Author: riste

Навивачите на Монако кои патувале во Париз за да бодрат нивниот омилен клуб кој загуби со 7:1 од новиот шампион Париз Сен Жермен, ќе ги вратат своите билети назад и ќе им бидат вратени парите, изјавија од Монако. Натпреварот беше вистинска катастрофа за играчите на Монако, кој дозволи да прими 4 гола за 27 минути, а победата исто така му гарантираше титула од Париз Сен Жермен. Единствената позитивна вест за Монако е дека клубот останува втор на 4 поени пред Олимпик Лион и Олимпик Марсеј на само пет кола пред крајот на шампионатот.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар по петти пат се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта, откако славеа по втор пат против данскиот шампион Митјиланд. Нашиот тим и европскиот вицепрвак имаше предност од еден гол и од гостувањето во Данска, но сепак на оваа средба влезе максимално мотиввирано и посакуваше со победа да се прости од домашните навивачи. Во натпревар со многу емоции, кој впрочем значеше последен настап пред домашната публика на овој состав на Вардар, ракометарките дадоа се од себе за да ги израдуваат своите навивачи и да забележат убедлива победа која на крајот беше изразена со 7…

Read More

Ракометарите на Вардар Лука Циндриќ и Тимур Дибиров по натпеварот со Мешков Брест, за Спортското радио 90,3 изјавија дека се задоволни од играта и победата која ја остварија во мечот со Мешков Брест. „Мислам дека овој натпревар е пример за тоа како треба да се игра, без разлика што е полуфинале , сепак залагање до последната минута и максимално сконцентрирани, затоа би им честитал на моите соиграчи на оваа денешна игра. Овој турнир ќе ни биде добредојден за да ја подигнеме формата, да пробаме некои тактички идеи на тренерот и се надевам дека ја освоиме СЕХА лигата, а со тоа…

Read More

Актуелниот шампион на СЕХА лигата , Вардар славеше во полуфиналето од завршниот турнир кој денес стартуваше во Скопје и со тоа доби шанса да ја брани титулата освоена минатата година во Брест. „Црвено-црните“ стигнаа до оваа можност по убедливата победа над белорускиот шампион Мешков Брест со 33:24. Како што се oчекуваше Вардар иште од почетокот покажа дека сака брзо да го реши победникот на оваа средба и по почетните испитувања на силите дојде до предност од 10:6, но потоа Мешков Брест успеа да го намали резултатот на 12:10, а по тајм-аутот на Вардар , „црвено-црните“ напрваија серија од 4:0 и дојдоа до предност…

Read More

Клубовите од Премиер лигата одлучија системот за видеоповторување „VAR“ да не биде воведен во англиското фудбалско првенство наредната сезона. Од раководството на Лигата најавија дека клубовите сакаат уште тестови на системот пред неговото пуштање во употреба на натпреварите во шампионатот. Според клубовите, треба да се направи екстра подобрувања во системот, особено во однос на комуникацијата на стадионот и за оние фанови кои ги гледаат натпреварите дома и во целиот свет. Лигата објави дека „VAR“ ќе биде тестиран за време на Лига Купот и натпреварите од ФА Купот. Системот за видеоповторување е воведена во доста фудбалски првенства во Европа, вклучувајќи ја…

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците против кого ќе игра во квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година. Нашата селекција ќе биде во групата 3 заедно со репрезентациите на Исланд, Турција и Грција. За шестиот пласман на Европското првенство, нашите репрезентативци, кои пред ждрепката беа рангирани во првиот шешир, ќе се борат низ шест средби во три квалификациски циклуси. Ова ќе биде прв европски шампионат што ќе се игра со 24 репрезентации, а тоа е можност за пониско рангираните национални тимови да обезбедат настап на големо натпреварување. Директен пласман имаат Шпанија, како европски шампион  и домаќините, Шведска, Норвешка и Австрија.…

Read More

Како најава на она што ќе се случува од утре до недела во Скопје беше одржана воведна прес-конференција за седмиот завршен турнир на регионалната СЕХА лига. Вардар ја брани титулата и важи за апсолутен фаворит воочи утрешното полуфинале со Мешков Брест. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез е внимателен и вели дека не се залетува и затоа што знае како е да се потцени противникот ,па затоа бара од своите играчи да бидат максимално фокусирани. „Среќен сум што овој турнир се игра во нашата сала во Скопје и пред нашите навивачи. Сите нè прогласија за фаворити, но ние се фокусираме само…

Read More

Фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо е единствениот играч на „каталонците”, кој може да добие медал од Лигата на Шампионите уште оваа сезона. Ова може да се случи, ако Ливерпул триумфира како шампион на Европа, бидејќи Бразилецот играл во пет од шесте натпревари на Ливерпул во групната фаза на Лигата на шампионите, во кои постигна 5 гола и им помогна да продолжат во следната фаза на турнирот. Според правилата на УЕФА тимот кој ќе победи во ова натпреварување има право на 40 златни медали кои се доделуваат на клубот. Така при триумф „црвените” сами треба да одлучат дали ќе му дадат…

Read More

Македонската сениорска машка ракометна репрезентација ја очекува баражот за пласман на СП во Германија и Данска, двомеч со селекцијата на Романија, а ракометарите денес добија дополнителен финансиски мотив доколку се пласираат на СП, а посебно ако тоа го направат со две победи. На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше одлучено сениорите да добијат премија од 30.000 евра за пласман на Светското првенство (СП) наредната година. Бонусот би можел да биде значително поголем доколку се остварат две победи во баражот против Романија и на тој начин се пласираат на СП. Милчо Чакаревски, директорот на репрезентацијата, зборуваше за…

Read More

Дуелот кој не очекува вечерва од ¼ финалето во Лигата на шампионите, а се игра во Минхен е пресметката меѓу Баерн (Минхен) и Севиља. На првиот дуел, Баварците постигнаа добар резултат победувајќи на „Рамон Санчез Писхуан“ со 2:1. Севиља сега се соочува со тешка задача да бара задолжителна победа и мора да постигне најмалку два гола на „Алијанц арената“ и да се надева на резултат кој ќе ја води понатаму. Играчите на Винченцо Монтела ќе мора да играат супер натпревар ако сакаат да го елиминираат Баерн. Домашната екипа официјално ја освои титулата во Бундеслигата и може целосно да го фокусира…

Read More