Author: saso

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, по победата над Барнли синоќа се извини за своето однесување на средината на второто полувреме. Имено, по одлуката на Конте да го замени, тој демонстративно ги фрли копачките. „Челзи освои 3 бода. Победата над Барнли е најдобриот начин да се подготвиме за дуелот со Саутемптон в недела. Сакам да се извинам за мојата реакција кога бев испратен на клупата. Кога нема да успеам сум многу лут на себе“, напишал Мората на Twitter.

Read More

Лошите резултати на нашите млади кошаркари кои се одразија и на квалитетот на сениорската репрезентација се причина за иницијатива која денеска ја поведе кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје А. за намалување на бројот на странци во домашното првенство. Во соопштението испратено до јавноста, тимот од населбата Аеродром вели дека започна иницијатива за намалување на бројот на странци од 6 на 4, со интенција таа бројка да биде намалена и на 3 почнувајќи од сезоната 2019/20. „Веруваме дека е крајно време да се редуцира присуството на странски кошаркари во прволигашките клубови, со цел поголема шанса да добијат македонските таленти, кои потоа би…

Read More

Македонската репрезентација во традиционално карате од 20 до 22 април 2018 година ќе настапи на обединетиот балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија. Македонската репрезентација која заминува за Романија ќе брои 9 члена и тоа:Венцислав Недев-селектор, Дејан Недев-тренер и натпреварувач, Аљоша Недев-судија и натпреварувач, Ристо Сакалиев-судија, како и останатите натпреварувачи Матеј Ангеловски, Петар Костов, Димитар Витанов, Јана Милевска и Берта Милевска.

Read More

Светскиот тениски рекет бр. 2, Каролина Возниацки, се закани дека ќе го бојкотира ВТА турнирот „Мајами Опен“ откако беше вербално напаѓана од  навивачите за време на овогодинешниот турнир. Шампионката од Австралија Опен ги критикуваше официјалните претставници на турнирот бидејќи не реагирале соодветно на навредите и заканите. За време на дуелот од второто коло против Моника Пуиг, Возниацки слушнала смртни закани за неа и за нејзиното семејство. Данската тенисерка вели дека персоналот кој работел на обезбедување не успеал да го смири инцидентот. „За време на натпреварот, луѓето на трибините му се закануваа на моето семејство, посакаа смрт на мајка ми и…

Read More

Кошаркарот на ЦСКА, Нандо де Коло, ќе ги пропушти останатите натпревари од плеј-оф серијата на Евролигата против Химки поради повреда. Како што објавија руските медиуми, повредата која Французинот ја заработи на првиот меч со Химки е посериозна и тој ќе мора да паузира од 3 до 4 недели. Де Коло се повреди на првата средба со Химки одиграна во вторникот. лекарите констатираа повреда на левиот бутен мускул и препорачаа мирување. Останува да се види како ќе се развива рехабилитацијата и дали ЦСКА ќе може да смета на својот можеби и најдобар кошаркар до крајот на Евролигата.

Read More

Извршниот директор на Јувентус , Џузепе Марота, ги смири шпекулациите за можното враќање на Пол Погба и Алваро Мората во редовите на „Старата Дама“ во текот на летото. Во изминатите недели, слични информации се појавија во медиумите во Англија и Италија. Шефот на италијанскиот првак, пак, не е премногу оптимист во нивната реализација. „Јас лично не верувам во враќањето, но знам дека постојат слични очекувања од многу страни. Станува збор за двајца големи фудбалери и прекрасни луѓе. Ако морам да бидам искрен, враќањето е просто само сон“, изјавил извршниот директор на Јуве.

Read More

Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на ПСЖ, Левин Курзава. Тимот од северен Лондон се подготвува за продажба на англискиот репрезентативец Дени Роуз, а на негово место е планирано доаѓањето на Курзава, кој не е задоволен од својот првотимски статус во Париз. Слична операција Маурисио Почетино имаше и минатото лето, кога се раздели со Кајл Вокер, кој му беше продаден на Манчестер Сити , а кај Тотенхем беше ангажиран Серж Орие токму од ПСЖ. Во текот на оваа зима, пак, од ПСЖ во Лондон пристигна бразилското крило Лукас Мура .

Read More

Тренерот на Јувентус , Масимилиано Алегри, изјави дека не е воопшто растревожен по синоќешното реми со Кротоне во Серија  А лигата. „Бјанконерите“ одиграа само 1:1 и дозволија Наполи повторно да им се приближи на врвот на табелата. „Пред околу месец и половина реков дека титулата ќе се реши во директен дуел со Наполи. Тоа е многу важен меч. Имаме предност од четири бода, остануваат уште доста средби до крајот и директен дуел со Наполи“, рече Алегри. „Не игравме добро денес, но мора да размислиме за директната борба со конкурентот, мораме да играме подобро и да победиме на нашите натпревари“, дополнил…

Read More

Фудбалската академија при ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван кој заврши деновиве. Нашата млада надеж, Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Академија, додека останатите учествуваа со младите национални тимови. Академијата на ФФМ предводена од Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир. Нашите млади фудбалери до 14 години славеа победа против репрезентациите на Белорусија +(2:0, Матео Софијановски и автогол на Белорусија), Ерменија (2:0, Иван Глигоров, Марко Софијановски), Казахстан (2:1, Марко Софијановски и автогол на Казахстан), и повторно…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие понуда за нов договор со „граѓаните“, објави весникот „Тајмс“. Според информацијата, Гвардиола е среќен во Манчестер Сити и најверојатно ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот. Тековниот договор на тренерот е заклучно до летото 2019 година, а менаџментот на клубот има намера да му предложи на Гвардиола да го продолжи за уште една сезона – до летото 2020 година. Според условите на тековниот договор, специјалистот ќе заработува 15 милиони фунти (17 милиони евра) годишно. Манчестер Сити под раководство на Гвардиола обезбеди титула во Премиер лигата на пет круга пред крајот…

Read More