Author: riste

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди настап на СП во ракомет кое ќе се одржи во Германија и Данска на почетокот на јануари 2019 година. Нашата ракометна селекција беше поразена на гостувањето во Клуж од репрезентацијата на Романија со 26:25, но поради убедливата победа во Скопје од 32:24, се пласираше на завршницата на СП. По почетното водство од 1:0 на Романија, нашите ракометари дојдоа до резултатска предност која на момент изнесуваше два до три гола разлика, но домашните ракометари успеаа да го израмнат резултатот и во 24 минута  од првиот дел да дојдат до предност од 8:7. Потоа следуваше подобра игра…

Read More

Поранешниот капитен и помошник-тренер на Реал (Мадрид) Фернандо Jеро официјално беше назначен за селектор на репрезентацијата на Шпанија за СП 2018. 50-годишниот ексдефанзивец до овој момент беше спортски директор на Шпанската фудбалска федерација, но ќе го замениизненадувачки отпуштениот Жулиен Лопетеги. Актуелниот селектор Лопатеги беше отпуштен поради неговото назначување за тренер на Реал Мадрид. Јеро има само една сезона искуство како прв тренер. Во сезоната 2016/17 ја предводеше екипата на Овиедо во втората лига на Шпанија, но минатото лето заврши на средината на табелата. Како фудбалер има 89 натпревари и 29 гола за репрезентацијата на Шпанија. Како играч го носеше дресот…

Read More

Шпанскиот селектор Жулиен Лопетеги ќе седне на тренерското столче на Реал Мадрид веднаш по светското првенство, објавија од клубот само два дена пред првиот натпревар на Шпанија против Португалија на Мундијалот. Лопетеги потпиша тригодишен договор со европскиот шампион, кој неодамна останал без тренер по изненадувачкото заминување на Зинедин Зидан. По сите шпекулации за наследникот на Зидан, Перез се одлучи да му даде доверба на актуелниот селектор на „фуријата“.

Read More

Организацијата на Светското првенство, кое започнува во четврток ја чинела Русија над 15 милијарди долари. Од нив околу 11 милијарди отишле само за стадионите и инфраструктурата околу нив, соопштуваат медиумите во земјата. Во исто време, сепак, државата домаќин ќе има многу малку приходи, а поголемиот дел од приходите ќе одат кај ФИФА. Единствените приходи за Русија ќе бидат од туризам. Големите пари остануваат за ФИФА. Светската фудбалска централа ќе заврши со нето профит од 6 милијарди долари по крајот на четиригодишниот мундијалски циклус кој завршува со финалето во Москва на 15 јули. Предходниот шампионат во Бразил чинеше исто така 15…

Read More

Португалското крило од екипата на Спортинг Лисабон Желсон Мартинс е на првото место на листата за летна селекција на Тотенхем, соопштува весникот „А Бола”. Крилото е на пат за раскинување на својот договор со португалскиот тим, откако веќе испратил предупредувачко писмо до Фудбалската федерација на Португалија, се вели во информацијата која доаѓа од Португалија. Тотенхем сака да привлече квалитетен крилен играч во последните неколку трансфер периоди, но нивните напори да го привлечат Вилфред Заха пропаднаа. Во јануари во тимот пристигна Лукас Моура од ПСЖ. Мартинс кој е дел од селекцијата на Португалија ќе игра на Светското првенство во Русија, во…

Read More

Даниел Карвахал се приклучи на останатиот дел од репрезентацијата на Шпанија и е веќе во тренажен процес. Десниот бек на Шпанија успешно се врати по повредата на неговиот бутен мускул која ја заработи за време на финалето од Лигата на шампионите. Сепак, селекторот Лоптеги најверојатно нема да користи Карвахал во првиот натпревар против Португалија во петок, чувајќи го за следните натпревари на СП. Затоа селекторот на Шпанија нема да мора да го замени фудбалерот на Реал Мадрид со некој од Хесус Ваљехо и Родриго Ернандез, кои ги повика во Русија во случај Карвалал да не ја санираше повредата на време.

Read More

Бразилскиот играч од средниот ред Филипе Кутињо беше изненаден со посебен подарок за неговиот роденден кој го слави денес. Играчот од средниот ред на Барселона беше нападнат од неговите соиграчи со јајца и брашно за време на нивниот тренинг во базата во Сочи. Нејмар и Габриел Жесус беа главните иницијатори за изненадувањето, го нападнаа Филип Кутињо и го преплавија со јајца и брашно. Во кампот на репрезентацијата на Бразил постои ваква традиција да го напаѓаат славеникот на роденден додека се на подготовки. Кутињо денес полни 26 години, а како убав подарок очекува победа на првата средба која ја играат во…

Read More

Италијанскиот тим Наполи и официјално го промовираше десното крило Симоне Верди за свој нов играч. Верди потпиша петгодишен договор со италијанскиот вицешампион Наполи. 25-годишниот напаѓачки играч од средниот ред постигна 10 гола и 10 асистенции минатата сезона во Серија „А“ со тимот на Болоња и го привлече вниманието на водечките тимови од Италија. Верди потекнува од младинската школа на Милан, а потоа има играно за Торино, Јуве Стабија, Емполи, Еибар, Карпи и Болоња.

Read More

Манчестер Сити и Рахим Стирлинг не успеаја да се договорат за потпишување на нов долгорочен договор. Според „Скај Спорт“, причината за ова се финансиските барања на 23-годишниот играч. Претставниците на англискиот репрезентативец разговарале со преставниците на клубот двапати по крајот на сезоната, но не постигнале договор. Желбата на клубот беше новиот договор, кој требаше да го задржи Стирлинг на „Етихад” до 2022 година, да биде потпишан пред почетокот на Светското првенство. Но, ова очигледно не може да се случи, бидејќи денес играчот ќе патува за Русија. Во моментов не се предвидени нови разговори меѓу двете страни. Се очекува Стирлинг, кој…

Read More

Италијанскиот вицешампион Наполи направи официјална понуда за играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес. Предлогот вреден 25 милиони евра не ги задоволува првите луѓе на клубот од Санкт Петерсбург кои го ценат аргентинскиот интернационалец најмалку 35 милиони евра. Наполи го сака Паредес како замена на Марек Хамшик, кој е пред трансферот во Кина. Интересно е дека словачкиот играч од средниот ред, исто така беше баран од Зенит, но тој не е подготвен да игра во Русија. Паредес имаше добри настапи во екипата на Рома, каде одигра 37 натпревари и постигна 4 гола, по што се пресели во екипата на…

Read More