Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на добар пат следната сезона да заигра во Премиер лигата. Како што објави весникот „Ел Мундо Депортиво“, за услугите на дефанзивецот е загреан Мурињо и ќе напрфави се за да го донесе ова лето на „Олд Трафорд“. Барселона е исто така заинтересирана за него, но информациите говорат дека Манчестер Ј. во моментов е фаворит за неговиот потпис. Барселона првично најави дека почнала преговори со фудбалерот, но откако од Лацио им соопштија дека цената на 23-годишниот дефанзивец е 80 милиони фунти, каталонците се повлекоа. Сега на ред се Јунајтед, а по нив веројатно и ПСЖ…
Author: riste
Тренерот на Челзи, Антонио Конте, јасно им ставил до знаење на првите луѓе на клубот дека сам нема да ја напушти тренерската функција. И покрај бројните шпекулации дека Италијанецот на крајот на сезоната ќе си замине од Лондонт, тој потенцирал дека нема намера да си оди и планира да работи на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона. Ова значи дека со можното отпуштање на Конте, лондончани ќе бидат принудени да платат мултимилионски надомест за предвремено раскинување на договорот. Конте засега нема понуди од други клубови и би сакал да продолжи да биде тренер на лондончани и следната сезона. Во Челзи, пак,…
Еден од поранешните фудбалер на Ливерпул, Крег Белами смета дека Ливерпул е фаворити во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Претходно, ваква изјава даде и Стивен Џерард, но и уште еден поранешен играч на тимот, Дени Марфи. „Го гледав Реал против Јувентус и ми остави впечаток дека овој тим е многу ранлив тактички. Стилот на Реал му одговара на Ливерпул. Многу лесно можеш да трчаш зад грбот на нивните дефанзивци“, изјавил Белами.
Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат да воодушевуваат со своите настапи во плеј-офот во НБА лигата. Синоќа момците од Солт Лејк Сите славеа на вториот меч од полуфиналето на Западот против Хјустон и тоа на гости со 116-108 и израмнија во серијата на 1-1. Јута одигра одличен меч на тимски план, а одлично ги служеше и шутот. Веќе во втората четвртина направија предност од 19 поени, по што следуваше враќањето на домашните со одличниот Харден кој постигна 17 поени во втората четвртина од средбата. Рокетс играа добро и во продолжението и се потрудија да дојдат до комплетен пресврт, но во одлучувачките…
Претседателот на Рома, Џејмс Палота, го оцени судењето на синоќешниот меч меѓу екипите на Рома и Ливерпул како криминално. Италијанците бараа два недосудени пенали од главниот судија Дамир Скомина, кои можеа сериозно да го променат текот на мечот. „Знам дека за судиите е многу тешко, но за нас е ужасно што изгубивме на овој начин. Не можеш да дозволиш ова да се случи во одлучувачки натпревар, грешките беа премногу очигледни и се покажаа како одлучувачки за резултатот“, изјавил Палота.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше презадоволен од фактот што неговиот тим избори финале во Лигата на шампионите. По поразот со 4:2 на гостувањето кај Рома, тимот од Мерсисајд сепак се најде во големото финале на 26 мај во Киев, каде за противник ќе го има шампионот од последните две сезони. „Натпреварот беше луд. Беше јасно дека тие ќе ризикуваат. Ние ги казнивме со првата контра, но потоа дозволивме гол. Можевме да се браниме многу подобро. Има многу што да подобруваме генерално во одбрана, почнувајќи од нападот“, изјавил Клоп по мечот.
Пред натпреварот кој се игра вечерва во Рим на „Олимпико“ меѓу Рома и Ливерпул , еве неколку интересни факти за актерите на ова второ ½ финале кое треба да ни го даде вториот патник за Киев. * Рома веќе има победа на „Олимпико“ против англискиот тим оваа сезона – беа подобри од Челзи со 3:0 во групната фаза * Римјаните имаат добиено четири од последните пет домашни натпревари против тимови од Премиер лигата. * „Волчицата” во оваа сезона веќе елиминираа еден тим, откако имаа негатива од три гола по првиот натпревар. Во ¼ финалето дојдоа до победа од 3:0 над…
Вардар ќе игра против Монпелје во полуфиналето на Ф4 во „Ланксес Арена“ во Келн каде се игра завршниот турнир во Лигата на шампионите. Можеби Вардар ги избегна ПСЖ и Нант, но „црвено-црните“ не треба во ниеден случај да се опуштат. Капитенот Стојанче Стоилов по ждребката исто така изјави дека сите тимови рамноправно влегуваат во нитката за титулата. „Некако пред ждребката имав чуство дека ќе ни се падне да играме против француски тим, се пошегува Стоилов. „Минатата година бевме аутсајдери, но годинава доаѓаме како европски шампиони и поинакво е чувството. Мораме да играме како шампиони, сите четири екипи се добри и не посакувавме некој тим…
Челзи внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал, пишува британскиот весник „Експрес“. Според оваа информација, во третата сезона на играчот во екипата на Манчетсер Јунајтед, тој не се преставува импресивно. Поранешниот играч на Монако има одиграно само 17 натпревари за својата екипа во Премиер Лигата и се повеќе се наоѓа на клупата. Младиот талент треба да одлучи дали ќе се обиде да го напушти „Олд Трафорд“ по крајот на сезона. Покрај Челзи, Јувентус и Тотенхем се заинтересирани за услугите на Марсиал. Досега, се знае дека шампионот од Серија А е подготвен да плати 45 милиони фунти…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги информирал крајните дефанзивци Матео Дармиан и Дејли Блинд дека нема да смета на нив во новата сезона и се слободни да си бараат нов клуб, соопштува весникот „Тајмс”. Блинд и Дармиан имаат договори до летото 2019 година, па затоа со нивната продажба „црвените ѓаволи” ќе се обидат да добијат свеж капитал во клубот. И двајцата играчи пристигнаа на „Олд Трафорд” во времето на претходниот менаџер Луис ван Гал, но по оптимистички почеток постепено ги загубија стартните места и станаа длабоки резерви на клупата на Манчестер Јунајтед.
