Author: dino

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да се ослободи од четворица играчи. Тој откако го продаде  Дени Вард во Лестер за 14 милиони евра, планира да ја раскине соработката со уште неколку фудбалери. За Дени Ингс тимот на Кристал Палас понудил 23 милиони евра. Голманот, Симон Мињоле, е блиску до трансфер во Бешикташ за сума од 13-14 милиони фунти додека Лазар Марковиќ би можел да отиде во Олимпијакос за околу осум милиони фунти. Последен на листата е Ориги за кого е заинтересирана Валенсија. Шпанците треба да понудата околу 20-ет милиони за да го добијат играчот на „црвените“.

Read More

Фудбалскиот шампион Шкендија е најдобриот македонски тим кој фигурира на клупската листа на УЕФА. Тетовци со последните победи против ТНС и Шериф во квалификациите за ЛШ успеаа да го поминат Вардар кој драстично го расипа рејтингот по поразите од Пјуник во квалификациите за ЛЕ. Шкендија сега има коефициент 5.500 што е доволно за 163-то место  додека „црвено-црните“ имаат коефициент 5.000 кој ги спушти на 180-та позиција. На листата на УЕФА има 449 клубови. Што се однесува до ефектот на земјите кои имаат претставници во европските конкуренции, Македонија  има коефициент 7.878 и се наоѓа на 34. место од вкупно 55 рангирани.…

Read More

Агентот задолжен за трансфери на фудбалерот на Јувентус, Матија Калдар, стапил во контакт со челниците на Милан. Тој ги информорал „росонерите“ дека неговиот клиент сака да се активира на „Сан Сиро“ и дека може да се започнат преговорите со „старата дама“. Во медиумите се појави и информација дека Калдар може да биде трампан за Бонучи со евентуална мала компензација.

Read More

Фудбалскиот состав на Мајнц понудил 8.000.000 евра за да го купи дефанзивниот играч на Еспањол, Арон Мартин. Тоа според проценките нема да биде доволно бидејќи екипата од Барселона ќе бара од 10.000.000 до 12.000.000. Тоа значи дека германскиот тим во наредните денови ќе треба да испрати нова понуда за да дојде до потписот на Мартин кој тгреба да биде замена за Абди Дијала кој се пресели во Борусија Дортмунд.

Read More

Англискиот фудбалски состав Евертон, има намера во еден пакет да ангажира двајца играчи на Барселона. Според наведеното во медиумите, екипата од „Гудисон парк“ подоготвува понуда за Џери Мина и Лукас Дин кои не успеваат да се наметнат за првата постава во шпанскиот тим. Каталонскиот „Спорт“, објави дека популарните „карамели“ ќе испратат понуда од големи 55.000.000 евра за да ги купат двајцата фудбалери.

Read More

По големиот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, не престануваат реакциите на видни личности од светот на фудбалот. Масимо Морати кој своевремено беше прв човек на Интер, вели дека ако сега ја има таа улога, сигурно ќе го ангажирал Роналдо како што тоа го стори со неговиот имењак од Бразил во 1997 година. „Јувентус направи одличен потег.  Јас бев во таква ситуација со  ангажманот на Бразилецот Роналдо. Затоа мора да му се честита на Јувентус “ потенцирал Морати.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој 10-тина години го носи дресот на  „кралскиот клуб“, вели дека никогаш не помислил дека ќе освои толку многу трофеи. „Клубот е предодреден да освојува титули, секогаш мора да триумфира и да постигнува големи успеси. Знаев дека ќе имам тешки години бидејќи играм за најдобриот клуб во светот“ – изјави фудбалерот за официјалната веб страна на Реал и воедно посочи на кои два сегмента работи новиот тренер Лопетеги. „Тој сака неговиот тим да има голем посед на топка, работиме многу на тоа, но, работиме напорно и на моментите кога треба да направиме пресинг“ -…

Read More

Селекторот на  нашата машка ракометна репрезентација У-20, Данило Брестовац, од денеска го презема кормилото на првата екипа на Металург. „По три години добивам можност да се вратам дома и да бидам поблиску до семејството и тоа во клубот кој го сакам како мој. Јас не сум Дејвид Коперфилд, па да дојдам со магично стапче и да направиме чуда.Треба да направиме многу работи за да одиме напред во  Европа“ – изјави Брестовац. Новиот тренер на Металург допрва ќе одреди кој ќе му помага во стручниот дел во екипата и каков ќе биде планот за подготовки.

Read More
NBA

Кевин Лав и Кливленд Кавалирс ја продолжија соработката за нови четири години. Крилниот центар за тој период ќе добие 120 милиони долари. „Кога доаѓав од Минесота, мојот план беше да останам долго време во Охајо а сега тоа и се случува“, изјави искусниот Лав. Еден од најдобрите кошаркари во последните сезони во НБА лигата, Крис Пол, ја продолжи соработката со Хјустон Рокетс. Тој во претходната сезона имаше во просек по 18,6 поени, 7,9 асистенции и 5,4 скокови. Двејн Вејд кој изминатата сезона ја помина во Мајами Хит добил понуда од Кина. Имено, екипата на „Голден Булс“ испратила понуда вредна 25…

Read More

Милан и Јувенту се обидуваат да најдат заеднички јазик и да разменат дел од фудбалерите. Преговорите се во напредна фаза за Бонучи и Игуаин а во целата приказна може да влезе и и Матија Калдара. „Росонерите“ во замена за Бонучи го сакаат младиот дефанзивец кој во текот на летово пристигна од Аталанта. 24-годишниот стопер се наметнува како еден од најголемите таленти во Италија. Луѓето од Милан проценуваат дека тој ќе биде идеална замена за Бонучи. Вредноста на Калдара и Бонучи е приближна на трансфер пазарот додека ситуацијата со Игуаин е поразлична бидејќи Јувентус бара 60 милиони евра додека Милан нуди…

Read More