Author: riste

Познато е името на новиот тренер на Севиља. Андалузијците одлучија на клупата на оваа екипа да седне Пабло Мачин. Тој ќе биде официјално претставен откако ќе го раскине договорот со неговиот сегашен клуб Џирона. Мачин направи договор за неговите лични услови со Севиља, потпишувајќи за период од две години. Џирона ќе добие обештетување од 1 милион евра, бидејќи тренерот има договор за уште една година со каталонскиот клуб. Мачин ги импресионираше сите во Шпанија со првиот настап на Џирона во Ла Лига, а оваа сезона ја завршија на за нив одличното 10-то место на табелата .

Read More

Раководството на Рома го обнови интересот за напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди. Тренерот Еузебио ди Франческо добро го познава квалитетот на овој играч од престојот во Сасуоло и има желба повторно да работи со него. Досега од Сасуоло инсистираа да добијат минимум 40 милиони евра за правата на Берарди, но од „Волчицата“ не беа подготвени да платат ваква сума. Сега сепак двата клуба ги обновиле преговорите, а од Сасуоло имаат тенденција сериозно да ги намалат своите барања и да побараат многу пореална цена за играчот. Значи, можноста да се склучи договор станува сè поголема. Од Рома се подготвени да им…

Read More

Интер не се откажува лесно од својата прва ѕвезда Мауро Икарди. Претседателот на Интер Ерик Тохир го процени голгетерот на тимот Мауро Икарди на 400 милиони евра. „Нероазурите” ќе му понудат нов договор на аргентинскиот напаѓач, кој не се најде во составот на „гаучосите” за СП 2018 во Русија, и се надеваат дека ќе дојдат до износот кој ќе биде во откупната клаузула во договорот од 110 милиони евра на 150 милиони евра. „Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра и кој сака да ја активира, ќе треба да зборува со Интер. Во Италија, тоа чини многу повеќе. Тој…

Read More

Напаѓачот на Челзи и репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру го постигна својот 31-ви гол за селекцијата на Франција во победата од 2:0 над Република Ирска во контролниот меч одигран синоќа. Така, 31-годишниот Жиру се изедначи со Зинедин Зидан според бројот на постигнати голови за својата репрезентација. Зад Жиру останаа легендарните голетери на француската репрезентација, како што се Жуст Фонтен и Жан-Пјер Папен, кои постигнале 30 гола. Лидер на ранг-листата и понатаму е Тиери Анри со 51, а зад него се Мишел Платини (41) и Давид Трезеге (34) постигнати гола.

Read More

Големите градски ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се очекува да влезат во трансфер битка во текот на летото. Двата клуба се подготвени да конкурираат за дефанзивецот на Интер Милан Шкриниар. 23-годишниот словачки интернационалец ги импресионирал двата клуба со своите добри настапи за „нероазурите“. Тој е главен столб во одбраната на тимот за време на последната сезона од Серија А и помогна да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната година. Во Манчестер Сити се надеваат дека Шкриниар може да бида адекватна замена за капитенот Винсент Компани. Манчестер Јунајтед, исто така, го следи Словакот, а Жозе Мурињо го смета…

Read More

Екипата на Монпелје е новиот Европски шапнион во ракомет откако победи во финалето на Ф4 турнирот во Келн. Монпелје влезе како аутсајдер на Ф4 во Келн, но дојде до трофејот во Лигата на шампионите. По големата победа вчера над Вардар во полуфиналето, денес го надиграа и Нант со 32:27, со што дојдоа до второто европско злато во историјата. Натпреварот беше решен во финишот од второто полувреме кога Монпелје имаше резултат 24:24, а потоа направи серија од 5:0 и за неколку минути дојде до недостижна предност која на крајот резултираше со победа од 6 голови разлика. Најдобри кај победничката екипа беа Фабрегас…

Read More

Даниел Рикиардо од тимот на Ред Бул е победник на трката за ГН на Монако со што дојде до втора победа оваа сезонае во Формула 1 шампионатот. Австралиецот се израмни по бројот на победи оваа година со Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, кои беа во негово друштво на подимуот во Монако.Рикиардо ја најави оваа победа со поол позицијата која ја имаше во вчерашните лвалификации и покажа дека неговиот Ред Бул болид добро се снаоѓа низ улиците на Монте Карло. Тој тргна прв од стартот и на крај ја задржа предноста пред Германецот од Ферари најмногу благодарение на тактиката со едно…

Read More

Хрватскиот дефанзивец Иван Стриниќ потврди дека ќе игра за Милан следната сезона. Дефанзивецот го носеше дресот на Сампдорија за време на минатата сезона, но не го продолжи договорот со тимот од Џенова и на тој начин ќе може да помине во Милан со слободен трансфер. Хрватскиот репрезентативец најави дека потпишал тригодишен договор со гигантот од Милано. „Сезоната е завршена и можам да потврдам дека повеќе не сум играч во Сампдорија. Јас потпишав тригодишен договор со Милан. Мислам дека трансферот ќе биде објавен од клубот по Светското првенство”, рече Стриниќ. „Кога имате договор што истекува за два месеци, вашиот тим може…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар на крајот од Ф4 турнирот во Келн ќе биде на 4-то место. Вардар загуби во малото финале против големиот конкурент ПСЖ со 28:29 , дуел кој посакувавме да биде финале, а не натпревар за трето место. Сепак Вардар не успеа да ја одбрани титулата и на крајот на оваа сезона ќе заврши на 4.место. „Црвено-црните“ добро го започнаа натпреварот имаа предност од 7:3, но ПСЖ се врати во финишот од првиот дел и Вардар замина со минимална предност од 15:14. Во вториот дел повторно Варадр беше во предност , а ПСЖ успешно се врати и дојде до…

Read More

Во дуелот ан две француски екипи, Нант и ПСЖ поуспешна беше екипата која не беше фаворит и направи изненадување. Сепак самиот тек на средбата го покажа спротивното, Нант беше тимот кој доминираше во текот на целиот натпревар и имаше предност. Екипата на Нант дојде до прва посериозна предност во првиот дел кога имаше 5 гола разлика (13:8, 15:10 и 16:11), но на полувреме се замина со 17:14 за Нант. Во вториот дел Нант ја одржуваше предноста , а највисоката предност од +6 ја имаше во 34.минута кога водеше со 20:14. Најсериозно ПСЖ се закани на 2.5 минути пред крајот кога…

Read More