Author: saso

Украинскиот пливач Андреј Говоров е нов светски рекордер на 50 метри пеперутка. На митинг во Рим, Италија, Говоров успеа да го собори актуелниот најдобар планетарен резултат за 16 стотинки. Тој исплива со време од 22,27 секунди и успеа да го подобри досегашниот најдобар резултат на Шпанецот Рафаел Муњоз, поставен во 2009 година. На итото натпреварување, Русинката Јулија Ефимова на патеката од 200 метри градно успеа да го исплива најдобриот резултат оваа сезона.

Read More

Селекторот на репрезнетацијата на Данска, Оге Хареиде, не го криеше разочарувањето од елиминацијата на пенали од Хрватска во синоќешниот осминафинален меч на Мундијалот. „Нашите тројца најдобри играчи промашија од белата точка вечерва. Но ова се случува кога ќе дојдете до изведување на пенали. Ова е таа брутална страна на фудбалот. Хрватска е најдобра од контранапад, па затоа беше важно да ја имаме контрола над натпреварот и мислам дека тоа одлично го направивме, особено во вториот дел“, изјави селекторот на Данците.

Read More

Екипата на Спортинг Лисабон го објави назначувањето на Жозе Пезеиро за нов тренер на клубот. Само неколку дена по отказот за Синиша Михајловиќ, Португалците веднаш најдоа негов наследник во 58-годишниот стратег. Вреди да се спомене дека ова не е прв ангажман на Пезеиро на кормилото на Спортинг, затоа што тој веќе беше тренер на екипата од Лисабон во периодот од 2004 до 2005 година. Тогаш под негово водство Спортинг имаше одлична сезона во европските купови.

Read More

Хрватска не одигра добар натпревар, но на пенали успеа да се протне до четврфиналето на светското пренство во Русија. Еден од фудбалерите кои имаше добри настапи за „коцкестите“ досега на Мундијалот, Иван Перишиќ ја прокоментира синоќешната победа над Данска на пенали. „Овој натпревар не беше нашиот најдобар, тоа го знаеме сите. Но, најважна е победата. Победивме и без да покажеме квалитетна игра. Имавме шанси за уште голови, но фудбалот е чуден спорт. Важна е победата и сакам да им честитам на сите од тимот за овој резултат, како и на Субашиќ за одбраните“, изјави фудбалерот на Интер.

Read More

Ракометарите на Вардар се најдоа во исклучително тешка група во новата сезона за Лигата на шампионите на ЕХФ. Поранешниот европски првак, како прв носител се најде во групата „А“ каде за ривали ќе има многу познати тимови, кои го сочинуваат европскиот ракометен крем во машка конкуренција. Металург, пак, доби познати ривали во групата „Ц“ и се надева дека оваа година ќе има многу подобри настапи. Првите натпревари ќе се играат во периодот од 12 до 16 септември . Оваа сезона е последната во која е игра по ваков систем со 28 екипи.

Read More

„Вардарки“ оваа година ги нема во Лигата на шампионките, па оваа година за нас ова ракометно натпреварување нема да биде во прв план. Сепак, на денешната ждрепка во Виена беа одредени групите за новата сезона во женската Лига на шампиони во која дел од фаворитите добија одлични групи. Квалификациските турнири со кои ќе се пополнат двете места во елитата, ќе се играат на 7 и 8 септември, додека групната фаза започнува од 5 до 7 октомври.

Read More

Судии од Мексико и од Иран ќе ја делат правдата на првите два осминафинални дуели од Светското првенство, соопштија од ФИФА. Мексиканецот Сесар Рамос ќе раководи на средбата меѓу Уругвај и Португалија во Сочи, а битката меѓу Франција и Аргентина во Казан му е доверена на Иранецот Алиреза Фагани. И двата натпревари се во саботата и со нив се отвора програмата во осминафиналето. Рамос веќе ги судеше натпреварите меѓу Бразил – Швајцарија и Колумбија – Полска, додека Фагани беше главен судија на натпреварот Германија – Мексико.

Read More

Просечната стапка на посетеност на стадионите во Русија за време на групната фаза на Мундијалот достигна скоро 98 проценти, што е резултат кој досега не е забележан ниту на едно минато светско првенство. Вкупно 48 натпревари беа одиграни во групната фаза на 12 стадиони во 11 руски градови, со вкупно 2.178.894 луѓе кои присуствуваа, а просечната посетеност изнесува 45.394 гледачи. Просечната стапка на исполнетост на стадионите изнесуваше 97,89 проценти за време на групната фаза на турнирот. Нокаут-фазата започнува во сабота. Вкупно 16 натпревари ќе се одиграат во 8 града.

Read More

Полските медиуми го повикаа раководството на федерацијата веднаш да му врачи отказ на селекторот Адам Навалка и да почнат во потрага по ново селекторско име. Полска не успеа да ја мине првата фаза на првенството, откако во трите меча оствари само една победа. Полските новинари, веќе споменуваат и нови имиња кои би можеле да го наследат Навалка. Прв на листата на споменувани е рускиот селектор Станислав Черчесов, кој со Русија успеа да се пробие до осминафиналето.

Read More

Играчот за врска на московска ЦСКА и рускиот национален тим, Александар Головин, најверојатно, нема да оди во Торино во редовите на Јувентус. Последните вести потврдени и од руска страна велат дека раководството на Јувентус ги напушти преговорите за Головин, откако не успеа да се договори за висината на отштетата со ЦСКА. Јувентус понуди 20 милиони евра за рускиот репрезентативец плус 10% од следниот трансфер, но ЦСКА не сака да слуште за сума под 30 милиони евра. Тоа, пак, сега како фаворит за потписот на головин го прваи тимот на Челзи, кој веќе е на пат да ја испрати првата понуда…

Read More