Author: saso

Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал се откажа од учество на мастерсот во Синсинати, кој стартува вечерва. 32-годишниот Шпанец има проблеми со својата физичка форма и претпочита да одмори овие две недели „Жал ми е да објавам дека нема да бидам на турнирот во Синсинати оваа година. Сега сакам да се погрижам за моето тело, нема друга причина за мојата одлука. Им благодарам на организаторите кои ја разбираат ситуацијата во која се наоѓам“, изјавил шпанскиот тенисер. Роџер Федерер ќе биде прв носител на турнирот по откажувањето на Надал. Турнирот во Охајо е генерална проба пред US Open кој почнува…

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро, од синоќа и официјално е нов фудбалер на Валенсија. Двата тима објавија дека постигнаа договор за трансферот на Французинот, оставајќи некои детали кои треба да се допрецизираат. 31-годишниот Гамеиро беше дел од Атлетико од 2016 година за кој одигра 83 натпревари и постигна 27 гола во сите натпреварувања. Французинот ќе биде втор нов напаѓач во Валенсија во последните три дена, откако пред само 24 часа клубот го донесе и белгискиот репрезентативец Батчуај од Челзи.

Read More

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп призна дека би сакал да стане дел од германската фудбалска репрезентација во иднина. Претходно, германскиот стратег рече дека нема да биде вознемирен ако Мајнц, Борусија во Дортмунд и Ливерпул се негови единствени клубови во тренерската кариера. „Ако еден ден германскиот национален тим ме побара, а бидам слободен, тогаш ќе размислам за понудата. Но, јас не размислувам за тоа токму сега. Имам обврски кон Ливерпул следните четири години и во моментов не сум на располагање за никого“, изјавил Клоп.

Read More

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се избори и за втора победа на ЕХФ-шампионатот во Грузија. По вчерашниот успех над Литванија, денеска момците на Данило Брестовац ја „реслушаа“ и селекцијата на Луксембург со 31-25. Првото полувреме сосема неочекувано мина во изрманета битка, но одговорот на нашата селекција стигна во вторите 30 минути кога комплетно го скршивме отпорот на противникот. Утре е слободен ден на првенството, а Македонија в понеделник во рамките од третото коло ќе се сретне со Фарски острови.

Read More

Севиља конечно се договори со Милан за напаѓачот Андреа Силва, кој ќе стане седмо ново засилување за Шпанците во новата сезона. Првично Португалецот ќе игра под наем кај андалузијците,  а по завршувањетоо ба тековната сезона, шпанскиот тим ќе може да го откупи неговиот договор за 35 милиони евра. Силва денеска ќе пристигне во јужниот шпански град, за да ги мине медицинските тестови и да го комплетира трансферот, по што ќе стиска палци за новиот тим на дуелот утревечер од Суперкупот на Шпанија против Барселона. Севиља потроши речиси 60 милиони евра за нови играчи со надеж дека оваа сезона е го…

Read More

Руската тенисерка Марија Шарапова нема да учествува на тенискиот турнир во Синсинати, објави прес-службата на натпреварот. Шампионката од 2011 година требаше да биде на листата на учесници, но засега не е позната причината за нејзиното откажување. Натпреварувањето во американскиот град ќе се одржи од 11 до 19 август.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус е блиску до потпишување нови договори со Миралем Пјаниќ и Алекс Сандро, тврди “Кориере дело Спорт”. Според последните информации торинци ќе се стремат да ги подобрат условите на двајцата и истовремено да ги обврзат со нови договори за подолг временски период. Со тоа ќе паднат во вода сите најави за нивно заминување од редовите на италијанскиот првак. ПСЖ, Барселона и Манчестер Јунајтед беа тимовите кои ова лето континуирано се интересираа за овие двајца фудбалери.

Read More

Интер успеа да се договори со Монако за напаѓачот Кеита Балде, тврдат италијански извори. Фудбалерот дури и беше изоставен од списокот на играчи за мечот со Нант во 1. Коло од Лига 1, што јасно укажува дека го напушта клубот од кнежеството. Двата тима веќе се договориле за сите детали околу зделката, како Интер ќе го земе играчот на позајмица до крајот на сезоната и во договорот меѓу двете страни ќе има опција за перманентен трансфер вреден 34 милиони евра. За отспатницата на кеита Балде, Монако ќе добие 5 милиони евра.

Read More

ПСЖ ќе се обиде да го купи фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле. Според информации на “Ел Мундо Депортиво”, ПСЖ е во контакт со агентот на младиот Французин и се надеваат дека ќе можат да склучат договор со каталонците  до крајот на преодниот рок. Томас Тухел верува дека Дембеле ќе му помогне на тимот и ќе може да порасне во еден од најдобрите фудбалери од средината на теренот. Осман пристигна во Барса со големи очекувања од редовите на Борусија (Дортмунд), но генерално не успеа да ги оправда вложените средства. Неговото име се поврзуваше и со Арсенал, Манчестер Јунајтед и голем број…

Read More

Со натпреварите Шкендија- Вардар и Работнички – Ренова, попладнево стартува новата сезона на домашната фудбалска сцена. На Градскиот стадион во Тетово Шкендија го пречекува Вардар во првото дерби оваа сезона. За тетовци оваа прва дерби средба ќе биде е добра контрола пред реваншот во вторник против Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Вардарци со реновиран тим ќе се обидат да дојдат до изненадување. Во вториот меч во Скопје на Националната арена, амбициозниот Работнички тргнува против екипата на Ренова. И двата тима добро се познаваат, па тешко е да се каже кој ќе има предност на мечот. Останатите…

Read More