Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, даде негово видување за мега-трансферот на Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус. Португалецот по девет години поминати на – „Сантијаго Бернабе“ се определи да ја напушти Шпанија и кариерата да ја продолжи во најсилната лига на Италија. „Примера нема да ги има двата најдобри фудбалери во светот. Едниот е во Шпанија а другиот во Италија. Сега Серија „А“ станува најзначајното првенство во Европа поради Кристијано. Шпанскиот шампионат ќе го гледаме заради Меси а англискиот поради конкуренцијата. Му честитам на Јувентус за трансферот кој ќе му донесе голем напредок од секој аспект“ -…

Read More

Фудбалерите на Шкендија доживеаа пораз од 4 спрема 0 на теренот на ТНС, но, продолжија во наредната рунда во Лигата на шампионите благодарение на победата во првиот меч со 5 спрема 0. Нашиот состав започна конфузно и дозволи противникот уште во 15. минута да дојде до предност со голот на Еб. Домаќинот од 30-та до 35-та  минута преку Редмонд и Кабанго направи и убедливи 3-0. ТНС продолжи да напаѓа и во вториот дел а Шкендија не успеа да испарира. ТНС во судисокот надополнување со голот на Берн имаше и 4-0, но, тоа беше се што успеа да направи.

Read More

Шкупи и Работнички по само два меча на стартот на квалификациите во Лига Европа го завршија настапот во меѓународната конкуренција. Чаирчани се елиминирани од Глазгов Ренџерс а „романтичарите од Хонвед. Екипата на Шкупи одигра на арената во Скопје без голови со шкотскиот гигант што значеше и елиминација бидејќи на првиот меч избраниците на Стивен Џерард обезбедија позитива од 2-0. Фудбалерите на Работнички иако заминаа за Унгарија со предност од 2-1 се вратија со убедлив пораз од 4-0. Домаќинот преку Холнедер во 6. и 16. минута дојде до предност од 2-0. Во вториот дел, Данило во 63 минута реализираше пенал а…

Read More

Катар кој ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година ќе се обиде да го подигне квалитетот на лигата и на репрезентацијата за да може да биде конкурентен со другите селекции. Катарците за таа цел планираат да издвојат голема сума на пари а како приоритет ќе им биде ангажман на квалитетен тренер. Шеикот, Тамим бин Хамид Ал Тани, сака да го ангажира, Французинот, Зинедин Зидан, за кого ќе бидат одвоени 200 милиони евра. Луѓето од Катар покрај ангажманот на искусниот тренер кој со Реал Мадрид три пати ја освои Лигата на шампионите, размислуваат да натурализираат и голем број…

Read More

Поранешниот бразилски репрезентативец и трикратен светски шампион, Пеле, изрази загриженост дека неговите достигнувања можат да бидат засенети од младата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе. Кралот на фудбалот дури се пошегува дека размислува да се врати на теренот на 77-годишна возраст и да освои уште некој трофеј. „Ако Килијан продолжи да ги изедначува моите рекорди, може да ме натера повторно да ги облечам копачките“ се пошегува Пеле. Мбапе со 19 години успеа да постигне гол во финалето на СП во Русија со што се изедначи со Пеле кој исто така успеа да реализира во финалниот меч кога со само 17 години…

Read More

Возачот на Хонда во Мото Гран При шампионатот, Марк Маркез, кој успеа да ја продолжи доминацијата на патеката во Германија, вели дека очекувал многу повеќе од членовите на Дукати. Актуелниот светски шампион на вчерашната трка на патеката – „Заксенринг”,  успеа да ја забележи деветтата последнователна победа. Веднаш зад него завршија членовите на Јамаха, Валентино Роси и Марк Винјалес. „Видов дека Лоренцо притиска во почетокот а потоа одеднаш почна да забавува. Тогаш си реков дека е моментот да ја направам разликата. Довициозо беше многу брз на загревањето и на тренинзите, но, додека траеше трката, изгледа ја немаше потребната брзина “, рече…

Read More

Челзи ќе го пушти Еден Азар да оди во Реал Мадрид само ако шпанците се согласат да платат 200 милиони фунти. Тоа е цената што тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја одреди за играчот на Белгија кој неодамна потенцираше, дека по 6 години, е подготвен да си замине од редовите на „сините“. Ако трансферот стане реалност, Азар ќе биде најскапиот фудбалер во светот. Фудбалерот кој на штотуку завршниот Мундијал во Русија го освои бронзениот медал, има договор со Челзи за уште две сезони. Во меѓувреме, лондончани му понудија да потпише нова соработка со зголемена плата на 300.000 фунти неделно. Сепак, според…

Read More

35 годишниот, Реј Емери, кој долги години бранеше во Националната хокеј-лига на САД и Канада, се удавил во езерото Онтарио, соопшти полицијата во Хамилтон (Канада). Според наведенот, тој заедно со семејството и со пријателите бил на одмор на спомената локација. Неговото тело било пронајдено во езерски води. Засега нема подетални информации за немилиот настан. Рој Емери кој во богатата кариера во НХЛ лигата успеа во 2013 година да го освои „Стенли Купот“, бранеше за екипите на: Отава, Филаделфија, Анахајм и Чикаго.

Read More

Аргентинската ѕвезда, Ангел де Марија, се приближува до трансфер во Интер, најави агентот на фудбалерот, Хорхе Мендеш, кој неодамна успеа да го финализира договорот меѓу Јувентус и Реал Мадрид за ангажманот на Кристијано Роналдо. Трансферот на Аргентинецот на стадионот – „Џузепе Меаца“, зависи од продажбата на португалскиот репрезентативец, Жоао Марио. Наводно, за неговите услуги е заинтересиран составот на Вулверхемптон. Португалецот објави дека нема желба да се врати во Италија а „нероазурите” дека се подготвени да се разделат со него. Сега е се во рацете на Хорхе Мендеш, кој почна да ги финализира двата договора.

Read More
NBA

Српскиот кошаркар, Милош Теодосиќ, ќе продолжи да го носи дресот на екипата на Лос Анџелес Клиперс и во наредната сезона. Раководството на клубот иако по 15 јули можеше да го ослободи играчот и да му исплати 2,1 милион долари, сепак се реши да му го продолжи договорот за уште една сезона со плата од 6,3 милиони долари. 31-годишниот кошаркар одигра 45 мечеви во дебитантската сезона во НБА, со просек од 9,5 поени, 4,6 асистенции и 2,8 скока. Искусниот играч од Балканот поради повреда мораше да пропушти речиси половина од натпреварите на неговиот тим.

Read More