Author: saso

Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел е многу близу до трансфер во германска Борусија (Д). Германски „Билд“ утрово објави дека германскиот тим веќе се согласил да му плати на кинески Тијанџин сума од 20 милиони евра за Белгиецот. Витсел треба да потпише четиригодишен договор со Борусија со плата од 10 милиони евра по сезона. Играчот најверојатно денеска ќе му се приклучи на германскиот тим натренинг кампот во Швајцарија.

Read More

Играчот од средниот ред на екипата на Челзи, Вилијан изјави дека нема да го напушти имот ова лето. Претходно медиумите објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го купи Бразилецот со евентуална размена со Ентони Марсијал. „Јас сум среќен во Челзи. Сакам да играм добро и да освојувам трофеи. Мене, овде ми е добро, иако само три дена сум на тренинзи. Се разбира, се уште не сум во најдобра форма, но со клубот треба да гледаме напред. Започнува новата сезона и ние посакуваме да освоиме некој трофеј. Имаме нов тренер и неговата филозофија, нов стил на игра, треба да се…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по поразот на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен синоќа, призна дека му е мило што заврши подготвителниот период. Во текот на летото, португалскиот стратег постојано се жалеше на тешкотиите со формирањето на тимот поради бројните повреди и отсуства на водечките играчи кои настапија на Светското првенство. „Конечно претсезоната е завршена. Конечно, толку тешка претсезона е зад нас. Нашите играчи уште еднаш се покажаа многу добро. Дури и да не можевме да очекуваме нешто повеќе“, вели Мурињо.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми ќе ја продолжи кариерата во хратски Динамо (З). И покрај многуте понуди кои стигнаа на негова адреса ова лето, Адеми одлучи да остане верен на клубот кој му помогна во моментите кога му беше најтешко, по допинг скандалот и суспензијата. Тој денеска потврди дека и во следните 5 сезони ќе биде член на загрепските „модри“. „Пресреќен сум што потпишав и овој договор покажува колкава е љубовта меѓу мене и Динамо Загреб. Во ниту еден момент не размислував. Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да влеземе во Лигата на шампионите и сакам…

Read More

Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Џордан Теодор е на пат да се преселе ви белградска Црвена Звезда. Како што јавуаат медиумите од соседството, Теодор би требало да стане ново засилување на „црвено-белите“ веднаш откако денеска беше преставен Гркот Перпероглу, кој веќе и официјално стави потпис на договорот со белградскиот клуб. Американецот со македонски пасош минатата сезона ја мина во дресот на Милано и прикажа солидни игри. Претходно настапуваше за Банвит во Турција, клуб со кој беше избран и за МВП на финалниот турнир од Лигата на шампионите на ФИБА.

Read More

Арсенал има подготвено понуда во висина од 25 милиони фунти за дефанзивецот на Бешикташ и на хрватската фудбалска репрезентација, Домагој Вида. Како што тврдат англиските медиуми, понудата ќе биде испраена веќе в понеделник. Искусниот дефанзивец е на радарот и на друг англиски клуб – Ливерпул, но на Ливерпул не успеаја да се договори со турскиот тим за неговата цена и малку се реални шансите за негова преселба на „Енфилд“. Вида беше еден од најдобрите играчи за време на Светското првенство во Русија во редовите на „коцкестите“ и не случајно за него во моментов има многу заинтересирани клубови.

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Марко Пјаца најверојатно ќе се пресели во Фиорентина. Италијанските медиуми јавуваат дека преговорите се пред крај. 23-годишниот репрезентативец на Хрватска исто така посакал да замине во клуб каде ќе добие поголема минутажа, па затоа понудата на „виолетовите“ изгледа одлично. Двата клуба имаат постигнато договор и наскоро Пјаца ќе се пресели во Фиренца. Првично, Фиорентина ќе го добие фудбалерот на позајмица на една година, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната за 20 милиони евра.

Read More

Британката Џорџија Дејвис постави нов европски рекорд на трката на 50 метри грбно за време на шампионатот во пливање на Стариот континент, кој се одржува во Глазгов. Дејвис беше најбрза во војата квалификациска серија со 27,21 секунди, што е ново најдобро постигнување на ова апатека во Европа.

Read More

Раководството на Парма имало средба со агентот на Марио Балотели, Мино Раиола. Информацијата беше потврдена од спортскиот директор на повратниците во Серија “А”, Даниеле Фаџано, кој побрза да напомене дека клубот треба да биде внимателен со буџетот со кој располага. Балотели е поврзуван со трансфер во Парма во последните недели, но има договор за уште една година со француска Ница, која како отштета за него бара 10 милиони евра. „Се сретнав со агентите на некои фудбалери, како и со оној на Марио Балотели. Марио е фудбалер кој не е лесно да се добие. Треба да бидеме внимателни со буџетот со…

Read More

Фиорентина денеска успеа да позајми уште еден фудбалер Како што објавија медиумите, а потврди и англискиот премиерлигаш Евертон, од денеска нов играч на италијанскиот прволигаш е и Кевин Миралас. Белгискиот интернационалец заминува во Фиренца на позајмица од една година. Во договорот Миралас може да биде откупен на крајот на сезоната, но цената на евентуалниот трансфер не е обелоденета. Миралас минатата сезона ја заврши како позајмен во грчки Олимпијакос.

Read More