Author: dino

Руски  тренер по бијатлон беше елиминиран од националниот тим откако било откриено дека и понудил на 17-годишна натпреварувачка да биде интимна со него а за возврат да и обезбеди место во селекцијата. Министерот за спорт на локалниот регион, Роман Терушков, рече дека тренерот, Сергеј Тутмин и  понудил на биатлонката „заштита и иднина во репрезентацијата”, ако ги прифати неговите услови. Терушков објасни дека тренерот доби забрана да работи во спортот и дека е предаден на обвинителството. Терушков додал дека натпреварувачката ќе доби “целосна поддршка” и дека ќе ја продолжи кариерата.

Read More

Весникот – „Марка” од Мадрид објави интересна вест за најавеното заминување на Андрес Иниеста од редовите на Каталонците. Се очекуваше утре (петок) капитенот на Барселона да објави официјално дека по крајот на сезоната ќе оди во Кина и тоа најверојатно во тимот на Далијан Лифан. Сега „Марка“ тврди дека фудбалерот не може да се договори за платата и дека може да пропадне трансферот на Исток. Тоа треба да биде и тема на утрешната средба со „седмата сила“. Според информациите, Иниеста наводно побарал годишна плата од 20 милиони евра, но, претседателот на кинескиот клуб сеуште не дал позитивен одговор.

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Рома, Федерико Фацио, верува дека неговиот тим и покрај поразот од Ливерпул со 5:2, сепак ќе може да ја надополни негативата на реваншот во Италија. „Дадовме два гола на гости а имавме и неколку шанси во првиот дел. Мора да продолжиме да се бориме. Ние сме играчи, ние сме спортисти, ќе се бориме до последната секунда“ вели Фацио. „Се уште не е загубена битката. Ќе се обидеме да го свртиме мечот во наша корист. Да не ја заборавиме приказната како стигнавме до тука“ – вели фудбалерот на Рома.

Read More

Европскиот клупски првак Реал Мадрид денеска ќе се соочи со Баерн (Минхен) во нивната прва полуфинална пресметка во Лигата на шампионите. Баварците се жедни за реванш откако минатата сезона испаднаа од Реал во 1/4-финалето а на реваншот на “Сантијаго Бернабе” имаше повеќе сомнителни судиски одлуки. Баерн и Реал ќе се соочат по 25-ти пат. Нема други тимови кои толку често се среќаваат меѓу себе низ историјата на европските турнири. Билансот е изедначен: по 11 победи и само две реми а гол разликата е 37:36 во корист на кралскиот клуб. Речиси сите натпревари помеѓу Баерн и Реал се во фаза на…

Read More

Даниеле Де Роси веднаш по поразот од Ливерпул (5-2) во 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, беше самокритичен за прикажаната партија на неговиот тим на преполниот – „Енфилд“. „Ливерпул е многу силен тим иако и ние имавме добри 20-25 минути. Тие константно играа на долги топки од секоја страна на теренот.Не можевме да го покриеме просторот во таква ситуација кога тројца играчи се секогаш побрзи од вас“ вели Де Роси. „Ливерпул е како Барселона. Можеме повторно да го направиме тоа, верувам дека фановите ќе бидат со нас. Сакам да им овозможиме нова ноќ како со Барселона“ – нагласи…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт во текот на ноќта го победија Сан Антонио со 99:91 во петиот меч од разигрувањето и останаа на курсот да ја одбраната титулата од претходната сезона во НБА конкуренцијата. Најдобар кошаркар во домашната екипа беше Кевин Дурант со 25 поени, шест скокови и пет асистенции. Актуелниот шампион во конференциското полу-финале ќе игра со Њу Орлеанс. Филаделфија е прв полуфиналист во источната конкуренција откако со 4-1 беше поуспешна од Мајами. Џоел Ембид и Бен Симонс ги предводеа домаќините до триумф против Мајами со 104:91. Ембид имаше 19 а Симонс застана на 14 поени. Бостон славеше против Милвоки…

Read More

Германскиот тренер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим заслужено ја победи Рома со 5:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на Шампионите. „Перфектно одигравме 80 минути. Направивме само една грешка во одбраната. Немаше пенал, но, таква е ситуацијата и сега е 5:2. Ќе беше подобро да беше 5:0 или 5:1. Можевме да постигнеме повеќе голови“ – вели Клоп. „Чемберлејн е веројатно тешко повреден. Мора да бидеме креативни за да го надополниме неговото отсуство“ – потенцираше Клоп по вчерашниот меч на „Енфилд“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Еузебио Ди Франческо, по вчерашниот пораз на теренот на Ливерпул со 5:2 во првиот меч од полу-финалето во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим има шанса да стигне до големото финале. „Започнавме добро а потоа сосема неочекувано влеговме во лош ритам. Додека се освестивме, веќе губевме со неверојатни 5:0. За среќа, успеавме да постигнеме два гола кои не вратија во игра. Ништо не е готово бидејќи ќе има реванш на нашиот стадион“ – изјави оптимистички стратегот на „волчицата“. Реванш мечот меѓу „црвените“ и Рома ќе биде одигран наредната среда на стадионот – „Олимпико“ во…

Read More

УЕФА го суспендираше фудбалски состав Панатинаикос од евро-куповите поради неподмирени финансиски долгови. Грчкиот состав има максимално турбулентен период и во континуитет се соочува со финансиска криза иако се променија неколку сопственици. Европската куќа на фудбалот потенцира дека клубот имал ултиматум до 1 март за да ги подмири долговите кон кредиторите, но, дека тоа не се случило. Панатинаикос во моментов се наоѓа дури на 10-то место во домашниот шампионат и нема шанси да се избори за излез во Европа.

Read More

Ливерпул и Рома приредија фантастична фудбалска вечер во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Црвените“ на „Енфилд“ победија со 5 спрема 2 иако во завршните 10 минути влегоа со плус пет. Во тој период Римјаните постигнаа два гола и се вратија во живот. Севкупно, Англичаните царуваа на теренот 80 минути. Експлозивни, борбени, разиграни и желни за голови.Токму таквиот пристап им донесе предност по првиот дел со погодоците на волшебникот од Египет, Мохамед Салах, кој во 36 и 45 минута направи одличен гест и не ги прослави голови бидејќи токму од Рома во изминатото лето се пресели во островскиот…

Read More