Author: dino

Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани, кој предвреме го напушти мечот со Португалија поради повреда, може да го пропушти дуелот со Франција.Уругвајците објавија дека Кавани ќе тренира одвоено од другите и дека ќе има редовна терапија. Доколку врвниот голгетер не биде во можност за настап, тогаш селекторот Табарез најверојатно ќе го уфрли во нападот Стуани. Фудбалската федерација на Германија донесе одлука Јоаким Лев да остане на кормилото на селекцијата иако „панцирите“ во улога на светски шампиони сензационално беа елиминирани уште во групната фаза на собирот во Русија. Весникот „Билд“ објави дека одлуката е донесена денеска по заедничкиот состанок на Лев со…

Read More

Во пресрет на денешниот дуел меѓу Англија и Колумбија, медиумите ги објавија имињата на петте фудбалери на „Гордиот Албион“ кои ќе бидат задолжени да учествуваат во евентуалниот пенал рулет доколку средбата дојде до таа фаза. Селекторот, Герет Саутгејт и претходно изјави дека неговите пулени напорно тренираат изведување на пенали бидејќи не сакаат да им се повтори сликата од претходните големи натпреварувања кога во повеќе наврати беа елиминирани токму по пенал-рулетот. „Дејли Мејл“ денеска ги објави имињата на петте фудбалери што изразиле подготвеност да шутират од 11-метри доколку мечот со Колумбија заврши без победник во регуларниот дел и во продолженијата. Тоа…

Read More
NBA

Еден од најдобрите центри во кошаркарската НБА лига, ДеМаркус Казинс, во наредната сезона ќе го носи дресот на екипата на Голден Стејт. Тој откако потпишал  договор за една година кој е вреден 5,3 милиони долари,  ќе им се придружи на големите ѕвезди: Кари, Дурант, Томпсон и Грин. ДеМаркус Казинс е во процес на рехабилитација откако заработи повреда на ахиловата тетива. Според прогнозите на лекарите, тој ќе биде комплетно подготвен до стартот на новиот шампионат.

Read More

Марија Лиман е руска водителка и топ модел која преку ноќ стана екстремно популарна откако секоја победа на домаќинот на Мундијалот ја прославува со постирање на провокативни секси фотографии на социјалните мрежи. Лиман по убедливата победа на Русија против Саудиска Арабија со 5-0 на отворањето на Мундијалот се соблече гола а истото го стори и откако „зборнаја“ направи сензација и ја елиминираше Шпанија. Лиман најавува „спектакл“ доколку Русите успеат да ја елиминираат Хрватска и да влезат меѓу најдобрите четири селекции на Мундијалот.

Read More

Францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба, имаше само пофални зборови за неговиот колега Килијан Мбапе кој се наметнува да ја добие наградата за најдобар млад играч на тековниот Мундијал во Русија. Членот на ПСЖ кој покажува блескави партии во континуитет,  доби пофалба и од Пеле. Токму Мбапе со погодоците на средбата со Аргентина успеа да се изедначи со легендарниот бразилски напаѓач. Двајцата како тинејџери имаат постигнато по два гола на еден меч од нокаут-фазата на Мундијалите. „Тој е неспоредливо поталентиран играч од мене. Го гледате ли што прави со само 19 години? Не, ја никогаш не бев толку добар. Толку е…

Read More

Селекторот на фудбалерите на Мексико, Карлос Осирио, не останат имун на сите збиднувања на теренот на вчерашниот меч со Бразил кој заврши со победа на „кариоките“ од 2-0. Тој посебно е изнервиран од однесувањето на Нејмар кој во повеќе наврати се обиде театрално да одглуми прекршоци и на тој начин само ги иритираше противничките фудбалери. „Тоа е голем срам за луѓето што гледаат, сите деца ги гледаат фудбалските мечеви. Не треба да има глума на теренот. Потрошивме многу време од мечот поради еден фудбалер“  истакна селекторот на Мексико откако неговата репрезентација го заврши настапот на Мундијалот.

Read More

Фудбалерите на Јапонија ќе мора да се вратат во татковината откако во крајно интересна завршница загубија од Белгија со 3-2 во 1/8 финалето на СП во Русија. „Самураите“ имаа предност од 2-0, но дозволија противникот да дојде до нерешен резултат а потоа и до победа со гол постигнат во последните секунди од мечот. Стрелецот на вториот гол за Јапонците, Такаши Инуи, со  солзи во очите покажа колку е големо разочарувањето во неговата селекција . „Не требаше вака да заврши нашиот мундијалски сон. Имавме водство од 2-0 а потоа му дозволивме на противникот да победи. Тешко е, навистина е многу тешко…

Read More

Италијанскиот фудбалски состав, Јувентус , нема намера да се откаже од услугите на Миралем Пјаниќ и затоа ќе му понуди нов договор до 2022 година со далеку повисока плата која ќе изнесува шест милиони евра по сезона . Тоа ќе го направи фудбалерот на „старата дама“ да биде еден од најплатените играчи за врска во Серија „А“. Екипата од Торино исто така планира да ја продолжи соработката и со германскиот репрезентативец, Сами Кедира и тоа до 2021 година. Искусниот играч исто така ќе добие значително подобар договор гледано од финансиски аспект.

Read More

Грчкиот интернационалец, Сократис Папастатопулос,  официјално беше  претставен како нов фудбалер на Арсенал. 30-годишен дефанзивец кој пристигна од Борусија Дортмунд, успешно ги помина медицинските прегледи а „Топчиите“ потврдија на нивната официјална веб-страница дека Сократис ќе го носи бројот пет . Интересно е што Сеад Колашинац кој  во изминатото лето се активираше во тимот од Лондон повторно ќе остане без посакуваната „петка“ на дресот и ќе мора  да игра со бројот – 31.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Реал Мадрид експресно ја демантираа вчерашната информација во медиумите дека испратиле понуда од 310 милиони евра за купување на играчот на ПСЖ, Нејмар. „Нашиот клуб комплетно се оградува од информациите кои „ТВЕ“ ги објави околу наводната понуда до ПСЖ за Нејмар. Тврдиме дека тие информации се лажни. Реал Мадрид не испратил никаква понуда“ – се наведува на официјалната интернет страница на Реал Мадрид. „Навистина сме изненадени и прашуваме дали е можно национална шпанска телевизија да објавува таква лага?“.

Read More