Author: riste

Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши настапот од групата А во рамките на сребрената Европска лига на ЦЕВ. Вечерва нашите одбојкари очекувано со убедливи 3:0 (25:17, 25:10, 25:21) го совладаа Косово и тоа по втор пат во овие натпревари. Нашите одбојкари лесно дојдоа до оваа победа, како штѕо се очекуваше, но бидејќи на останатите натпревари беа поразени ќе мора токму од тие средби да извлечат поука за настапот на Ф4 во Скопје. И на овој натпревар наши најдобри поентери беа Никола Ѓорѓиев со 18 поени, додека Милев и Љафтов зад своето име имаа по 12 поени. Досега Македонија има одиграно 44…

Read More

Една од легендите на Реал (Мадрид) Фернандо Јеро е новото изненадувачко име во шпанските медиуми како опција за тренерската позиција во Реал Мадрид, место кое беше испразнето неочекувано од Французинот Зинедин Зидан кој поднесе оставка само неколку дена по освојувањето на Лигата на Шампионите трета година по ред. Јеро е на листата на „кралскиот” клуб, откако некои од опциите веќе отпаднаа или барем изјавија дека немаат намера да ги прекинуваат сегашните обврски. Тоа се Јирген Клоп (Ливерпул), Масимилиано Алегри (Јувентус), Маурисио Почетино (Тотенхем), Јоаким Лев (селектор на Германија) и Јулијан Нагелсман (Хофенхајм). Јеро беше асистент на Карло Анчелоти во Реал…

Read More

Германскиот гигант Баерн Минхен можеби ќе го продаде најдобриот стрелец во тимот Роберт Левандоски. Самиот фудбалер изјавил дека има желба да замине од клубот, но за најмалку 200 милиони евра, објавија германските медиуми. Раководството на Баварците разговарале со израелскиот агент Пини Захави кој го застапува Левандовски и го информирале за нивната одлука. Роберт Левандовски веќе долго време е поврзуван со Реал Мадрид, а ПСЖ и Челзи исто така се заинтересирани за ангажманот на овој фудбалер.

Read More

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес беше екслкузивен гост во програмата на Спортското радио 90,3 каде зборуваше за она што ја очекува нашата селекција, бараж натпреварите со Романија. Раул Гонзалес низ разговорот во нашата програма потенцитраше дека е задоволен од неговиот предстој во Скопје и Македонија и никогаш нема да го заборави она што му се случило во текот на годините поминати во Вардар како тренер. Селекторот Раул Гонзалес останува да работи со ракометарите на Македонија, а очекува дека ќе изборат уште еден пласман на големо натпреварување како што е СП во Германија и Данска.

Read More

Дефанзивниот  играч на Вест Бромвич Албион Џони Еванс ќе се пресели во екипата на Лестер Сити, пренесува „Skyports“. Поранешниот централен дефанзивец на Манчестер Јунајтед се согласил да премине во редовите на „лисиците”, а потоа била активирана и ослободувачката клаузула на фудбалерот во вредност од 3 милиони фунти. Оваа клаузула во договорот на играчот стана активна по испаѓањето на ВБА од Премиер лигата. Џони Еванс премина во Вест Бромвич од Манчестер Јунајтед во текот на летото на 2015-та година, кога Луис ван Гал одлучи дека нема потреба од услугите на дефанзивецот. Тој има 70 натпревари и два погодока за неговиот национален…

Read More

Арсенал го објави своето прво ново засилување откако Унаи Емери го замени на менаџерската позиција Арсен Венгер. Тоа е 34-годишниот десен бек Стефан Лихтштајнер кој пристигнува на „Емирати” со слободен трансфер од Јувентус. Швајцарецот, кој ја освои титулата во Италија во последните неколу сезони со тимот од Торино, ќе игра во дресот со број 12 во Арсенал. Последниот кој го носеше овој број во Арсенал беше Оливие Жиру. „Стефан ќе донесе огромно искуство и лидерство во нашиот тим. Тој е играч со одлични квалитети и многу позитивен став. Стефан ќе не направи подобри како на теренот, така и надвор од…

Read More

Кристијано Роналдо им даде навистина многу големи барања на раководните луѓе на Реал Мадрид, што го прави неговото напуштање на кралскиот клуб многу веројатно. Португалскиот голгетер побарал да добива годишна плата во износ од 75 милиони евра, за да се согласи да продолжи да игра за Кралскиот клуб, соопштија медиумите од Шпанија. По финалето во Лигата на Шампионите против Ливерпул, Кристијано Роналдо посочи дека ова лето ќе го напушти Мадрид. При последните разговори со раководството на клубот играчот побарал преголема сума од 75 милиони евра годишно како плата. Роналдо во моментов заработува 21 милион евра годишно.

Read More

Марио Балотели е многу поверојатно да остане во Лига 1, отколку да се врати во Серија „А” во текот на летото. Францускиот тим Олимпик Марсеј е најблиску до потписот на италијанскиот репрезентативец. На „Супер Марио“ договорот му истекува на крајот на месецот и може да преговара со секој клуб. Напаѓачот имаше желба да се врати во својата татковина откако последните две сезони играше во дресот на Ница, но изгледа тоа нема да се случи. Само два италијански клуба покажаа вистински интерес за Балотели досега. Ова се Аталанта и Џенова. Сепак, тие немаат финансиски средства да му ја дадат платата на…

Read More

Емре Чан ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот шампион Јувентус, објавија медиумите од Италија. За преминувањето на полудефанзивецот на Ливерпул кај „Старата Дама“ се знае веќе подолго време, исто така се тврдеше дека договорот практично е формалност. Во текот на оваа недела, Чан, исто така, ќе помине медицински тестови, а бидејќи во Јувентус доаѓа како слободен играч ќе добие и прилично добра плата. Можно е наскоро зделката да биде потврдена и официјално од Јувентус, кој се надева дека за почетокот на новата сезона Германецот ќе ги надмине проблемите во грбот, поради кои беше изоставен од составот на Германија за светското.…

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман донесе одлука за својата иднина,а таа ќе ги разочара навивачите на Барселона, вели шпанското издание „АБЦ“. Според информациите, францускиот репрезентативец одлучил да остане во Атлетико Мадрид и го споделил ова со своите роднини. За оваа негова одлука влејаело и освојувањето на титулата во Лигата на Европа. Минатата сезона Гризман одигра 32 натпревари за Атлетико и постигна 19 гола и 9 асистенции.

Read More