Author: saso

Зенит планира да ја тужи Фудбалската федерација на Италија, која преговара со тренерот на тимот од Санкт Петербург, Роберто Манчини. Како што објавија италијанските медиуми, Манчини скоро сигурно ќе биде новиот селектор на „Азурите“. Претходно беше објавено дека за време на неговата неодамнешна посета на својата татковина, Манчини се сретнал со претставници на италијанската фудбалска федерација и ги договорил условите од договорот. Според условите, тој во наредниот квалификациски циклус од две години ќе биде селектор на националниот тим и ќе добие 4 милиони евра годишно. Во исто време, раководството на Зенит, а особено претседателот Сергеј Фурсенко, е разочаран од Манчини…

Read More
NBA

НБА тимот Фенис Санс утрово и официјално го потврди назначувањето на Игор Кокошков за нов тренер на тимот. 46-годишниот стратег кој одамна нема работено во САД, но има американски пасош, ќе стане првиот тренер кој ќе работи во НБА лигата иако не е израснат во САД. Кокошков е по потекло од Србија, а на 24-годишна возраст стана најмладиот тренер во историјата на југословенската кошарка. Во 1999 година беше поканет на Универзитетот во Мисури, а со Словенија го направи најпријатното изненадување на европското првенство минатата година освојувајќи го златниот медал.

Read More

Џулијан Нагелсман, кој го предводи германски Хофенхајм, може да биде новиот менаџер на англиски Челзи. Кај “сините” јасно е дека Антонио Конте си заминува во текот на летото и тимот сигурно ќе има нов тренер во новата сезона. Роман Абрамович е “заљубен” во ентузијазмот на младиот Германец и сериозно ја разгледува можноста да му даде шанса да се испроба на највисоко ниво. Нагелсман има само 30 години, а неговото име неодамна беше поврзано со Баерн (Минхен). Под негово раководство Хофенхајм игра одлично и оваа сезона и е во ТОП 4 во Бундеслигата.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби одлични вести, откако стана јасно дека Садио Мане веќе е здрав и се најде во групата за утрешниот реванш полуфинален натпревар против Рома од Лигата на Шампионите. Тој го пропушти натпреварот со Стоук поради повреда и беше неизвесен за дуелот во Рим. Другите добри вести се поврзани и со вклучувањето во групата на Трент Александер-Арнолд и Џордан Хендерсон, кои исто така имаа проблеми со повреди, но сепак се подготвени да го одиграат мечот.

Read More

Арсен Венгер доби одична понуда да го преземе ПСЖ следната сезона, но понудата најверојатно ќе ја одбие бидејќи неговата голема амбиција е да застане на чело на фудбалската репрезентација на Франција по Мундијалот во Русија. Кај ПСЖ веќе официјално е јасно дека на крајот на сезоната Унаи Емери го напушта тимот и најверојатно Томас Тухел ќе биде негов наследник, во случај Венгер да не ја прифати понудата.

Read More

Аргентинскиот крило од екипата на ПСЖ, Анхел Ди Марија, најави дека може да го напушти клубот во текот на летото. Тој најави дека е доста разочаран од улогата на резерва во тимот и тоа го тера да размисли за заминување од Париз. „Бев многу разочаран, бидејќи често останував меѓу резервите. Сепак мојата желба е да играм редовно, бидејќи всушност се наоѓам во прилично добра форма. Чувствувам дека треба да играм редовно, но не добив шанса. Дали ќе останам во ПСЖ? Не знам. Генерално ми се допаѓа тука, но сакам да играм“, вели Ди Марија.

Read More

Раководството на Арсенал направи нова и подобрена понуда за нов договор за играчот од средниот ред, Џек Вилшер. Англичанецот има договор до крајот на сезоната и по враќањето во добра форма, тимот сака да го задржи, но проблемот е што многу други клубови го сакаат во своите редови. Само пред неколку недели, клубот му понудил долгорочен договор на играчот, но со намалена плата, по што истиот беше одбиен. Сега на маса е нов договор за кој треба дополнително да се разговара.

Read More

Манчестер Јунајтед доби одлични вести откако стана јасно дека најдобриот стрелец Ромелу Лукаку ќе биде подготвен за финалето на ФА Купот против Челзи. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одигра на 19 мај, и ова ќе биде одлична шанса за двата тима да ја прослават сезоната со трофеј. Белгијанецот беше повреден за време на натпреварот со Арсенал, кој заврши со победа од 2-1 за неговиот тим.

Read More

Фудбалскиот менаџер на шкотски Глазгов Ренџерс, Греам Мерти, поднесе оставка. 43-годишниот стратег го напушти клубот на три кола пред крајот на сезоната и само два дена по поразот со 5:0 од вечниот ривал Селтик. Асистентите Џими Никол и Џонатан Јохансон ќе го подготват тимот за преостанатите натпревари од Премиер лигата против Килмарнок, Абердин и Хиберниан, а Ренџерс, ќе се обиде да ја задржи позицијата во Топ 3, за да обезбеди виза за Лигата на Европа. Раководството на клубот е во напредни преговори со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, кој се очекува да преземе тимот од летото.

Read More

Вуко Борозан e единствениот „вардарец“ кој се најде во изборот на „идеалните 7“ од реванш средбите во четврфиналето на ЛШ. Тој вчера беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“ со шест погодоци и заслужено се најде помеѓу најдобрите седум играчи. Покрај него во изборот на ЕХФ се најдоа и левото крило Доминик Клајн (Нант), средниот бек Миха Зарабец (Кил), десниот бек Недим Ремили (ПСЖ), десното крило Никлас Екберг (Кил), пикерот Јеспер Нилсен (ПСЖ) и голанот на Монтпејле, Винсент Жерард.

Read More