Author: saso

32 тима кои обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, денеска во Монако ги добија своите ривали во новата сезона од најквалитетното светско клупско натпреварување. Според многумина оваа есен ќе ја гледаме најквалитетната Лига на шампиони, која сигурно ќе ни приреди пеколни натпревари и битка за поделба на скоро 2 милијарди евра. Ждрепката, сакаше европскиот шампион, Реал Мадрид да тргне од група со Рома, СЦКА (М) и Викторија Плзен, додека европскиот вицепрвак Ливерпул да добие силна група со ПСЖ, Наполи и Црвена Звезда. Интересно ќе биде и во останатите групи. Новата сезона на Лигата на шампионите започнува во…

Read More

Во рамките на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, денеска во Монако беа врачени и индивидуалните награди за најдобрите од минатата сезона. Очекувано или не, сите индивидуални награди заминаа кај фудбалери на Реал (М), со кои тимот мината сезона и третпат едноподруго дојде до европскиот трон. ЛИГА НА ШАМПИОНИ – индивидуални награди НАЈДОБАР ГОЛМАН: Кејлор Навас (Реал) НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ: Серхио Рамос (Реал) НАЈДОБАР ИГРАЧ ЗА ВРСКА: Лука Модриќ (Реал) НАЈДОБАР НАПАЃАЧ: Кристијано Роналдо (Реал (М)

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, денеска на прес-конфереција го објави списокот на повикани фудбалери за првите натпревари од новото УЕФА натпреварување, Лига на Нации. Македонија во првите септемвриски дуели ја чекаат средби против Гибралтар и Ерменија, а Ангеловски стартува со проверени сили. Новајлии се Егзон Бејтулаи и Мите Цикарски кои ќе помогнат во одбраната, а тука е и Дарко Велковски од Ријека. Првиот натпревар Македонија го игра на 6 септември на гостински терен кај Гибралтар, додека вториот против Ерменија е на домашен терен на 9 септември.

Read More

И покрај убедливиот пораз од 3:1 на гостувањето во Трондхајм, екипата на Шкендија не се предава. Во пресрет на утрешниот реванш меч од плеј-офот во Лигата на Европа, тетовци најавуваат дека со колективна игра чудо може да се случи. „Мислам дека и покрај негативата, сите заедно сметаме дека имаме квалитет да се квалификуваме понатаму и да се пласираме во групите во ЛЕ. Во првиот меч одигравме доста отворено, примивме три гола, но дадовме еден. Покажавме дека играме офанзивен фудбал. Како и сите екипи така и Розенборг има свои слаби страни. Мислам дека треба да одиграме колективно, тука е клучот за…

Read More

Жозе Мурињо ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед и покрај поразот од 3:0 на домашен терен од екипата на Тотенхем во 3. коло од англиската Премиер лига. Менаџментот на клубот гласаше за доверба за менаџерот, иако поразот беше втор по ред и дојде по срамниот пораз од Брајтон во минатото коло. Дел од фудбалерите и легендите на клубот, исто така се залагаат „Специјалниот“ да остане на работа. Поддршка му дадоа и голем дел од навивачите на „Олд Трафорд“ кои и покрај убедливиот пораз го испратија Португалецот со аплауз. За неговата иднина во клубот се заложија и фудбалерите. „Располагаме со одличен…

Read More

КМФ Велес денеска ги започнува натпреварите на претквалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите. На премиерата во СЦ „Јане Сандански“, вечерва од 20 часот Велес ќе го има првиот дуел со екипата на Футсамбас Наас од Р. Ирска. Во пресрет на дуелот, капитенот на нашиот шампион, Зоран Левески, истакна дека македонскиот првак има состав кој има искуство од вакви натпревари и затоа очекува добар настап. „Прв пат како клуб учествуваме во претквалификациите за ЛШ, но имаме играчи со искуство кои настапувале во ова натпреварување. Од противниците мислам дека само екипата од Малта ќе ни преставува проблем, тие се подготвуваат…

Read More

Реал Мадрид го обнови интересот за англискиот репрезентативец Рахим Стирлинг, објавија англиските медиуми. Информациите велат дека Реал до затворањето на трансфер периодот најверојатно нема да испрати понуда за Стерлинг, туку ситуацијата ќе се следи внимателно и можеби во јануари „кралскиот клуб“ ќе тргне по младиот Англичанец. Европскиот шампион ќе има свои претставници на „Вембли“ на 8 септември за да го гледаат мечот од Лигата на Нации меѓу Англија и Шпанија. Инаку, 23-годишниот играч сé уште нема потпишано нов договор со граѓаните.

Read More

Дефанзивецот на Баерн (М) Хуан Бернат најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во францускиот шампион ПСЖ. Клубовите постигнале прелиминарен договор, но сè уште не се потпишани документите. Сумата за трансферот ќе биде околу 15 милиони евра. Самиот 25-годишен фудбалер беше воодушевен од можноста да се пресели во ПСЖ. парискиот клуб се отажал од можност ада го купи и Филипе Луис од Атлетико (М). Некои извори велат дека „светците“ до 31 август ќе имаат сериозна понуда и за него.

Read More

Напаѓачот на лондонски Арсенал, Александре Лаказет, размислува да го напушти клубот, објавија некои англиски весници. Дури и француските извори ја потврдија информацијата, откако францускиот фудбалер ја загуби довербата кај новиот тренер Емери. Малку е веројатно дека Арсенал ќе се согласи да го пушти 27-годишниот напаѓач ова лето, бидејќи трансфер периодот во Англија е веќе затворен, а лондончани едноставно нема да можат да купат замена за Лаказет. Французинот се пресели во Арсенал од Лион летото 2017 година за 53 милиони евра.

Read More

Голманот на ПСЖ, Кевин Трап кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Ница. Станува збор за договор за закуп за една сезона. Германскиот голман е желба лично на новиот тренер на Ница, Патрик Виеира. 28-годишниот германски голман е дел од парискиот клуб од 2015 година. Во тековната сезона, Трап е трет голман на ПСЖ по Џанлуиџи Буфон и Алфонс Ареола.

Read More