Author: saso

Италијанската тренерска легенда Карло Анчелоти најверојатно ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија. Веста ја пренесоа неколку угледни италијански медиуми, повикувајќи се на извор од Италијанската фудбалска федерација. Италијанската фудбалска федерација му доставила специјален предлог на Анчелоти за да го преземе раководењето со националниот тим. Анчелоти е познат по својата работа во Милан, ПСЖ и Реал Мадрид, но исто така и неговиот последен ангажман како тренер на Баерн (М). Претходно беше објавено дека главниот кандидат за функцијата селектор е сегашниот тренер на Зенит, Роберто Манчини .

Read More

Ливерпул вечерва е домаќин на Рома во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Двата тима дојдоа во оваа фаза како мало изненадување, со оглед на тоа што Рома успеа да направи сензација со елиминацијата на Барселона, а Ливерпул го стопираше најдобриот тим во Англија оваа сезона, Манчестер Сити. Дуелот на Енфилд е реприза на финалето на Купот на европските шампиони од 1984 година, кога англискиот тим ги порази Римјаните по подобро изведување пенали. 34 години подоцна, Рома ќе се обиде да се одмазди за овој пораз. На хартија, Ливерпул е фаворит во првиот натпревар, како и воопшто во…

Read More

Дефанзивецот на италијанскиот шампион Јувентус, Џорџо Киелини, има скинат мускул на десниот бут и повреда на коленото, поради кои не ќе може да се врати во скоро време на фудбалските терени. Според информациите од Италија, фудбалерот вчера бил на лекарски прегледи и не се знае кога точно ќе може да се врати во тимот. Тој сигурно го пропушта саботното гостување на големиот ривал Интер. Оваа сезона Киелини одигра 38 натпревари во сите натпреварувања во кои има 2 асистенции, но не е исклучено да остане надвор од терените до крајот на сезоната.

Read More

Четирикратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон ги прекина шпекулациите околу потпишувањето на нов договор со Мерцедес. Во интервју тој изјавил дека сака да продолжи со тимот за уште поголем успех во следните години од неговата кариера. „Мојата надеж е дека ќе продолжиме да растеме, напредуваме и секогаш да одиме се погоре. Сакам да бидам дел од ова патување, каде што Мерцедес станува најголем тим во историјата на Формула 1“, изјавил Британецот.

Read More

Раководството на Јувентус не размислува да го врати на тренерското место поранешниот тренер на тимот Антонио Конте во случај Масимилиано Алегри да си замине на крајот на сезоната. Самиот Конте, кој е пред заминување од Челзи, пројавувал интерес да се врати во Торино, но шефовите на Јуве не сакаат да работат повторно со 48-годишниот стратег. Според новинарите во Италија, на листата на евентуални наследници на Алегри е тренерот на Спартак Москва, Масимо Карера, беше дел од екипата на Конте во Јувентус.

Read More

Дефанзивецот на Атлетико (М) Хуанфран може да ги пропушти и двата полуфинални натпревари од Лигата на Европа против Арсенал поради истегнување на лигаментите. Десниот бек го напушти теренот во 65-та минута на мечот кој Атлетико викендов го одигра против екипата на Бетис, а денеска треба да се очекуваат резултатите од последните медицински прегледи. „Хуанфран ги помина тестовите кои открија дека има повреда на тетивата на левата нога. Мислам дека тој има многу мали шанси да игра во првиот натпревар, но може да се врати за вториот“, изјавил тренеро та тимот, Симеоне.

Read More

Европскиот шампион Вардар денеска го има првиот голем тест на сезоната со гостување во Германија против екипата на Кил во првиот меч од плеј-оф колото пред Ф4 турнирот во Келн. И оваа година последен предизвик пред Ф4 турнирот за „црвено-црните“ е германски тим, кој е многу опасен и денеска ќе се обиде да дојде до што е можно подобар резултат против нашиот тим. Раул Гонзалез на заминување истакна дека Вардар го очекува еден од најтешките мечеви оваа сезона. „Никогаш не сме играле против Кил и не знам како ќе може да одиграме против нив. Јас можам да го замислам натпреварот,…

Read More

Еспањол го отпушти тренерот Кике Санчез Флорес. 53-годишниот стратег кој го предводеше каталонскиот клуб од мај 2016 година мораше да си замине, по одлуката која синоќа ја донесе раководството на клубот. Одлуката на управата е донесена врз основа на лошите резултати на тимот. Еспањол е на 16. место во Примера дивизија, освојувајќи само 36 бода во 33 меча. Заедно со Флорес, заминува и спортски директор на клубот, Жорди Лардин. Привремено на чело на тимот застанува Давид Гаљего, кој го водеше Б-тимот на Еспањол. 46-годишниот стратег е поранешен фудбалер со скромна кариера.

Read More

Главниот тренер на италијанска Рома, Еузебио ди Франческо може да стане нов менаџер на лондоснки Челзи, објави весникот „Телеграф“. Според информацијата,  менаџментот на клубот е во потрага по нов тренер, кој ќе го замени италијанскиот специјалист Антонио Конте. Челзи е импресиониран од резултатите на Рома предводена од Ди Франческо, кој успеа да се пробие до полуфиналето на Лигата на шампионите. Исто така, раководството на англискиот тим ги разгледува и Џулијан Нагелсман (“Хофенхајм”) и Дејвид Вагнер (“Хадерсфилд”) како опција за менаџерското место.

Read More

Обвинителството во Милано отвори истрагата за финансиска измама против претседателот на Интер Ерик Тохир и поранешниот генерален менаџер на Милан, Адријано Галијани. Веста најпрво ја објави весникот „Кориере дела Сера“, а ја потврдија повеќе извори. Сомнежите се поврзани со трансферите на играчите во последните неколку сезони. Се претпоставува дека исплатените суми биле вештачки надуени со цел да се направи финансиски баланс. Слична истрага беше спроведена и против Милан пред 10 години. Тогаш се посомневаа во врска со финансиските документи за 2003-04 година, но раководството на „росоњерите“ беше ослободено од вина.

Read More