спрема 2 а Мбапе беше стрелец на еден од погодоците. Напаѓачот на „галските петли“,  успеа во 65 минута да го совлада голамнот Субашиќ со што стана вториот тинејџер кој постигнал гол во финален меч на еден Мундијал.

Read More