Author: saso

Светската асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро) ги објави номинираните играчи за идеалниот тим на сезоната 2017/18. На листата се вклучени 55 играчи, меѓу кои 5 голмани, 20 дефанзивци, 15 играчи од средниот ред и 15 напаѓачи. Втора година по ред европскиот клупски шампион Реал Мадрид има најмногу претставници дури 11. Финалистот во Лигата на шампионите, Ливерпул е со 4 играчи меѓу номинираните. Голмани: Џанлуиџи Буфон, Тибо Куртуа, Давид Де Геа, Кејлор Навас, Марк-Андре Тер Штеген Одбрана: Жорди Алба, Дани Карвахал, Џорџо Киелини, Дани Алвеш, Диего Годин, Матс Хумелс, Џошуа Кимих, Дејан Ловрен, Марсело, Џери Мина, Бенжамин Павар, Жерард Пике, Серхио…

Read More

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги потврди информациите дека шпанската агенција за антидопинг го испитува играчот од средниот ред на Валенсија и руски репрезентативец Денис Черишев. „Овој случај во моментов се води од страна на шпанската Антидопинг агенција, која ќе ја информира ВАДА за резултатите”, изјави прес-службата на ВАДА. Минатата недела, британски Телеграф објави дека анти-допинг агенцијата на Шпанија спроведува истрага против Денис Черишев во врска со јавна изјава на неговиот татко, Дмитриј, дека фудбалерот некое време добивал хормон за растење за да се забрза процесот на заздравување. Претходно, Дмитриј Черишев ги негираше неговите зборови.

Read More

Марио Балотели отпадна од составот на Италија во последен момент пред пријателскиот меч со Португалија вечерва. Напаѓачот беше остро критикуван за настапот во контролниот против Полска пред три дена, а за дуелот со Португалците дури и не се најде во групата, а како можна причина се споменува мала мускулна повреда која ја заработи на натпреварот со Полска. Балотели доби шанса за докажување од новиот селектор на “азурите” Роберто Манчини за првпат од Мундијалот 2014 година.

Read More

Играчот од средниот ред на англиската репрезентација Деле Али, нема да биде дел од репрезентацијата за претстојниот контролен натпревар со Швајцарија. Играчот има мал мускулен проблем и ќе се одмори неколку дена, но неговата повреда не е сериозна. Поради оваа причина, играчот од средниот ред веќе ја напуштил репрезентацијата, но Гарет Саутгејт нема да го повика замена за него. Англија ја очекува Швајцарија на тест дуел утре во Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот.

Read More

Уште еден македонски борач се закити со злато на балканското првенство за ученици и кадети во Сараево. Откако вчера Бесир Алили го освои златниот медал во категоријата (-48 кг), денеска и борачот на БК Балканец Штип, Стефан Штерјов го освои првото место и се закити со златниот медал во категоријата (-44 кг). Штерјов почна сопобеда во четвртфиналето против Стефан Стојанов од Македонија. Потоа, во полуфиналето триумфираше против борач од Бугарија, а во финалето со резултат 5:4 го совлада борачот С. Боке од Турција.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике, ја коментираше победата над Англија (2:1) во Лигата на нациите. Тој, исто така, ја изрази својата доверба во квалитетите на голманот Давид Де Хеа. „Никогаш не сум се сомневал во Де Хеа. Како и секој друг, тој понекогаш може да прави грешки, но во него имаме еден од најдобрите играчи во светот. Јас сум сигурен за него. Ако се погледне статистиката, тој е најдобриот голман во светот“, смета Енрике.

Read More

Легендата на сплитски Хајдук, Зоран Вулиќ, и официјално е поставен за нов тренер на тимот. 56-годишниот стратег кој е вистинска легенда на сплиќани, доаѓа на жешкото столче на „Пољуд”. Последен пат Вулиќ беше на „Пољуд” во 2007 година, а ова е негово петто враќање во клубот. Тој ќе биде нов тренер на нашиот интернационалец Мирко Ивановски, кој ова лето направи трансфер во сплитскиот тим.

Read More

Во пресрет на денешниот дуел со Ерменија, еден од нашите интернационалци во Шпанија, Енис Барди, зборуваше за шансата на генерацијата да стигне до едно големо натпреварување. „Лигата на Нации ни овозможува шанса да направиме успех со А-репрезентацијата на Македонија и да се обидеме да се пласираме на Европско првенство. Тоа е резултат за кој сите ние сонуваме и пласман кој досега не сме го направиле со најдобриот состав.  Реално, имаме противници кои се послаби од нашата репрезентација, но во модерниот фудбал тоа не значи многу. Мораме да бидеме паметни, концентрирани во секоја минута од секој натпревар и да не води…

Read More

Англискиот дефанзивец Лук Шо е во добра состојба по тешкиот судир кој го имаше на вчерашниот меч со Шпанија, по што предвреме мораше да ја напушти играта. Портпаролот на ФА даде официјална изјава со која потврдува дека дефанзивецот е веќе во добра состојба, но ќе остане под надзор. „Лук Шо ги мина прегледите на скенер и останува под грижа на двајца членови на медицинскиот персонал. Тој ќе остане под надзор и останува да видиме какви ќе бидат резултатите од останатите прегледи“, велат од Федерацијата.

Read More

Германскиот репрезентативец Матс Хумелс нема да биде дел од составот на „панцирите“ за денешниот дуел со селекцијата на Перу. Дефанзивецот е со полесна повреда на петата и нема да му биде на располагање на селекторот Јоаким Лев. На негово место се очекува да стартува дебитантот Нико Шулц, а исто како стартер ќе биде и Џулијан Бранд.

Read More