Author: saso

Ракометарите на Вардар на маестрален начин ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако во цврст меч успеаја да слават над ППД Загреб со 26-24. Македонскиот и европскиот првак стана и рекордер во СЕХА Газпром лигата освојувајќи ја четвртата титула, па по оние во Загреб, Нови Сад и Брест. Кај Вардар Кристопанс и Циндриќ со по 5 гола беа најефикански во овој финален меч, додека Чупиќ, Дибиров и Борозан постигнаа по 3 гола. Кај поразените, Хорват постигна 7, додека Равниќ, Бичаниќ и Павловиќ завршија со по 3 гола. Организаторите на Ф4 турнирот се погрижија за фантастична атмосфера и незаборавно шоу и…

Read More

140-тото градско дерби меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје А. е одложено. Причина, расипаните семафори кои треба да го мерат времето за напад. Домаќинот на мечот не успеа навреме да обезбеди соодветен семафор, па делегатот Зоран Николовски немаше друг избор освен да го одложи мечот. Засега останува непознато кој ќе биде новиот тремин за одигрување на големото кошаркарско дерби во Скопје.

Read More

Ракометарите на Целје Пивоварна Лашко се освојувачи на 3. место во регионалната СЕХА лига оваа сезона. Во малото финале во СЦ „Јане Сандански“, словенечките ракометари со одлична игра во вториот дел успеаја да го добијат мечот против екипата на Мешков Брест со 28-31 (14-15). Одлична партија кај Словенците имаше голманот Урбан Лесјак кој со 13 интервенции го поведе Целје Пивоварна Лашко до значајна победа и трето место во регионалното натпреварување. Најефикасни поединци кај победниците беа Млакар со 7 и Макуч и Мачковшек со по 5 гола. Кај Мешков Б. Шумак и Хорак завршија со по 5 гола.

Read More

Кошаркарите на Блокотехна, не успеаја да го освојат малото финале на Ф4 турнирот од регионалната БИБЛ лига. Во мечот за 3. место денеска во Самоков, гевгеличани по продолженија беа поразени од домаќинот на турнирот, Рилски Спортист со 92-79. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 77-77, а во дополнителното време нашиот тим постигна само два поени со што предвреме како да се предаде. Најдобар кај Рилски Спортист беше Маринов со 25 поени, додека Тејлор заврши со 10, а кај Блокотехна, Данило Мијатовиќ беше перфектен со 31 поен, а Младеновиќ застана на 16 поени.

Read More

Денеска е ден за одмор пред утрешната завршница на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. По вчерашните полуфинални дуели, тренерите на ППД Загребв, Златан Саралевиќ и на Целје, Бранко Тамше, ја оценија играта и квалитетот на нашиот шампион Вардар. „Она што го видов е страшно“, вака го опиша настапот на Вардар во полуфиналето против мешков Брест, тренерот на словенечкиот тим. Своето воодушевување не го криеше ниту Сарачевиќ, кој утре против „вардарци“ ќе игра во финалето. „Моќна екипа. Раул е фантастичен тренер“, вели хрватскиот стратег. Финалето во СЕХА лигата е на програмата утревечер од 20.15  часот.

Read More

Претседателот на Црвена Звезда, Небијша Човиќ, денеска на вонредна прес-конференција во Подгорица најавил дека „црвено-белите“ вечерва нема да истрчаат во „Морача“ да го одиграат четвртиот финален меч со Будуќност во АБА лигата. Попладнево е закажан состанок со Изток Ремс, комесарот за делегирање на судиите, по што ќе биде познат финалниот став на клубот. „Скоро сум сигурен дека нема да излеземе на паркетот во Морача. Луѓето велат дека утрото е попаметно од вечерта. Но, имаше закани кон судиите, а потоа можеби скокна нивната тарифа?“, изјавил Човиќ пред новинарите.

Read More

Како дебитанти, кошаркарите на Блокотехна денеска ќе играат во полуфиналето на регионалната кошаркарска БИБЛ лига. На Ф4 турнирот во Самоков, Бугарија, гевгеличани против Левски ќе се обидат во своето прво учество да стигнат и во големото финале. Како домаќини на финалниот тунири, кошаркартите на Рилски Спортист би требало да го потврдат местото во финалето затоа што и денеска се големи фаворити на пресметката со Башкими. Гевгеличани го имаат тренерот Марјан Илиевски, кој во 2015 година со Сигал Приштина ја освои БИБЛ. Денешното прво полуфинале се игра од 14 часот, а во него ќе се сретнат Блокотехна и Левски, додека во…

Read More

Двата болиди на Ферари ќе стартуваат од првиот ред на трката за Големата награда на Кина, која ќе се вози утре изутрина на патеката во Шангај. По денешните официјални квалификации, прво време оствари Себастијан Фетел, додека веднаш до него во стартниот ред ќе биде и неговиот клупски колега, Кими Раиконен. На вториот ред се двата болида на Мерцедес. Трет ќе стартува Валтери Ботас, а четврти ќе тргне четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон. Фетел ќе се обиде со оваа пол-позиција да обезбеди и трета последователна победа на стартот од сезоната. Германскиот возач, кој е четирикратен светски првак, ја оствари својата 52…

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против екипата на Мидтјиланд од Данска. На првиот дуел „црвено-црните“ постигнаа победа од 24:23, и дојдоа во позиција на домашен терен само да го потврдат своето место во финалната рунда. „Вардарки“ во овој состав ќе го играат и последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, затоа посакуваат со победа да се разделат од навивачите и со петто учество на Ф4 турнирот во Будимпешта. За тимот на Ирина Дибирова оваа сезона има посебен мотив, па нападот на европската круна останува…

Read More

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, изјави дека не размислува за својата иднина, туку се концентрира на последните натпревари од сезоната во Премиер Лигата. „Моја работа е да ги добијам бодовите со овие играчи и да го искористам најдоброто од сезоната. Како ќе биде до крајот ќе видиме, тоа е тренерската работа“, изјавил Италијанецот. „Ние сакаме да го подобриме нашето место во лигата, тоа ќе биде многу тешко, а ние тоа го знаеме. Но мораме да се потрудиме и да освојуваме бодови“, додаде Конте.

Read More