Белгиската фудбалска ѕвезда Еден Азар се сретнал со сопственикот на Челзи Роман Абрамович на кого му ја пренел желбата да го напушти клубот, велат британските медиуми. Главен фаворит за привлекување на 27-годишниот играч од средниот ред е Реал Мадрид, кој сака да го претвори Еден Азар во наследник на Кристијано Роналдо. Реал Мадрид е подготвен да плати 185 милиони фунти за белгискиот играч од средниот ред, но Челзи одбива да го продаде Азар за помалку од 220 милиони фунти.
Author: riste
Шпанскиот напаѓач во екипата на Челзи, Алваро Мората, е трансфер цел на Италијанскиот тим Милан. Ова беше објавено од познатиот новинар, Џанлука ди Марцио кој доста добро е упатен во трансферите на големите екипи од Италија. Според неговите извори, прашањето за привлекување на Мората веќе било дискутирано во Лондон од страна на генералниот директор Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели. Истите извори тврдат дека самиот Мората сака да се врати во Италија. Милан исто така ја разгледува можноста да го ангажира и Гонзало Игуаин, кој може да си замине од Јувентус откако беше привлечен Кристијано Роналдо.
Она што се очекуваше , тоа и се случи, репрезентацијата на Хрватска по одличниот настап на Светското првенство (СП) во Русија кој беше најдобар резултат на оваа селекција и освоено сребро се врати во татковината, а навивачите им приредија спектакуларен пречек. Фудбалерите, стручниот штаб предводен од селекторот Далиќ беа пречекани од над 300.000 луѓе кои излегоа на улиците на Загреб, што е најголем пречек во историјата на Хрватска за некој спортски колектив. На плоштадот „Бан Јелачиќ“ немаше место каде игла да падне, а во боите на Хрватска се славеше за успехот на фудбалерите. И самите актери на Мундијалот беа одушевени…
Откако го помина медицинските прегледи во текот на претпладневните часови, Кристијано Роналдо и официјално беше претставен како нов член на италијанскиот шампион, Јувентус. Најдобриот фудбалер за изминатата година пристигна во Торино и ги помина прегледите, за потоа да стави потпис на четиригодишниот договор со „старата дама“. Кристијано Роналдо ја предводеше својата репрезентација на СП во Русија, каде беа елиминирани во осминафиналната фаза. Од тој момент, заедно со својата девојка, мајка и децата замина на краток одмор во Грција од каде го чекаше својот трансфер во Јувентус. По девет години поминати во Реал Мадрид и Ла Лига, Кристијано Роналдо прави чекор…
Светското првенство во Русија заврши со титула за Франција, а веднаш потоа се појавија и неколку интересни факти за љубители на фудбалот. Блес Матуиди беше единствениот во Франција што ја претставуваше италијанската Серија А во шампионската репрезентација. Логично е да се запрашаме кој е тимот со најмногу светски шампиони и колку се тие. Прво место на оваа листа е за Јувентус, кој поседува 25 фудбалери кои имале чест да бидат светски шампиони. Од нив, 22-ца се Италијанци. Вториот тим по „бјанконерите“ е Баерн Минхен, кој има 24 светски шампиони. Интер е исто така при врвот на оваа скала. „Нероазурите“ може…
Од Вардар никако не престануваат со изненадувања во пресред на значајни натпревари за клубот. Денес од вицешампионот изненадувачки дојде информација дека донеле одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб, Бобан Бабунски. Младиот стручњак нема повеќе да ја води екипата, откако ги мина подготовките и беше на клупата на Вардар на првиот меч против Пјуник, кој го загубија со 1:0. Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чеде Јаневски и немаше забележителни резултати, но се очекуваше дека во новата сезона ќе го покаже својот квалитет со оваа нова екипа на Вардар. Претходно Бабунски беше дел од…
Хрватските навивачи се подготвуваат за финалето на СП во Русија и се на плоштадот во Москва каде се во главна улога пред мечот за историја за оваа земја. Еве како сето тоа изгледа на неколку часа пред почетокот на финалето на „Лужники“ во Москва.
Како предигра на финалниот натпревар на СП во Русија еден податок за тоа која репрезентација колку вреди на СП, односно каква е разликата меѓу двете селекции финалисти на ова СП во Русија. Франција според Трансфермаркет вреди нешто повеќе од 1 милијарда евра, додека Хрватските фудбалери според истиот показател вредат три пати помалку. Француските репрезентатиивци се највредните на ова СП, зад нив се селекциите на Бразил (981 милион евра), Шпанија со 974 милион евра, но овие селекции ги нема во заврѓшницата на овој Мундијал. Според податоците на Трансфермаркет , репрезентацијата на Хрватска има вредност од 364 милиони евра. Најскап играч кај…
Белгиска синџир на продавници за продажба на електрични апарати ќе им ги врати парите на клиентите кои купиле телевизори пред Светското првенство во фудбал. Во месец мај продавниците на „Крефел” започнаа акција со ветување дека ќе ги вратат парите на клиентите кои купиле 55-инчни телевизори, ако Белгија успе да постигне повеќе од 15 гола на Светското првенство. Вчера во натпреварот за третото место Еден Азар го постигна вториот гол за победата над Англија со 2:0, што беше 16-от гол за Белгијците на ова СШ. „Она што го ветивме тоа и ќе го исполниме. Нашите „ѓаволи” постигнаа повеќе од 15 гола…
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино во својот говор по повод завршувањето на СП во Русија не го криеше своето задоволство од тоа како Русија го организираше овој Мундијал: „Сакам да кажам големо благодарам на сите учесници во светското првенство. На фудбалерите кои се главните актери во овој спектакл, на тренерите кои даваа упатства, на судиите кои беа прекрасни. Благодарам на милионите обожаватели од целиот свет, кои дојдоа и гордо ги вееа знамињата на своите земји. Благодарам на Русите, на волонтерите кои работеа неуморно да биде овој шампионат толку успешен. Погледнете ги овие насмевки, тоа е лицето на Русија, Русија, на…
