Author: saso

Кристијан Дисингер потпиша двегодишен договор со македонскиот првак, Вардар. 203 сантиметри високоиот бек од денеска е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот германски репрезентативец што потпишува за Вардар. Германецот игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција. Со своето искуство во Бундеслигата Дисингер сигурно ќе донесе нова свежина во играта на Вардар. Тој е седмото засилување на нашата еклипа сезонава.

Read More

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андри Шевченко, во пресрет на пријателскиот натпревар со Итанија најави дека за селекцијата на Украина нема да настапи напаѓачот Јармоленко. Голгетерот на Борусија (Д) е со репрезентацијата, но тој нема да тренира поради повреда. Шевченко се најдева дека ќе може да смета на Јармоленко за натпреварот со Чешка.

Read More

Списокот со 30 кандидати за наградатa „Златна Топка“ е веќе изготвен. Новинарите на „Франс фудбал” синоќа и официјално потврдија кој се ќе биде во конкуренција за годинешната награда. На списокот финалисти се наоѓаат минатогодишниот победник Кристијано Роналдо, потоа Серхио Агуеро, Тибо Куртоа, Алисон Бекер, Карим Бензема, Герет Бејл, Кевин де Брујн, Диего Годин, Единсон Кавани, Роберто Фирмино, Нголо Канте, Антоан Гризман, Иско, Еден Азар, Хари Кејн, Уго Љорис, Марио Манџукиќ, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Нејмар, Јан Облак, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Серхио Рамос, Мохамед Салах, Луис Суарез и Рафаел Варан.

Read More

Напаѓачот на Реал (Мадрид), Карим Бензема има истегнување на бутниот мускул што значи дека ќе биде надвор од игра во наредните две недели. Според прегледите направени вчера, излезе дека повредата на напаѓачот е повреда посериозна и тој ќе мора да направи неколку неделна пауза. Бензема се повреди за време на средбата со Алавес во саботата кога Реал загуби со примен гол во последните секунди на средбата. Бензема е само уште едно ново име на листата на повредени кај „кралевите“, каде веќе се и Марсело, Иско и Дани Карвахал.

Read More

Лекарите во Ливерпул се надеваат дека играчот од средниот ред, Џејмс Милнер, по повредата на задниот дел од бутот, добиена на натпреварот во Премиер Лигата со Манчестер Сити, ќе се врати на терените најдоцна за еден месец. Последните информации од клубот велат дека Милнер има мало кинење на задниот мускул. Тоа значи дека 32-годишниот играч за врска ќе биде принуден да ги пропушти натпреварите во Премиер Лигата против Хадерсфилд и Кардиф, како и мечот со Црвена Звезда од ЛШ.

Read More

Проблемите за Манчестер Јунајтед очиглено не се ни на повидок да завршат. Авторитетниот весник „Телеграф“ објави дека еден од најважните играчи на “црвените ѓаволи”, Давид де Хеа, нема намера да потпише нов договор со клубот. Причините за одлуката на шпанскиот репрезентативец е тоа што тимот нема капацитет да се бори за големи трофеи и тоа што Манчестер Ј. не е подготвен да му даде плата која ќе го израмни со примањата на Погба и Санчез. Во моментов платата на Де Хеа изнесува 200.000 фунти неделно. Сегашниот договор на Де Хеа со Јунајтед е до летото 2019 година.

Read More

Напаѓачот на англиски Тотенхем, Лукас Мура е повикан во репрезентацијата на Бразил по пауза од повеќе од две години. Тој треба да го заземе местото на повредениот фудбалер на Гремио, Евертон. 26-годишниот Лукас Мура ќе биде во националниот тим на Бразил за натпреварите со Саудиска Арабија и Аргентина. Бразил и гостува на Саудиска Арабија во петок во Ријад, а тимот се собира денес. Четири дена подоцна „кариоките“ ќе се сретнат со Аргентина на стадион во Џеда.

Read More

Ракометарите на Металург и натаму се без победа сезонава во Лигата на шампионите. Најновиот пораз на македонскиот вицепрвак му го нанесе дански Силкеборг на мечот одигран денеска. Данците дома славеа со убедливи 33-25 (16-14). Халил Јагањац со 10 погодоци од 11 обиди беше прв стрелец на мечот, Анте Токиќ имаше четири гола. Во следното коло, македонскиот тим го чека уште една тешка задача, му гостува на Чеховски Медведи, дуелот се игра на 13. октомври.

Read More

Ракометарите на Вардар денеска одат по четврта победа во низа во Лигата на шампионите и тоа во дуел против силниот германски ривал, екипата на Рајн Некар. Дуелот стартува во 17.30 часот и ќе биде уште една голема битка во дербито на колото според ЕХФ. Вардар оваа сезона покажа дека е подготвен да ги менува лошите традиции и секако да потсетува на силниот Вардар од сите минати сезони. По сите заминувања, Парондо повторно има одличен тим кој ги решета противничките мрежи. Македонскиот и германскиот тим петта сезона во низа се соочуваат во групната фаза, а досега одиграле осумпати, Вардар има пет…

Read More

Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да го разреши менаџерот Жозе Мурињо овој викенд, и покрај најавите дека Португалецот добил ултиматум пред дуелот со Њукасл. Англиските медиуми пренесуваат дека извори од клубот ја потврдуваат решеноста на раководството да му даде шанса на Мурињо да продолжи да го води клубот. Се чини дека нема ништо вистинито во верзијата дека Мурињо ќе биде отпуштен во недела, без разлика на резултатот од последниот дуел со Њукасл. На денешниот домешен меч тимот на Манчестер Ј. влегува со серија од 4 меча без победа, нешто што не се случило никогаш во богатата кариера на Португалецот.

Read More